Зошто се заклучани сите теми за критики за форумот и темата за идеи на сајтот? Како форум да, фемина е најдобар и најсреден форум не само во МК но и на балканот , следам и српски и бугарски форуми , фемина е неспоредливо најсреден форум, меѓутоа сајтот - Катастрофа. Отепавте на сајтот со објави за деца со Даунов синдром и други посебни потреби и со маченца и кученца како се смешкаат. Ништо иновативно, ништо ново! Ако не можете да напишете текст, или преведете од друг сајт или склопете нешто од мислењата на членките на форумот.
@RainBow Ако веќе бришете мислења што се надоврзуваат на првобитниот пост, избришете ги сите па ќе се правиме дека не се десило. Мислењето што ми беше напишано не беше воопшто навредливо кон никого, мислам требаше да стои за да видиме/те какви се глупости знаат да се пишат од страна на членови на форумов. Само се надевам дека ова вакво нешто не е секојдневна работа у темиве па вака да си пројде ко ништо. Дали баниравте некои членови од вчера или се си е у нормала?
Секојдневна работа е, за жал. Никој не го модерира форумот како што треба. Не знам ни дали знаат што е модерирање...
Аκо дознаете κој е членот пρиватно во ρеалниот живот-не пρавете му пρоблеми, не го оговаρајте зад гρб и оставете го да си го живее животот на ρаат. Тоа што има пρофил на фемина фоρум не менува ниκаκва стваρ!
Не знам што да кажам веќе за модерирањево. Се брише тоа што не треба, останува тоа што не треба. Честопати никакви објаснувања, игнорирање и правење на три ипол. Штета.
Па за то се искарав некни со Реинбоу, и зато ме банира. Ја фатија Вјоша да ја вреѓаат, пријавував, дојде Реин, цел муабет го избриша. Како така? Седни модерирај ко чоек, избриши кај шо има навреди, не муабет од 3-5 страни го мана по уши. На крај мене ме банира оти сум се бунела, Вјоша после глеам, перманентно ја банирала оти била 'трол', а тие што ја навредуваа, ене ги уште си се на форумот. Не гледаат дека е симптоматично, што немаат ни албанци, ни роми, ни опенли геј луѓе на форумов. Ни една маргинализирана група нема, а шо е-шо е... 'Фемина' е името на форумот. Феминизмот подразбира еднаквост, не дискриминација на се' што не е 'македонска домаќинка'. Долга и широка е... ама се' што ќе постигнам е пак да ме банираат... дека 'правила на форумов' и не смееш да им приговараш. Да стоеја постовите кај шо се бунев, ќе знаевте за шо се бунев и за шо ме банираа. Вака, само зборот на Реин се важи. Само нејзината верзија ќе ја знајте. Ако пишам објаснување, ќе ми го избришат. И како да се докажиш во ваква околина? Никако. Кадија те тужи, кадија те суди.
@Laufinam заради што е банирана? Пак не пишувате кој и зошто е баниран. Се сомневав дека е веќе банирана поранешна членка, затоа прашувам.
Ние модераторите не банираме. Кога има потреба банира @RainBow и никогаш не банира зашто така и текнало. За секој бан има добра причина.
Се сеќавам кога еднаш еден модератор по грешка банираше еден член и моравме да чекаме Реинбоу за да го одбанира, така да... И оние троловите исто вие ги банирате...
Тоа беше на самиот почеток кога станавме модератори. Од тогаш само Реин банира. Ние ги бришеме и и кажуваме на Реин, ако треба некој да се банира од цел форум. Инаку ние како модератори имаме право во нашите категории што ги модерираме, да му ставиме бан некому во конкретна тема. Истиот тој може да продолжи да си пишува во другите теми на форумот. Ако има потреба од бан од форумот тогаш Реин банира.
Од каде тоа дека е банирана? Не пишува дека и е недостапен профилот. Заклучени и се пораките и профилот.