А да се дава киндер јајце наместо за нова тема за мито да не мрчат? Така нема да има бунтови, расправии, рај на земјава ќе има, ова на форумов Боље место домино, не љути се човече да се игра
И јас сум за споделување совети и искуства во секс чет тема. Попрегледно ми е така што ме интересира од поискусните да добијам совет/мислење отколку да читам по одредени теми од Секс. И вака тие што не сметаме дека во 21век е табу да се продискутира за сексот ќе пишуваме, без некој да се осеќа згрозен или навреден од тие муабети.
Е ако де. Не прај разлика то во муабетов за право на слободно изразување на форум во кој се чатува за се' и сешто, па сега сексот остана како последно упориште кај шо 'не се попушта', без никакво валидно објаснување: Зошто е тоа така?
Оти пробаат некој непостоечки „имиџ“ да одржат. И оти им се качивме на глава со манијаците кои малтретираат по секс темите. И речиси невозоможно е да одржиш балас помеѓу „ќе збориме за секс слободно“ и „мора да има граници кога тоа слободно зборење за секс преминува во манијачење“. Работата не е да се забрани да се зборува за нешто, работата е да се што е можно повеќе жени чувствуваат удобно на форумот. А ако стане собиралиште за секс - четери, пола форум ќе се разбега.
Јас пак мислев по Сексот и градот ќе мрднеме од мртва точка ама очигледно да сме закопчани до грло и да тераме куртозани муабети од високиот општествен сталеж, не дај боже да спомнеш дека се сексаш, колку пати на ден и др. Еве јас редовно имам секс и ме интересира што можам да вметнам како освежување, ме интересира да споделиме во чет муабет, што е тоа толку табу, срамно или не знам што?
Цела тема има за секс, сакаш да ме насанкаш да зборам на 40' ка Јас па и за зборање не можам да се пожалам, среќа мУжов речит е на темата
Не верувам... затоа реков да има соодветна тема и да биде 'збиралиште' на тие што сакаат за тоа да зборуваат. И вака има манијаци, без чат тема за секс. Еве, веќе ми пишуваат лп, додека овде објаснувам. Нема да престанам да мислам, зборувам и практицирам секс оти имало манијаци. Има секаде и секогаш, и време е да се напикаат кај шо им е местото. Не. Баш сакам да се откачам од 40ка со муабетите за секс, оти не мом да трпам буцкања цело време за тоа што како и колку сум зборала
Ја подржувам @WildMk иако нема да пишувам и не ми е во интерес, но ако некои одредени членови имаат интерес зошто да не? У право е Вајлд, ако има чет за храна, чет за секојдневие, за свашта еве може да има и за секс, ако сакаат членовите. И не, не треба да е табу во 21 век фала богу, тоа што некој милува да не коментира како мене и останатите не значи дека не треба да има бидејки можеби има членови кои сакаат да се изјаснат, да поразговараат. Еве јас искрено не сум коментирала, пишувала ниту ми е во интерес тоа но еве на Вајлд на Рајко Петко му е и зошто да не?! Јас преферирам таа тема да ми е најприватна на свет, ама еве некој сака да коментира и тоа е во ред. Тоа е нешто што го употребуваат сите, доживуваат исто ко четот за рецепти, зошто да е табу. Е сега колкав ќе е интересот, и дали пак ќе настапат само "манијаци" зачленети исклучиво за тоа е друг муабет. Јас сепак мислам дека е нешто приватно тоа за секоја индивидуа ама ќе ја подржам Вајлд, не сакам да ја дискриминирам бидејки ете има друга преференца за пишување од мојата.
Има, како нема. Баш отвореноста која ја презентирам, им се чини дека е 'зелено светло' за да јадат говна. А не е така. и треба да научат дека ако некоја жена отворено зборува за секс, не значи дека со нив сака да копулира
Уште поубаво ако од лп преминат да манјачат во таа тема, така побргу ќе знаеме на што сме. Сепак сите машки не се дојдени за секс на форумов или се лажам? Како и да е преку секс-чет муабети може многу да се подигне нивото на муабети на оваа тема и да им се покаже преку пример на ваквите мажи дека ако зборуваш отворено за секс, не значи дека сакаш со било кој што ќе се дрзне да вознемирува по лп на таа тема.
Не секој. Еве јас не споделувам рецепти, оти не ми е интересно. И не мора секој да зборува за секс, за да има тема со секс чет. Во ни една тема не зборува секој, затоа има мал милион различни теми.
Не се сите за секс дојдени. Има пристојни и во мажите, кои навистина се дојдени за да разговараат, а не да се манијачат.