Јас летово го пробав, едвај чекав да се потроши пакувањето.... има повкусни чоколадни млека каде-каде. Добро, така им останало името, чоколадно млеко. И што сакам ќе купувам, нема на форумот да прашам.
Ниедно чоколадно млеко не е тоа. Туку е млечен напиток со чоколадо. Ама јбг Бимилк од виме брцнале у чоколадо изглеа
Ова ко она со фустанот, едни гледаат жолто други сино. Кај мене нема. Купувајте Мк производи, не туку мрчете.
Напиток ненапиток , јас после операција десет дена само тоа можев да го голтнам. Заборави?! Друго ни јадев ни пиев Бимилк, Живот ти должам
Јас да можам пари да вадам ако треба ружнава фаца ќе им дозволам да ја лупнат овде, па да ме гледате Среќа никој и ништо сум иначе од инает ќе ги терав да ме стават Лутка са насловне стране од али експрес.
Еми како сакаш да пиеш 100% тен сок од праска по цена од 40 ден /литро коа кг праски се 50 ден? Јас си пијам такви сокови. Не заради тоа што мислам оти се здрави. Вкусни ми се упм И тие чоколината, медолината за деца ... Маф ги правам
Јасно мине дека не е 100%,само како дозволуваат да пишува на пакувањето дека е 100% апла лажење е. А у медолино уште мед да има аха
Јас купувам наши, ама Милком. Само од тоа кисело млеко ми излегува супер потквасено. Ај малку реклама да се опорават после пожарот
Битолско за мене па и не е некое квалитетно млеко. Од домашно поубаво нема. Ова сега се 90 посто хемија млеката по маркетите. Дека има 10 витамини во чоколадно млеко, мало сутра.
После 6 год возраст млеко пресно НЕ ни има потреба да се пие. Нит домашно нит никакво. Фајде од него нема. А јас го конзумирам како напиток за освежување Да не ме прочита само @Alishan30
Сите шо не го бендисвате Битолско, само такво да наоѓате по маркети. Мајтап на страна, јас ретко пијам млеко и доминантно расително, не знам оти толку жестоко го бранам. Исто така, Фемина, навредена сум, дојдов со ќеф од пц да видам рекламата и аш бубето ја нема. Или кај Битолчани не рекламирате оти веќе знајте дека сме верни за идејата за Голема Битола?
Ајде сега не претерувајте. Вчера купив демек смути за ќерка, дете вика има вкус на бомбони Го пробувам,, ни м од млеко, ни ј од јагода. Некој мултинационален бренд, протеински пијалок штотијазнам. Ако битолска е би милк, им го пиев јогуртот во Хрватска летово и топ беше. Ова не е платена реклама, озбилно.
Јас кажувам што направив и што добив. А тоа е знак дека не е млеко тоа што пиеме. За вкус не дискутирам убаво е, посебно густиот јогурт го обожавам.
@Biljarkata да не идеме оф топик ама знам за кое "смути" зборуваш. Катастрофа, никаков квалитет, битно цената му е вртоглава.
Има Бимилк Хрватска? Знам дека Имлек и Бимилк се исто, дека имлек во Србија е во Битолска правен, а Имлек во ХРватска е во Босна