Време е темава да оди под клуч . Во спротивно нема да ви текне да престанете. Едно те исто се вергла.
Никој нема право да открива друг идентитет. Имам разменети профил со две-три членки, тоа не ми дава за право јас да ги објавам нивните лични податоци на цел форум.
Ако е форумот бизнис, треба да се однесува како таков. Ако банка треба да биде достапна со своите услуги 24/7 и форум треба да се модерира 24/7. Постојат во светот системи за надгледување, автоматизација, интегрирање на компјутерски нотификации со смс нотификации. Не може еден човек да биде 24 часа на располагање, ама затоа постои тим меѓу кој треба да се дистрибуираат одговорностите. Не е само темава што треба да оди под клуч, на друга тема ќе се префрли дискусијата. Плус едит-сеирџиите се секогаш побројни од редарите, ама јас сакам ред.
Немаш гаранција за ништо. Еве јас од форумов, имам прекрасна дружба со неколку членки, вон виртуелниот свет. Кому како му работи инстинктот а и среќата.
@WildMk форумов "смрди" и некои членови во него. А да викаш дека не треба да сме анонимни туку само искрени ич не ми се свиѓа. Јас си сакам да останам анонимен. Ти или некој друг ако сакате дружби надвор од тука само напред. Некои не сакаат.
Не те тера некој на сила. Муабетот за искреноста беше да бидете искрени едни спрема други на темана, без разлика дали приватно се знаете или не.
Ама не е битно чиј идентитет е откриен. Мојот, твојот, што е битно. Зошто-од ниски човечки побуди. Прекршена е една од основните премиси на форумот и потребни се мерки на превенција, да се избегне таков пропуст во иднина.
Јас не очекувам искреност од членки кои се знаат приватно и се тапшаат по рамо. Затоа најчесто ми се нафрлуваат у 40ка без разлика колку сум во право или не. Форумов одамна не е тоа што беше.
плус сличен е на тиндер Буквално се бараат и нудат сексуални услуги, ама ајде да си свиркаме на таа тема ...шшшшш никој ништо не знае Секое чудо за 3 дена. Нека помине еуфоријата , па ќе се дружиме пак , како ништо да не било, пу пу не се важи ако таа и таа особа зад грб зборела за онаа другата особа, битно блиски сме, ептен се сакаме Страшно мразам лицемерие. Вака од страна си читаш и чекаш да му пукне на некој филмот Штом заклучивме дека не важат правилата за сите на форумот, слободно избришете ги правилата. Леле само кога би знаела дека за тебе се збори дека си била трол од познат ник на форумот, барем така кружат лични пораки. Затоа е најдобро да си фаќаш сеир од страна
Не може форумот да биде цело време ист. Си одат стари членови, доаѓаат нови, форумот еволуира секојдневно, не може цело време да биде "добар" или "лош".