Како се секогаш тука за секакви глупости кога треба да се бришат, за вакви битни работи никој нема? Нека имаат овластување сите за вакви инциденти да можат веднаш да реагираат. За друго нека се консултираат и молат по лп.
Не е доволно само еден да може да брише и банира. Се даде предлог и тоа сосема на место, да се зголемат овластувањата на модераторите. Вчера беше Дрим тука и не можеше да избрише. Модераторите треба да имаат такви права. А Виши е уствари Кара Миа колку што разбрав.
Јас не споделив со неа профил на фб, ниту сме пишувале по лп. Некој и го имаше проследено, и многу добро знам кој.
Добро отековте. Што е битно кој е кој, не мислите дека други работни се побитни отколку да се знаат сите профили на една личност низ годините?
Па не дека не сме читале секакви други глупости и караници додека да се избришат. Плус ако секој има право да брише ќе биде хаос во стил на кој кого мрази па брише и сл.префрлања.
Одговорноста е на форумот. Точно,еден човек не може да биде 24 часа на форум. Но ,ако имаш 15 модератори постои голема можност некој во 03.30 да биде онлајн,и да избрише спорен пост. Само немаат овластување. Голем проблем е ова што се случи ноќеска,и може секоја ноќ да се случува некој што се скарал приватно или така му текнало ,да објавува. Знаејќи дека само еден може да брише.
Виши од пред сто години уште се збори, не може никој да и забрани да има 100 профили и стварно небитно е кои се сите нејзини профили, ама кога ќе се минат граници да може секој да банира.
И да имаат овластувања додека се реагира пак пример 10 членки ќе видат и тоа ќе се прошири по лп и фб како што е на овој форум. Штетата пак ке биде направена. А искрено кажано не дека спорната членка веќе не ја знаеше пола форум дури и да не сакаш ќе склопиш 2и 2 со оглед колку си пишуваат транспарентно се за себе.
Јас влегов на форумот сабајле во 7:00 , станав да мочам , се расонив и се вклучив на фемина. Тогаш ја читав темава и ништо ново не ме зачуди. Одамна е познато дека не се трипите и дека зад грб се оговарате. Едино можела да ги сокрие имињата оти ко кликнав на фб профилот оп гледам блиска другарка од братучед ми. Колку е мала Македонија, секој со секој се познава Во 8:00 часот се разбуди маж ми, па се изгасив од форумот. Еве пред малку седнав да видам до кај сте со трачевите, ама ги избришале постовите. Тууу , ја испуштив журката . Ај ќе ве читам само.
Така убо не е обострана. Исто ко да наоѓаш виновен некој што бил претепан, оти 'не се сетил' да не се дружи со тепачот. Треба да си најдат начин како да има онлајн 24/7 некој што ќе може да бриши. Нивна одговорност е форумов. У ствари, не е на модераторите, на газдите е. Тие одбират колку модератори/администратори има, и какви ингеренции имаат. Подлежи и форумот на закони кои важат во државава.
Па сега да стои десет минути и еден час или повеќе не би рекла дека е исто. Во 07 уште беше постот тука? Незнам кој со кого не се трпи и стварно форумов испадна поле на приватни пресметки и меѓусебни несогласувања. Јас Фала Богу,поради принцип немам никого од тука приватно,и така ќе остане и понатаму. Форумот е виновен што на членката и беше објавен личен идентитет и лични пораки. После ова ,уредувањето мора да се смени.
@RainBow Сори,ама каша попара се прави во темава. Спомни им го ова што го цитирав од мое мислење на администраторите. Секако дека не можеш да постигнеш сè сама,и предложи им они да бидат видливо присутни на форумов бар 2-3 дена неделно(со пишување мислења) и јавно да пишуваат опомени за членови,за да се види појасно дека стварно некој има и врши контрола.Или нека ти дадат помош,да има уште еден глобален модератор. Се прави хаос кој мора да се среди.
Постот беше тука и во 10.30, јас тогаш се уклучив и го видов. Се слагам дека после ова, мора да се превземе нешто посериозно околу уредувањето.
На сите ви смета што постот со профилот стоел тука, а гарант во search барот на фејсбук сите до една ја имате пребарано да видите која е.