Онака како што вие си дозволувате да направите еквиваленција помеѓу изразување на сексуална определба (која патем не наштетува на никој) со повреда на друго човечко битие.
Морализираш, извртуваш и преувеличуваш.Направи си твој форум и членувајте само ти и другарките истомисленички.
Појасно од ова дека си хомофоб и хомосексуалноста ја сметаш за психолошко нарушување исто како кај педофилите, мислам дека нема. Првиов цитат како одговор на прашањето на Амели, зошто едното се поврзува со другото. Обрати внимание на болдираното во последниот цитат. А јас повеќе немам што да се објаснувам. Поздрав.
Излегува малку да знаеш како да се служиш со компјутер, одма сумљив си. Форум е, јбг, не е квантна физика. Не негирам дека може е стар член, ама ако "многу лесно се снајде низ темите" ви е аргумент за банирање, може IQ тест на зачленување да ставите: која има IQ поголемо од собна температура - не може на форумот.
Ајде, ти посакувам еден ден да научиш читање и разбирање, жал ми е што не ти оди. Тебе не ти должам објаснувања, само намали со улогата на морален судија, не сте испратени за тоа на Земјава(и на форумов).
Јас избришав. Убаво ќе ги разгледаме другите мислења и ќе одлучиме што друго е за бришење, дали дел од мислењата или од почеток целата дискусија. Бидејќи спорно е најпрвото мислење.
Не, јас не сум корисничката wildmk или како ли се викаше... мислам дека таа е... да кажам преполна со дискусии, некогаш екстремни или противречни, но сметам дека апсолутно секој има право да си се изразува и си изјавува мислења.
Јас не ширам хомофобија. Немам скриени агенди. Ако не сум хомо-сексуало-фил или што и да е, не значи дека сум за ширење омраза или антихомосексуалност или хомофобија или што да е... Моите мислења се мои лични ставови и имам право да си ги изразувам и дискутирам.
Пишува поназад, имало рчка во политика. Ама не си само ти што не знае зошто точно и до кога, уствари никој не знае до кога.
Ви благодарам за вашиот интерес... Дозволете да ја задоволам вашата радозналост... Јас никогаш не се имав зачленето на форумов, а иначе познат ми е од порано. За снаоѓање по форумов, благодарам и за комплиментот, јас сум иначе од генерации растени со употреба на компјутери па не е тешко штом се разработи. Ако сметате дека имате нешто лично против мене, ваша работа, не ви се мешам, но мора да ви укажам дека со ваквото ваше однесување кое претпоставувам е заради моите лични ставови, баш промовира кон мене и други однесување кое го укажувате како за несоодветно. Сепак живееме во слободно општество. Ви пожелувам добро, во секој случај.
Како сакаш наречи го, ако е гомно одма по миризбата ќе го познаеш. Тоа по она Шекспировото: "a rose by any other name"
Сите знаеме да користиме компјутер. И други се посомневаа поради ставовите кои потсетуваат на банирани членки. Повторно,секој има право да пријави сомнеж.
Како сакате... ваше право. Јас сум за слобода на изразување за сите. Затоа, кога видов дека има банирани членови, се заложив за општа јавна амнестија. И ве повикувам и вас да ја поддржите ваквата иницијатива, во име на слободата и демократијата.
Хмм... ако не си Вајд кога се имаш зачленето на 31 Јули 2020 а баш тоа време се банираше Вајд. Плус веднаш дојде до оваа тема да бараш амнестија за банирани лица. Логика...