Мене па сѐ повеќе ми личи членкава на Вајлд. Борба за правда, демократија, утопија.. 24/7 на форум, за краток период многу мислења. Верглање едно те исто додека не те убеди, додека не стави капаче на сѐ. Нема откажување
@RainBow двојни арашини тераш. Многу ме иритира кога мислења во кои нема навреда бришеш додека мислења полни со навреди ги оставаш. Членката не изревреѓа сите дека сме со IQ на собна температура, нејзиното мислење уште стои иако е уредно пријавено како навреда, додека моето не беше навредливо. Немој да ми кажеш дека ти звучело ко провокација или дека системот не го избришал нејзиното мислење. Убав приказ на форумов даваат такви членови знаеш.
Јас сум препознала еден куп членки, па сум им пишала во ЛП..во стилот - ми излезе на фб како предлог бла бла.. ако така било де.. Една членка препознав во сити мол.. една во рамстор. По децата тоа и на вторава и кажав која сум. На првата ми беше незгодно а и одамна беше Ако препознаеш некого или си ќутиш или ако сакаш да шириш познанства прва се претставуваш и кажуваш дека на фб си ја начекала или си ја препознала на форумов по децата, по облеката од модно катче итн итн.. Не е ништо страшно...ако е еднострана желбата за дружба само на тоа ќе остане.. Никој нема да те утепа или банира ако си препознал некој.. А нормално ако не сакаш да кажеш која си, си ќутиш и се правиш како да не знаеш кој е кој и готово Сигурно нема со скриншоти да одиш од тема во тема да кажуваш - членот реинбоу е ратка ратковска еве ја и на профил на фб
Ќе си ќутиш. Подобро е така. Јас препознав некои од форумов на фб. Ми излегуваат како предлози за пријатели. На никој не сум пишала таму дека го знам од форумов. Ниту овде сум му пишала дека сум го нашла на фб. Така и ќе остане. Само со една личност комуницирам. Комшија ми е.
Леле еј, стварно не те можам кога те читам. Станува збор за лични информации кои НЕ се јавно напишани во некоја тема на форумов. Туку кажани некому во најголема доверба во ЛИЧНА ПОРАКА. Од каде ти имаш право да споделиш нешто што јас сум ти го кажала тебе во порака? Тоа што сум ти го кажала сум ти го кажала само тебе, а не сум му го кажала на цел форум. Ама очигледно ти не правиш разлика помеѓу јавно споделена информација и информација споделена во доверба во четири очи. И оди пак зборувај ми за добрина и за амнестија...
I jas sum prepoznala nekoi chlenovi od forumov, megjutoa mora da se pochituva anonimnost, zabraneto e da se objavuvaat lichni podatoci za chlenovite
Јас не сум таа вајлд... а и таа веројатно не би барала амнестија. Ова сето почнува да ми делува како тв квизот квискотека на телевизија загреб во бивша југославија во 1980-тите... имаше дел со мистериозна личност која во овој контекст би одело вака: "Особа А - јас сум вајлд" "Особа Бе - јас сум вајлд" "Особа Це - јас сум вајлд"
Било што било како кажано некому потенцијално е преносливо натаму... Ако не сакаш некој ден да може да се дознае, се ќути бидејќи штом информацијата излезе од тебе, секаде може да заврши. Но, било како, најдобро е ширење добрина меѓу луѓето, разбирање и простување. Мислејќи со намера и дела за повредување на другите всушност се повредуваме и себеси... не треба така, подобро е да се шири љубовта меѓу луѓето во светот.
Јас ама никако не можам да ја поврзам членката со Вајлд. Иако е симптоматично тоа што многу се смара со членка за која тврди дека не е. Можеби е воскресната, ама дека е Вајлд ич не можам да верувам. Стилот на изразување и ставовите, начинот на кој ги пишува мислењата, кај Вајлд е многу поинаков. Па сега ако јас сум премногу наивна и ако Вајлд е мастер за глумење лудило и градење нов лик кој воопшто не е, е друга работа. 100 години е банирана. За уште толку може ќе кажат до кога. Или ќе остават едно убаво утро да се изненадиме, кога во последни мислења ќе пишува Вајлд, Вајлд, Вајлд, Вајлд. Дедо Боже. Ако некој те шлапне на еден образ, ти сврти му го и другиот. Како бе ова ве асоцира на Вајлд, не знам.
Баш мене ич не ми личи на неа. Ама ова филозофииве баш во оваа тема, па кој треба да се банира, кој не, не ми личи дека е нова членка.
Па мора да оди во друга крајност за да се скрие, особено преку начинот на изразување. Ама карактерот не може да го скрие. Може стварно не е она, ама е иста како неа. Сега ќе дојде и одма нејзинот збор ќе биде последен
Јас мислам дека не е таа Вајлд никогаш не зборува за простување и добри дела Незнам што се запнавте ...
Кога член ќе навреди друг член одма бан добива, ама затоа кога некоја членка навредува се живо, тоа мора да го исПОштуВаме затоа што мислење... Да не зборам дека тука има членови што се заштитени како бели мечки, хаос!
^^^ епа κога е нешто сигурно правете си муабет а, κога не е правете муабет за џабе. И дајте доκаз зошто мислите деκа членκата е вајлд. Има луѓе на κои не им е јасно што е спорно. Нели ви е досадно сега едно та исто цело време?