Не бе, никој у администрација ништо не знае, не смеат да кажат кој избришал мислење, не знаат оти нема бан...
Немате попаметна работа, толку ви е досадно па сега ќе ме ставате во постови? Ме чепнаа, да појаснам, ми открија име, и вратив. Разликата е што таа членка си има кажано некои работи јавно, а мене се знае од кај ме знае. Ама ќе се правеме јаки и ќе провоцираме со лични имиња. А тоа оговарањето по пп ви го оставам вас, јас тоа ни го правам ни па сум го правела. Исто и со идентитетите. А дека ви ги откриваат, дека ви споделуваат по пп, кај работите, дали сте разведени итн, тоа драги мои го прават вашите другарки. А вие ставате толку лични податоци овде, слики, па сега драма, ве знаеле. Мислам
Ај на Јуле, никот си го ставила а ти е име... Мислам... Слика немам ставено ни една, ни од мене ни од дете, а пријателката што излајала свесна е. Знам која е. Моја грешка е што мислев дека е фер човек, ама јас и моите големи очекувања од минорни луѓе ... Како и да е, забавно е
Едвај чекам некој да ме нарече ЛИЛИЈАНО. Ама упс. По лп се се имаат распрашано и која сум шо сум каде работам кој ми е дечко.... Ама не се лутам бе. Интересна сум, знам. Знам и кој кажал. Ама па шо да прај...
Божее..уште си вадите очи за лични податоци? Уште ли не научивте дека ако една знае која си, сите знаат? Па макар и ниедна слика да не ставите.. Мислам хелоу, 21 факинг век.. и од Свирипичино да сте, ќе се распрашаат по роднини и пријатели ако дознаат која е некоја на форумов.. Има такви на кои тоа им претставува задоволство..психопатки де Ма да не знам овој пат што се исподешавало па пак ја отворивте темава леле ич не сум у тек, не оти некад бев Иначе да ти ја задоволам љубопитноста реални се за чудо
Не се за никого. Админите можат да видат дел од порака ако некој го пријави како навредлив или нешто Иначе не се секирајте..никој не ви ги чита интимните исповеди
Аха, чисто онаκа ме интересираше од што нема ништо тајно...после неκое време се' се разбере. Јас неκогаш си пишувам пораκи со членовите ради забава. За ваша информација...........)
Се плашам дека се стационирани (некои од нив) во 40ка и одлуките за форумот им се на база на лизни мазни пријателство. Или не се замараат воопшто. Друго објаснување немам.
Еднаш една дигна хистерија дека сум работела во Вип во Кочани па по IP адресите сум ве следела сите и домашните адреси сум ви ги знаела. А за лични податоци, од мажи имам пораки по име добивано со назнака дека ќе ме чекаат пред работа... Од што ме "сакаат" мажите на форумот, само арно од такви пораки можеш да очекуваш. Таинствена не сум, нити се кријам оти сѐ што зборам на форум не ми е проблем и во лице и јавно да го кажам, ама заради мислења на форумот сум била цел на напади во реален живот. Пр, особа која ја имаш на ФБ да ти го пријави профилот оти не ти е профилната од тебе или не ти е цело името оти не се сложува со некое твое мислење на форум. Или такви што "ќе те чекаат ваму - таму". Долг ми е јазикот, де... Не дека во живо ми е пократок... Ама има луѓе што живеат на интернет и таман работа да им го "загадиш" онлајн просторот со некое твое мислење.
Сакам и јас траен бан. @Bridget тебе ќе те издадам која си што си , вака јавно ќе те пишам. Не знам само дали и сликО да турам, или доволно е само име и презиме?