Spoiler YEAH RIGHT, како она малото детенце кога ќе дојде кај мамичка да даде предлог и мамичка за да има мир у куќа ќе каже ќе размислам,ќе видиме со татко ти, ама нема да размисли, нема да видиме, уште пред да почне одговорот е не. Реално јас и би се плашел од одговоров, оти ми изгледа сериозен, обично Реин става смајли на крајот од текстот, ама сега нема смајли, реално.... не изгледа убаво работава. Со среќа понатака. Anyway, знам дека е касно ама и јас би ја подржал темата, треба секакви теми да отвараат членовите и да си зборат тоа што ги прави среќни, еј едно време имаше тема за рамна земја кога седеше пола година на фемина и имаше преку 60+ страници, зашто да не има и вакви теми, под услов, да нема правење нови профили. Него фино убаво ќе си седнете од главниот профил, тој што 5+ год градевте углед, и ќе си пишете сите первезни, лоши, нехумани, дрски, кока кола муабети. Да видат луѓето, да кажат леле, не мислев дека ова ќе го пишеше, како Бахар од турските серии кога дозна дека мажот и е жив, со шок фаца. А не таму да ми правите жане123 профил па да пишете што сакате, па после еј ќе дојдат гласања у декември и оп, некој член преку ноќ 30 гласа плус, еј како бе, од каде бе... Сите се јаки од фејк профилот, од главниот пишете ги работите, како нашиот храбар cough* поранешен бел тигар на форумов. Другиве се прават дека им е гајле, ама мене ме копка, ме има ли барем во топ 20 таму, придонело ли нешто моето постоење на форумов?
Исто како и другите ама потешко се закачуваат а гледам на некои им мрдаат на некои не.. Додуша и мојов аватар не ми мрда на некои уреди
Зелда иако беше нова членка,многу добро ги познаваше членките и самата пиша дека со луѓе надвор од форумов зборувала што пишувале членки.Се посомневав и пријавив,им пишав да проверат.За Тијанана не знам дали некој пријавил.
Што збориш? Не ми се верува. Искрено...за ZeldaSf и јас се посомневав. Ама за онаа другата ни најмалку. Толку ли немаат друга работа па прават дупли профили?
А зошто ако некој кој бил баниран за нешто, направил нов профил и не правел проблеми ама пак бил баниран? Може си научил лекција
Може си ја научил .. Ама тогаш не би правел проблеми и со вториот, третиот, триесет и третиот профил..
Една иста личност прави профили од една ip адреса, вие ја блокирате,адресата не ја блокирате. И доаѓа прави нов профил,вие ја блокирате. И сега сакаш да ми кажеш да не бидеме љубопитни,да не прашуваме воопшто? Еве баш сакам да знам какви проблеми прави некоја рандом особа со 100 профили? Не е државна тајна,глупост е. Значи криете глупост.
Женската сака да си има профил.Во ред е да ја банираат ако вреѓа некој, ако му праќа навредливи пораки ,ако врши булинг ама како што и ги видов мислењата и не ми изгледа на психопат.А дека може некој да ги знае челновите, може ако го следи подолго време форумот нормално ќе ги знае.Некои членови и јавно си кажаа кој се.А ако знаеш еден ќе откриеш уште 10 минимум и така.И јас сум како @buba4e89 љубопитна зошто толку ја банирате оваа членка?Неколку пати велите дека е таа и ја банирате.
Кога не се разбираш од ИП адреси, подобро ќути си Во МК веќе ниеден провајдер не нуди фиксна ип адреса без доплата, а доплаќаат најчесто тие на кои им треба таква услуга а не обичен граѓанин.. на секое ресетирање на рутерот/телефонот се менува за некое бројче..ама некогаш и се поклопува истата Ако блокираат ИП адреса, по некој месец може баш тебе да ти ја додели операторот и да не можеш да се логираш.. И после? Ме банирале... Кажано е 100 пати за Кара, Виши, Ауруа и уште 30-40 нејзини профили Нема потреба да продолжиме со дискусија за нешто што е веќе кажано. Џабе си ја браниш другарката.. Да беше некој паметен, ако сакаше да се дружи со нов ник ќе си направеше нов ник, ќе си пишуваше по темите, немаше да провоцира и никој немаше ни да разбере дека е Кара.. Ама тоа е посилно од неа.. Моето реплицирање за кара завршува тука. Немам намера да објаснувам нешто што е веќе 20 пати кажано.