Не може ли да се отвори тема (и да се стави на видно место) за често поставувани прашања? Знам дека има тема „Правила за користење на форумот", но е напишана во стил: „Terms and conditions" и се наоѓа најдолу во категоријата „Правила и новости", па често и не се замараат членовите да ја читаат (што не викам дека е ваша вина). Исто така, има голем број на прашања за „практична" употреба на форумот, кои нема како да се дознаат освен ако не се праша тука или не прашаш некој кој е постар член. На пример, таму би можеле да се одговорени прашањата: 1. Дали можам да го избришам/дали може да го избришете мојот профил (знам дека го има во „Правила за користење на форумот", ама 100 пати е прашано и мислам треба да е прво прашање)? 2. Што значи да следам некој член (и каде можам да ги видам неговите активности)? 3. Што значи да игнорирам член? 4. Зошто не можам да го избришам/редактирам мислењето (временско ограничување)? 5. Зошто не ми стига известување дека сум тагнат/а (мислам на она: „само првите 5 и ако не е редактирано мислењето")? 6. Кој е максималниот број на слики кои можам да ги прикачам? 7. Кој е максималниот број на видеа за кои се појавува слика (thumbnail)? 8. Како да цитирам повеќе делови од нечие мислење без постојано да се познава името на членот (Пример, ако ме цитира некој и ми го исецка мислењето, да не пишува постојано “pdb123:". Можеби е неважно, ама ете јас не знаев додека не прашав постар член)? 9. Како да ставам GIF? 10. Колку „титули" постојат и како се добиваат (истакнат, активен, популарен член итн)? 11. Како да ставам GIF на аватар (и ограничувања за пиксели)? 12. Дали модератор на тема може да банира некој член од некоја тема/трајно од форумот? 13. Кај кого стигнува известување за пријавените мислења? ... Има сигурно и други прашања на кои не можам да се сетам, а многу веројатно е и да сте ги одговориле минимум по 100 пати тука или во други теми, но никој нема да бара 400 страни наназад во оваа тема или да ги бара низ другите теми во „За форумот", кои и онака дел се застарени и напишани пред 10 години.
Не се обидувате да и' помогнете, се обидувавте да ја натерате да мисли ко вас. Мислам.. да... не се согласувате, навреди паднале, ама што очекувате, кога ќе се фатите со некој за врат за став? Разбирам да барате да ги избришат навредите, ама да ја банираат? Сите навредувате. За сите треба по еден бан... ако не. Нека си пишуваат модераторите сами.
Никој не ја навреди неа, а и апла се гледаше дека е трол. На шо лиши тоа да не нарњкува "рошли", да вика дека "к*р ја боли", да се заканува дека ќе ни нашла адреси и што уште не..
Добро што ви е проблем? Многу е просто. Внесете грешна лозинка на логирање, ќе го заклучите профилот и толку од кариерата. Јас да бев, сите што барате некој друг да биде баниран (во оваа тема) ќе ве банирав. Многу е досадно без школо и обврски, а? Се пишува на администратор ПП и се регулира, вака е сеир.
Не е трол. Се обидува да го одбрани она во што верува. Башка, не знае да цитира и спојува мислења... нова е на форумот. Полека малку.
А зошто мора да те банираат? Не можеш да се воздржиш сама да не се приклучуваш на форумот? Ако бараш да те банираат со мисла дека ќе ти ги снема мислењата од форумот, тоа нема да се случи. Стојат мислењата и името/аватарот и на други банирани корисници, така што ќе стојат и твоите мислења, само нема да може никој да те тагне во нови мислења и профилот нема да ти е достапен за гледање. Еве уште едно прашање: 14. Што се случува со мислењата и профилот на банираните корисници? Или: Дали се брише профилот и сите мислења на банираните корисници?
Ama ne, taa sumnja deka sum nekoj si chlen Nevitno21 i zazatoa sega sakam da napravam kako taa chlenka za da me baniraat.
Kako prvo i mene me vregjavte mojata profesija ne ismejavavte so vesna deka sme ludi pa nikoj ne bi bil ramnodysen na seto toa. Ne treba vie da mi kaxete vo sto da veruvam temata e gatanje i baenje za toa i spodeluvame bajaci gataci iskustva so niv.