Мене знаеш колку многу членови ми се напорни на форумов? Има копче игнор и решен проблем, или пак скролам мислења... Просто е...
Да не те прочитав тука немаше ни да ми текне на тебе искрено. Нема зашто да те блокирам , паметна си и тоа го поштувам и иако ми шеткаш по нерви.
@LunaGrey Постои,јас не сум ја напишала ко што треба. @Biljarkata Ќе го надополнам предлогот со казнени бодови со листа,ако им одговара нека ја земат во предвид,ако не,нека продолжи вака. Тука освен опомени по пп нема ни казна за add hominem ,кој колку што приметив многу често се случува кога се нема аргумент. Така многу расправии одат во бестрага. Ко онаа за Мила.
Кара Миа како трол прилично има доста членови кои вака жестоко ја бранат. Девојкава ми е крипи и да ви кажам дека она си е овде и е постар член. Тие и се втори дупли профили од каде што трола. Ме има на социјалните мрежи, знам, еднаш ми пиша нешто со кое се надоврза на мое стори. Ремети, трола, ама кога ќе видеш повеќето се со лажни приказни, одговараат по пп, итн. Какви пациенти има овде што си опстојуваат, Кара Миа се губи дури Али расправајте се вие, оддамна немало малку драма на форумот . И не ја чепкајте 40 - ка, аман . И мене не ме сакат многу, ама јас си седам и чат пат ќе си се потскараме, ама све за љубАв.
Форумов има менталитет на војска, кога се новодојденци (гуштери) во прашање. Обавезно низ хејзинг ќе минеш и обвинување дека си трол. Да не прајме муабет за лични навреди. Го поминав, знам.
@WildMk мене ме нарече трол членката што ја навреди Бубче. А замисли....ова ми е единствен профил. Ја мислам дека и она беше профил на некоја претходно банирана членка.
Само уште ова ќе напишам. Во текот на ноќта ви се случи сериозен инцидент со откривање лични податоци и пораки. Постот си стоеше затоа што модератори немаат овластување да го бришат. А имаше присутен онлајн во моментот. Да имаа,ќе беше избришан веднаш,и немаше пола форум да ја знае содржината. Дајте им овластување и зголемете број на луѓе кои ќе го уредуваат форумов,еден човек е малку.
Лична одговорност е на секој што си ги открива идентитетот на форумот или на други членки од форумот приватно, сигурно му е јасно дека може да му биде откриен идентитетот. Тој што сака да биде анонимен ќе си пишува само овде на форумот, без фб, слики и сл. Така да одговорноста е двострана.
Е не е одговорност на жртвата, ако јавно и' објават лични податоци. Казна има законска за тоа. Не е заебанција. Исто како со Јавна соба е.
Е како не е одговорноста обострана? Ако јас со никого од тука не сум споделила личен идентитет кој ќе го сподели? Зошто мора и по фејсбуци, инстаграми и сл да се шири пријателството? Не размислувате за што може да се случи ако се рчнете некаде, некогаш на форумов? Не е од сега ова издавање на лични податоци, која беше на времето Анаконда некоја што издаде од некого идентитет.
Да чекаат да се разбуди еден модератор или по дома да среди или ватевер а за тоа време постот стои, срамота.
Да, ама не треба да се плука по модераторите/администраторите дека е нивен пропуст, никој не е 24часа на форум така да не може да биде нивна вина што не избиришале веднаш.
Мислев дека си ти, ама не бев сигурна, затоа и не пишав, да не направам хаос. Еве 8 години сум овде, па со никого не сум разменила профил по соц. мрежи. Премногу детали сами издавате за себе (општо зборувам), мислите дека ако пишувате во една тема, нема натрапници што имаат вишок слободно време и демнат и ве читаат, па комотно можат цел профил да ви го состават и да ве дознаат кои сте. После криви ви се модератори и админи што не биле 24/7 уклучени.
Јас си стојам на ставот дека членката што ме нападна ноќеска (постовите се избришани) е дупли профил на Виши. Од кај знае па таа во кои теми да пишува? Значи..добро и е познат форумот.