Дај бе не зезајте, 3 мислења на ВајЛд да има човек прочитано на форумов, ќе види колку нема врска со членкава. Можеби е некој друг воскреснат член, Вајлд не е 100%.
Ама логика... аххх... А што, толку ти недостига вајлд...? Или имате нерасчистени сметки? Амнестија барам бидејќи сум широкограда личност... и за тебе би... Те повикувам и тебе да ја поддржиш иницијативата!
Да ми недостасуваше директно ќе прашав. Како што кажа @nextredstyle сумлива си. Не подржувам иницијативи за амнестија за убијци и педофили а не па за членови. На никој не треба да му се даде втора шанса туку така.
Ваше право... како сакате... Иако, добрината ја прави личноста подобра и помила и шири среќа за сите... А што имате вие лично толку проблем или конфликт со вајлд?
Ти реков да имам нешто со Вајд ќе прашам директно. Во однос на добрината не ми кажувај, добрина направи му на педофил тој пак ќе иде деца да силува. А ти пак прави му добрини. Добрина се прави на вистинско место. Јас да се прашувам околу ова прашање за амнестија да се земе во обѕир тогаш ич не би се прашувала.
А шо па тебе толку те заинтересира? И ти да не имаш нерасчистени работи? Инаку за другите што викате - што ви е бе не е вајлд, не е кара, не е струмка, не е РедДругиЧленови .. Додела бев модератор знам дека истите едни банирани се враќаа со 50 различни ставови, приказни, мислења.. Ако со едниот сакала јаболка, со другиот профил сака праски итн.. Сдк, тој што сака да се сокрие кој е, ќе се сокрие. Барем на почеток, додека не почне да се издава. Така да трпение спасение
Ме заинтригира бидејќи многу прашина се крена... А јас сум за тоа да секој може слободно да се изразува... било како, дури и со навреди кои повеќе кажуваат за оној/онаа кој/а ги кажува... не мора око за око, заб за заб... треба да има добрина меѓу луѓето... а не простотилак и канализација на речникот...
Јас се извинувам што ќе ви се замешам и можеби ви сметам но, од мое гледиште има големо расположение за разговор за банирани членови. Ај, малκу префрлете се на уметноста...постирајте си песни, фотографии, поезија...тие што се банирани неκа им е убаво таκа. Без форум. Ниκој не знае дали е тоа точно. Оладете малκу. Ова го сметам деκа треба да е таκа од аспеκт што ја многу почитувам уметноста. Читајте си ги членовите κои ви се допаѓаат, лајκувајте и таκа. Сметам деκа таκа е нај κаκо што треба да биде.
Да. Прашања за форумот. Вие велите директно ќе сте ја прашале... но, како кога таа не би можела да одговори...? Или имате личен контакт?
Реков директно ќе прашам зошто е банирана како што тебе директно те посочив. Дали е појасно сега? А за останатите прашања не треба да те занима, ќе знаеме со тек на време дали си Вајд или не.
ОК. Но... Перманентно банираните со причина се така банирани и не заслужуваат амнестија. Кажале тешки навреди,им се заканувале на членови и членки,откриле лични податоци на членки,постирале несоодветни фотографии,се вратиле со други профили... Едноставно,прекршиле форумски правила и си го заслужиле банот!
Не е перманентно, туку официјално до: ќе видиме. Идно неопределено. Ич не ми е јасна логиката, и од што зависи тоа ќе видиме.
Се е предмет на толкување... А дали вие сте биле неправично банирани па вратени или сл.? Ништо не е вечно... а на крајот на краиштата, ова е обичен интернет форум... не е животозагрозувачка ситуација... не е физичко насилство... обични зборови се, не се камења... ако речникот и изразите се гадни, тоа повеќе зборува за личноста која ги употребува, не за кого се упатени. Живееме во слободно општество, секој треба да има право на глас и изразување.
Нов член се буни да се амнестираат банирани членови. А, притоа се правда дека не е еден од банираните. Интересно... Јас кога се зачленив ни на крај памет не ми беше да се борам за правда за банираните.
Никој до сега не бил неправично баниран. Постојат правила на форумов кои треба да се почитуваат. Кој не сака на цивилизиран начин да комуницира нема потреба да биде дел од форумот, па поради тој член ако е толериран да заминат квалитетни и долгогодишни членови.
Не. Ај,прочитај уште еднаш што ти пишав.Перманентен бан се добива за такви прекршоци.Зар ти би толерирала некој кој ти го прави тоа на форум?