О колку грешно си ме прочитала @Herrera , ама ако кружат лп мора да е вистина. Што друго да речам, еве не знам. Се е кажано.
Од кај ти е ова ,, правило.,, ? Прв пат слушам. Глупости. Чим си дала на еден профил, не е забрането други да те знаат, едино договор да сте потпишале па да тужиш. У кој паралелен универзум живеете? Имате ли школо завршено?
Правила на форумот (тема од 2009 година) Точка број 14. Забранети се мислења кои содржат лични податоци за други учесници во форумот, како и публикување на лична кореспонденција.
Грешка си, одамна нема правила тука. Понекогаш се прашувам дали луѓето прават разлика помеѓу форум и чет. Демек забранети се чет разговори, но никој не го почитува тоа правило. Ако ме прашуваш на што конкретно мислам , еве ќе ти кажам искрено Тоа е целиот муабет што @An-na и јас го вергламе во круг, дека правилата не важат за сите членови
@RainBow, пишувам во темава зошто соодветната, за предлози, е уште под клуч. Дали би било во ред да се отвори нова тема каде би се постирале мемиња, твитови и шеги за коронавирусот? Зошто мене лично тие многу ми помагаат да ја задржам позитивноста во оваа ситуација, каде од сите страни сме пресретнати со неизвестност, страв па дури и паника која се граничи со хистерија. Не ми е соодветно во главната тема, каде дискусијата е сериозна, да залепам пример вакво нешто: Или вакво нешто: „-Самоизолација 5ти ден: Мустафа дозна дека му е вонбрачен син на Али Кемал...“ Давам предлог да се отвори нова тема каде оние кои се океј со ваков тип на (црн) хумор ќе имаат катче каде ќе може да се насмеат на своја сметка.
@Demiii, Реин даде зелено светло за предлогот и во моментов ја отварам. Ако налеташ на нешто што мислиш дека би насмеално некого, спремај го за споделување
Дечки, повелете, еве ја темата, се надевам ќе успее да не насмее во овие неизвесни времиња https://forum.femina.mk/threads/Коронавирус-да-се-насмееме-малку-на-своја-сметка.31391/#post-4848750
Може модераторите да ми одговорат зошто мои одредени постови се бришени на пола реченица кога се обидувам да доловам поента? Сериозно е забранета слобода на говор? Ептен сте модерни и вонредни, штом сешто не ви е во полза бришете.
Можат дискусиите да се одвиваат без искомплексирани и слични навреди. За да се долови поента не мора постојано лично да се напаѓате. Неколку пати веќе пишувам во темата за Корона да се воздржите од навреди и да дискутирате смирено.
Разбирам, да. Но, овие два зборови не ги споменав јас прва како што можеше да прочиташ, а сепак ми беше избришан постот.
@RainBow Зошто сум банирана од темата за вирусот? Што е тоа што јас го имам напишано а го немаат многу други кои намерно или случајно шират паника, неточни информации, негативност, имаат дрзок однос и слично? Зошто јас конкретно? Кога ќе се ослободиш од потребата да ме банираш на секое? Задоволство ти претставува знам, знам и зошто, ама тоа е веќе друга тема. Ќе одговориш?
Сериозно те банирале од таа тема?? Јас мислев може што сакаш да пишуваш. Една третина од постовите се за кривично гонење, па стојат
Мене па не ми се верува дека сериозно ја одбанирале Јас редовно ја читам темава и доага само за да промрчи нешто и да предизвика лавина од офтопици. И јас посочив на oва неколку пати и мене ме бришеа. Темата има над 650 страни и е прилично сензитивна, верувам дека многу ја читаат од информативен карактер што не се членови и стварно смета кога имаш неколку страни со глупости и провокации. И не само за @Bridget има и други такви. Вчера дури имаше неколку страници испишани интерни разговори мегу членови како во 40ка, што немаат баш врска со корона вирусот. Треба да се има осет ама кога веке некои членови очигледно немаат, треба да се банираат. Не може модератор да бриши мислења 24/7.