Јас сметам дека на многу идни генерации би им служеле твоите ставови и мислења околу отворен брак и секс општо.
Знам. Имаат право да ги користат, доколку сум член на форумот. Ако прстанам да бидам, немаат повеќе право на нив.
Милиoн мислењa имa, вo еден куп дискусии е вклученa, кoгa ќе читa некoј пример кaкo дискутирaм сo неa, мoите мислењa ќе ги имa a нејзините не? Или и мoите тoптaн сo нејзините? Или целa дискусијa ќе јa бришaт?
Јас колку што знам стојат мислењата и на други банирани членови. Нема логика да и се избришат мислењата.
Мислењата можеби се твои Вајлд, но форумов не е.. https://forum.femina.mk/threads/Правила-на-форумот.44/ Убаво стои во правилата дека корисничко име не се брише.. Така да, не гледам зошто би го барала тоа ако е вон правилникот?! Ако се избрише корисничкото име, ќе излезе дека 80% од луѓето тука се ненормални... си зборат сами со себе и си цитирале непостоечки мислења.
Како за школован детектив, слабо стоиш со законите во државава. Ама и не е ново тоа... Ај сега, најдете си друга занимација. Не се однесува на ни една од вас муабетов.
Некои форуми ги чистат мислењата на членот што побарал бришење, и оставаат на нивно место празни мислења. Други бришат сите мислења од член и сите одговори на тие мислења. Не дека е рачна работа Ама се сложувам дека според правилата на форумот - мислењата не се во нејзина сопственост и не може ништо да направи за тоа. Сама си дала согласност со тоа што се зачленила и пишува. Тоа е нешто што зборам цело време, дека сме креатори на содржина за без пари, т.е. обработуваме и за форумот, и за социјални мрежи за кликови, не плаќаат во кликови и лајкови Не реков дека треба да се избришат, мислам дека не треба и дека нема. Само реков дека има начин и дека се бришеле без трага и глас мислења и претходно. „Нема начин“, „не може“ не се одговори. И има начин и може. „Не сакаме“, „сама си ги напиша мислењата - знаеше дека не бришеме“. Тоа е веќе реален одговор.
Не постои Закон за бришење профил на Форум,во ниедна Држава во Светот.Затоа на секој Форум што постои,си постојат и правила,на оној кој му одговараат правилата ке си биде Член,на оној кој нешто не му се допаѓа нема да има Профил.Јас потполно те разбирам,и јас неколку пати сум барал да ми избришат Профил ради Х мој причини,но сепак правилата се други и не се брише Профил,па се соочив со тоа дека,или ке го користам на друг начин мојот Профил или нема да се уклучувам ич на Форумов.И еве си го користам лабаво,а ке го користам уште по лабаво,се додека не ми здосади скроз.
Кои се тие закони, љубопитна сум, ако може да ме насочите кој закон и член да го барам или скрин шот?
Нема такво нешто,затоа и се ставаат Правила на Форум,за да се заштитат од непочитување на Членови на тие Правила.
И јас така кога престанам да работам ќе им речам сѐ што сум сработела додека ми траел ангажманот да престане да се користи кога ќе напуштам. Јухууу, кој хаос ќе настане
@WildMk дадо, знаеш дека те почитувам ама нема потреба од драма. Како и да се одлучиш, ќе фалиш по темите со твоето "плескање" и мрчење.