Единствена опција било да не пишуваш и да не го користиш форумот, јас еднаш прашав. Не може да се затвори, ниту да се избрише профилот.
Те плаќаат во „допаѓања“ и „популарност“ Во бонови, како Ѕинго Даваш работа и труд на форумот, сметај го како волонтирање, како неплатен труд, како робување - како сакаш. Газди се и како газди се понашаат. Плус на зачленување НИКАКОВ ДОГОВОР немаш потпшано, оти немаат ни услови да прочиташ пред да се зачлениш. Нема ни штикла „ги прочитав и се согласувам со условите на употреба.“ Едноставно, се согласуваш со се што ќе решат тие, кога речат. Без права си се пријавила, без права ќе си останеш и кога се „одјавиш“.
Јас колку што приметив, некои и топтан ги бришат, зошто гледам некои мои мислења испариле, а не биле ниту навредливи, ниту требало да ги избришат.
Можно е и да постира често во темите „Фемина инстаграм", „Вашето кафе", „Што си купивте последно" итн, и оттаму се добиваат доста лајкови.
Да се дополнам: исто така, мислењата во темите во кафе-муабети (пример: „Ние околу и преку 40 години", „Феминско младинско ќоше") не се бројат, но лајковите да.