Розово и жолто, мммм каква комбинација Јасно е дека форумот ќе се користи во бизнис цели, не дека очекувам да нема реклами, ама малку посуптилна да беше, очобол... А да ни кажете до кога е платена рекламава, да си се вратиме после?
Не си доволно долго не форумов..не е прв пат да има реклама.. --- И што има спорно тука.. Како и на секоја страна на нет па дури и на фб што има реклами
Зошто да го ставиме тоа? Тоа создава проблеми на некои вебсајтови.Не е решение. Треба да ја тргнат рекламата.Ако им е потребна,нека ја направат помала,да седи во ќош. Ова е очобол.
Па тоа и пишав, не е ништо чудно да има реклама, ама кога ставаш реклама склопи ја добро со темата на сајтот. Може на овој форум не сум доволно долго, ама на други форуми и наши и странски сум била. Вакви комбинации на бои за да те болат очи немам видено на друго место.
А како сакаш да ја склопат кога чоколадното млеко има жолто пакување Сигурно нема да се ребрендираат розево за на фемина да одговара
Нешто Ова е форум во драг енд дроп стил.. можеш да видиш во демо верзијата.. Тоа стои таму тоа таму и тоа е тоа.. Фул реклама стои кај што ти е позадинава За custom ќе почекаш кога ќе има едно 10 пати повеќе профит форумов Туку ете предлог до михајло кога става вакви реклами, место розев нека го направи жолт форумов..а ла кајгана стајл
Може да ја средат сликата во фотошоп со тоа што освен крајно левиот/десниот простор да биде за млекото, другиот да е со бело, како што беше. Ноќта кога ја ставија и мобилната верзија имаше жолто, па средија. И сега верувам дека ќе го средат, ако не ги мрзи. А не треба, зошто да сакавме жолто, на Кајгана ќе бевме.
Така платиле, да се види рекламата Арна си е рекламата, не морале и темата на форумот во жолта да ја менуваат. И на цел форум Скапа таа реклама, скапа
Κај мене од мобилен нема ниκаκва реκлама. Ρозева позадина κаκо и сеκогаш. Инаκу, интернетот ми е κрш. Слаба работа...пишува поврзано а, немам интернет. Не се одбирам. Чудно.
Од телефон си или адблокер имаш? Сменете ја жутата, ружна е. Поарно никаква да нема, без разлика што некогаш нема ништо да се чита Поарно да не читам отколку жутава да ви ја гледам.