Со среќа учење. Баш верувам дека дошле на форум да зборуваат за секс и успат да прифатат лекции од Вајлд. Зборам и јас за секс отворено, без грижа. И во живо и на форум. И во лице да ме прашаш се што те интересира ќе ти кажам. Ама има разлика од зборување за секс и претварање на форумот во порно фантази чет за секс.
Во право си тука. Да, не треба пишувањето за секс да биде индикатор за зелено светло кај манијаците АМА Е за жал. Друга работа уште поважна што ќе ти кажам е дека едноставно сексот ни е приватна работа, зошто да коментирам и што да коментирам? Тоа е лична работа помеѓу мене и маж ми не сакам било кој друг да го засега. За крај ќе кажам дека "пиперките" у 40 ка се пример за секојдневието на една жена и фамилија, првичната намена за таа тема. Секојдневие и опуптен муабет меѓу жените. Сега ќе речеш зошто не сексот а пиперот? Затоа што сексот е приватна ствар преференца, не знам еве другчие како да објаснам. Не гледам зошто би расправала за мојот приватен живот.
Како ќе се претвори во 'порно фантазии чет за секс' од само една тема? Ни темите за бременост не го претворија форумот во форум за бременост. Ни темите за храна , во форум за храна. Нит емите за козметика, во форум за козметика.. итн.. итн...
Јас не ги терам да зборуваат за нешто, оние кои не сакаат, ама оние кои сакаат, зошто да нема кај да зборуваат, за она што сакаат да зборуваат? Плус, сексот не е само орален, или само СПБ или само ова, или само она. Исто како што готвењето не е само рецепти споделување, туку и фотографии, и комплексни муабети од намирници, до начин на готвење, до преференции за вкусови храна до пичке си материне. Чет темите ги инкомпорираат сите овие подпрашања во едно. Јас ќе зборувам за секс, некој за архитектура, трет за козметика.. секој со своето.
Ти стигаат ЛП пораки од трудници „Многу сакам да бидеме трудни заедно?“ Слики од храна и рецепти да не ти стигаат во ЛП исто така? Слики од пудри со порака: „Не знаеш што пропушташ, пробај ќе ти се допадне. Никоја до сега не се пожалила?“ Не сум знаела. Изгледа сум сериозно депримирана од целокупното форумско искуство, цел свет на споделувања имало за кој не сум била ни свесна
Затоа и те подржав. Баш да пишуваш онаму каде што сакаш ти. И навивам за тема од твоја преференца те подржувам. Но, треба да разграничиш и кога напињаш во темите иако веќе сме се искажале дека ни е приватна ствар, значи не гледам поента да коментирам. Ти ако сакаш бујрум, те подржувам скроз како што кажав. Во право си. Плус соодветни зборови, едукација, се на се дебатирање со одбрани зборови е океј.[/QUOTE]
Е да де, затоа ти пишав првично дека те подржувам Искрена сум само... Не значи дека ќе коментирам, нема да коментирам ама те подржувам да имате "свое катче"
99% од ЛП во инбокс, ми се барање совет. Потоа се манијаците, потоа се други рендом муабети. Ама не разбирам каква врска има тоа со муабетов за отворање чет тема за секс?
Ја поддржувам Вајлд, треба да има таква тема. Прва ќе се регистрирам под друг ник и ќе се придружам во темата
Тоа е тоа Не коментирам за храна, ама секако дека ги поддржувам оние кои сакаат да коментираат за тоа, да имаат каде и како што сакаат да се изразуваат. Дали во форма на конкретно прашање, или во форма на loose conversation.
@WildMk каква замисла имаш за темата, во која насока би одела? Некако не знам како би се движеле муабетите.
Јас убаво те прашав @WildMk што би дискутирале во чет тема за секс? Коментирај во темите за секс а ако сакаш некој да ти споделува лични искуства за секс па да си четувате, ете имате Лп па откривајте си ги ако сакате и најмрачните секс желби, потреби, мислења.. Нема чет тема за храна. Нема чет тема за - Леле денес трето ребро од десна страна ме боли, ќе се менува времето.. Зошто би имало чет тема за секс. Сериозно што ќе зборите? Леле вчера каков секс падна со маж ми, некни со швалерот па како се исексавме.. Утре имам закажано со еден од АБВГШКЉ платформата за наоѓање на партнер за секс за една вечер, еве сега ќе се издепилирам, ќе се средам на козметичар, да сум му убава Има за секој проблем тема во подфорум секс. Има милион мислења, стотина теми.. ќе си најдеш некоја.
Слично нешто како на темата на корона што ја отворив. Не знам точно од каде ќе почнам, ама ќе најдам нешто соодветно. Рендом изливи на сексуални желби и фрустрации...со реплицирања без рестрикции. Ионака ако претерува некој со напаствување, секогаш постои копчето 'пријави'.
Лп е ограничено. Сакам јавен муабет, не задкулисен. Темите во подфорум секс, се специфични и чат и оф-топици не се толерираат. На други рендом чет теми, има отпор кон муабети за секс.
Сексот е исто со измет? Зошто толкав отпор кон муабетот за секс, стварно не сфаќам. Посебно не разбирам зошто би им било гајле на жени кои имале по 10+ партнери, барем еден брак зад себе, и барем едно дете.. кој со кој зборувал за секс?
Да нема "едуцирање" од страна на Вајлд во темата, паметување дали треба за фантазиите со партнерот искрени да бидат, дали треба да ги исполнат и да признаат и таквимити просветлувања, без морализирање. Да се збори за пози, проблеми во сексот, недостаток на секс, чудни звуци, течности и крици за време на секс, фетиши, фантазии, фрустрации, дилеми...
размена на мислења за желби и преференции не е исто со 'едуцирање'. Не сакам во оваа тема да едуцирам, туку да си зборам онака.. ко со другарка ко ќе седниме и ко ќе се забаботиме за нешто поврзано со секс.
Не знаеш од каде ќе почнеш ама битно знаеш оти ти треба офтопик тема Има тема за сексуални желби Има тема за се.. Има тема за фетиши Има тема за чудни звуци Има тема за недостаток на секс Има тема за омилена поза Има тема за проблеми во сексот.. Хмм
Ама морате да имате рестрикции до каде ќе се оди. Еве ти можеби имаш граница ама како што опиша тука тешко дека темата ќе оди во позитивен правец ами биртија. И не, не е вкусно Јас тебе те знам те подржувам знам до каде би се одело и колку со тебе на пример ама ко што знам на сличните теми се кршат границите и теите се претвараат во биртии и ич не е вкусно за читање за поширока публика. А и веќе би знаеле кој с еби пишувал во таква тема. Сепак зборот ми е на цитираново Да секој има право да си збори што сака. Никого нема да осудам. Секој е слободен да си прави како што сака да си прави.