Правичност е предмет на толкување... конфликти не се решаваат со фаворизирање на само една страна. Има мерки за дисциплинирање... да се ограничи број на објави или времено замолчување... трајна забрана е повеќе мамка или предизвик за враќање и правење поголема врева... А ако има индиции за озбилна закана, има полиција... Сепак сум на мислење дека со општа јавна амнестија има надеж за тоа сите да бидат личности со подобро однесување, и со прифаќање на различните карактери и со правилно водење на дијалогот.
Не сум администратор да решавам такви прашања, но сум на мислење дека има простор за подобрувања на сите. Трајни забрани ништо не решаваат. Мислам дека е подобро умереност, за употреба на гаден речник тоа не значи ништо кому е упатена туку оној/онаа кој/а ги искажува, а повеќе значи дека треба подобрувања и ублажувања на состојбите за сите да се подобри личности. Баш затоа мислам дека сите треба да поддржат општа јавна амнестија. Да се греши е човечки, да се простува е божествено...
Никој не добива бан така лесно. Најпрво има опоменувања, ама кога нема разбирачка, тогаш се преминува на бан, прво краткотраен од неколку дена, па по враќањето ако продолжи тогаш добива подолг бан, а ако и повторно продолжи да не ги почитува правилата тогаш добива траен бан. Одма траен бан се добива ептен во ретки, исклучителни ситуации, како на пример: споделување на лични информации за некој друг член или ако машки членови во лп ги вознемируваат членките со интимни фотографии и муабети за секс.
Ај да беше друг форум да праевме овај муабет, тука дур стигни некој до перманентен бан треба ептен глупости да изнапрај, и сто пати повремено ќе е баниран пред да стигни до траен бан. Потолерантен форум немам видено и зато цел муабет ми е излишен. Мене ми се допаѓа некакво бодување и казнени поени, да знајш уште колку имаш до траен за да не ти текни да пречекориш. И предлогот на @Bridget е spot on, фер е да сме известени кој е баниран, никој друг да не можи да коментира на дадената тема сем модератори. edit. А дека барање да се простат трајни банови на сите членови, не да смрди ... Ако претходно членот ми беше само уште еден член, веќе не ми е. Лмао.
Абе не ме чуди ако нови членови се снаоѓаат на форумов во поглед на подесувања, ставање слики и такви работи. Има и други слични форуми или некој им покажал. Ама да се караш толку за некој што уопште немаш појма кој е...сумњиво ми е.
Ништо не е толку страшно да не може да се прости... А и никој озбилно не би сфатил/а пораки на анонимен форум кои се навидум вознемирувачки но суштински крик за внимание. Мислам дека наместо бан треба упорно добродетелно делување за умереност со увереност дека на крај добрината ќе превладее... Околу лични информации, сигурно не се украдени туку своеволно споделени... така да ако некој/а не сака да ја/го знаат не треба да си се кажува бидејќи порано подоцна ќе се повторат ако се своеволно кажани.
Како што веќе ти кажаа мали грешки се казнуваат со привремен бан,па членот добива втора-трета шанса.Но не може и не смее да му се простува на некој поради кој друг се осетил загрозено. Никој нема право да ја нарушува приватноста на друг!
Јас мислам дека не треба карање туку добри пристојни зборови... На крај добрината треба да победува, милост за сите и добрина кон целото човештво... затоа предложив амнестија.
Така е. Господ е голем. Искрено треба и еден крст да стават на почетна пошто добрина, нели. Ова што го зборуваш нема врска. Анонимен форум е. Не може некој да изиграва болен мајмун и да става туѓи лични информации пошто се скарал со тој член. Не може некој да те прави подоле од г*мно, а ништо да не му направат и да си тераме со мисла „добрина само, чедо“. Ако одиме со тој мајндсет нека ги пуштат и затворениците, што ни треба затвор? Само со добрина ќе се смират.
Мис форум Сака мир по форумите Spoiler сори сори сори што сум оф топик, ама не можев да одолеам на ова
Личните информации сигурно не се украдени туку своеволно споделени... така да ако некој/а не сака да ја/го знаат не треба да си се кажува бидејќи порано подоцна ќе се повторат ако се своеволно кажани. А и нема како да се осеќа загрозеност... оние што само зборуваат ништо не прават... исто како изреката куче кое лае не каса. Ништо во животот не е страшно ако се прифати дека нема потреба од страв односно надминување на истиот. Сепак сум на мислење дека треба да се делува со добрина и пријатност... кој тебе со камен, ти нему/нејзе со леб. Човештвото заслужува ширење на разбирање и љубов... затоа предлагав амнестија.
Јас не би споредувала форумски палавковци со затвореници туку со немирни деца од првите одделенија основно. Нема физичка закана. Зборови се зборови, не се камења. И затоа можеби треба малку седење в ќош, но никако стап по раце. Љубовта и разбирањето е патот на просветлувањето и добро општество за сите, не гордост ниту завидливост ниту омраза ниту паметење злобност... сите сме смртници, најдобро е ширење добрина и покажување на истата дури и кај тие што повеќето сметаат дека не заслужуваат...
Во право си. Утре ако некој стави мои лични информации нема да се изнервирам и да барам бан. Ќе речам само „прости им Боже, не знаат што прават“ и ќе си продолжам со животот. Инаку, има и членови што ќе те најдат без да кажеш ниедна лична информација за тебе, верувале или не.
А, едно прашање до форумот: што аκо не саκајќи дознаам неκој член од форумот κој е со се информации за тој член? Да се однесувам ли κаκо да не тој?
Јас имам препознаено доста луѓе и никогаш не сум се замарала со тоа. Нити е мое да кажувам дека е член тука ниту пак на нив сум им спомнала нешто. Си гледам своја работа