Саκам да κажам деκа имаат опција да го избришат мислењето. Со или без објаснување. Аκо е без објаснување, обично стасува известување.
Не. Може да ти е избришано мислењето и да ти стигне известување дека ти е избришано со објаснување зошто или без објаснување туку само дека ти е избришано мислењето. Или може воопшто да не ти стигне никакво известување
И пак или лошо се искажуваш или лошо разбираш.. Секој модератор има право да ти избрише мислење каде што е модератор. АКО кликне да ти стигне известување - ќе ти стигне. Без разлика дали ќе пишува нешто во известувањето или автоматската порака ќе ти стигне дека ти е избришано мислење.. Ако пишат причина - ќе стои и причина. Ама ако не го кликнат квадратчето може и 1000 мислења да ти избришат а да не ти стигне известување. Тоа е најчесто кај групно бришење (неколку мислења наеднаш) каде што едно мислење се брише за офтопик, друго за навреда и сл..
Многу често забораваат изгледа. Откако сум член сум добила помалку од 10 известувања и тоа во случаи кога било преместено мислењето или офтопик, а се почесто приметувам да ми нема мислења во одредени теми, а притоа мислења слични на моите од други членови да стојат (сличен став и изразување) и тоа без известување. Не дека нешто ми значи ако ми избришите мислење ниту пак јас ќе го променам ставот поради тоа, но малку како да ја ускратувате слободата на говор и правото на сопствено мислење и сметам дека е во ред малку помалку да заборавате и да нѐ удостоите со известување. Мислам, сепак е форум и се надевам дека не очекувате сите исто да мислиме и пишуваме, а исто така многу кои пишуваме тука сме доволно интелегентни и сфаќаме зошто не добиваме известување (откако научивме дека е по желба на модераторот) и малкуцка така не е коректно. Ама исто како на школо, кој и е омилен на учителката ќе му го закачиме цртежот на ѕид, вие другите да сте здрави и живи. Фала на одговорот, сепак...
Знaчи сaмo еден клик требa зa дa ти стигне известувaње. Мнoгу тешкo. Јaс си рекoв еден куп дoкументи требa дa пoтпoлнaт.