Не бришеме мислења по барање на членовите на форумов. Без разлика кој пријавува и од колку членови е пријавено.
Дали ќе има општа јавна амнестија за забранетите членови....? Амнестирани се полоши работи во општествово (терористи, убијци, крадци...), камоли за ситни кавги... Јасно ми е има причини за исклучувањата, но мислам дека треба да се има во предвид дека се и извор на забава... Во тој контекст имам предлог.... членовите кои ќе влезат во, да кажеме, дискутабилно етичко однесување и пристојност - да им се ограничи коментирањето на 5-10 пораки дневно,... ако има таква варијанта? А ако нема, не е лошо да се направи...
И мене. Не знам дали мислиме на истата, ама по стил на пишување и така некои други работички мислам дека е таа.
Не е Вајлд шовие, дијаметрално различни ставој имат. За Кара не ви се мешам, секогаш успеваше да ми се промакни низ очи.
Како на пример на тебе што дојде да шириш хомофобија? Не знам со кој памет може да помислите дека е Вајлд, ништо слично ни во однос ни во ставови немаат.
Може не е она,ама како за нова членка од старт многу добро се снајде во темите на форумот. Не знам,еве @RainBow нека види.
Толку ли е тешко да има една тема каде ќе се пишуваат сите банирани? На кратко напишано зошто и за колку време. Нека не е отворена за дискусии ако не ви се расправа што и како, туку само да сме информирани. Долго време сме на форумот и логично е да се запрашаме зошто ликови што секојдневно пишувале одеднаш ги снемува и до кога ќе се банирани. @RainBow @Femina @Mihajlo
@cresa-jagoda Црешке колку што гледам ти си модератор во подфорум Психологија. Гледам дека мислењето од темата Педофилија ми е избришано и воопшто не замерувам ако сметаш дека не е соодветно, со оглед дека темата е доста специфична. Но те молам на ист начин да се реагира и на постовите кои промовираат хомофобија и постовите кои хомосексуалноста ја сведуваат на исто рамниште со педофилија. Фала. п.с. Во случај модерирањето да било од Реин, тогаш ова е упатено до неа. @RainBow
Да се надоврзам на постот на @Bridget , нели може тоа да го пишуваат во темата Банирани корисници? Нека ја направат само администраторите,Реинбоу и модераторите да имаат пристап.
Старата сигурно била отворена за дискусии, оваа нека биде само информативна. Ако некој мисли дека треба да се дискутира заради нефер банирање пример, може во друга тема, па таму нека не игнораат како што знаат.
? Како така си дозволуваш да бараш бришење на мислења кои тебе лично не ти се свиѓаат, само зашто мислиш дека си морално супериорна над нас обичните смртници?