И многу е незгодно бидејќи тоа ми е мејлот кој го користам постојано и други имаат пасворд, се губи анонимноста
Провери на имејлот да не имаш најдолу некоја опција во стил unsubscribe или stop receiving emails. Или види да не не си ги зачувала подесувањата на Фемина.
Фала богу ја банираа конечно. До толку да се немало живот, скоро цела декада потрошила на форумов по тоа старите профили што и копав, тој @vichy ѝ е од 2013 и од тогаш не прекинала да праи нови.
Сериозно испадна дека е Кара? И зашо сте ја банирале Вајлд бре, ја фати на пик дружината од 40ка и сеа ќе го папа
Ви ги избришав последните мислења, нема потреба од шпекулации, особено за некој што е баниран и не може да пише ништо во своја одбрана. Wildmk не беше банирана поради расправија во 40ка, беше банирана поради тоа што не престануваше да спамира со мислења во темите едно по друго, иако ја бришев и се убедувавме по лп. Па ја банирав да се олади малку, толку.
Дали модернаторите имаат пристап до име и презиме, емаил адреса и сите податоци кој ги имаме наведено кога се регистрираме на Фемина?
Па затоа сте вие тука да се објасните зошто сте банирале одреден член. Не ми е јасно што е толку тајна. Ако е дупли кажете, ни прв ни последен.
Последните мислења се избришани. Против правилата на форумот е да се споделуваат лични пораки. Вајлдмк е повторно краткотрајно банирана откако и истече банот. Ама...Со вакво темпо ќе биде перманентен следниот бан.
А зошто не ги банирате на кратко, двете страни кои се во судир? За да не дојде до вакви расправии "мене ме банираа, неа не...", мислам дека тоа е најдобро решение... А ако некој ужива да се кара, има лп, па што сакаат нека прават, не сме должни, ние останатите да читаме туѓи расправии. П.с.: Пред да банирате некого кажете и дајте ни некој час-два време, барем да се збогуваме И еве вака јавно сакам да ја опоменете членката, затоа што не е фер да се исмева туѓ живот. @baby-star без лутење, прв пат те читам, но малку ми е невкусно ова што го пиша.