Ако мислите дека е трол, пријавете а не сте изнапишале 3 страни и ја зафркавате. Нормално ќе се брани. Какви навреди кажала не знам, бришани се мислењата најверојатно ама првично не гледам зошто да се фаќа сеир на било кој друг член.
Само нејзина е темава? А навредите што ги упати? Јас ја пријавив и гледам колку преземаа нешто. Веќе никој не пријавувам.
Е бога ми јасно ми е зашто има проблеми во животот кога посакува зло на други луѓе. @Pufcedijanasteve ај одлучи се веќе идеш или не идеш по гатачи Чим не си прочитала не знаеш за што зборуваме, мислењата и беа психопатски
ovaa li e chlenkata nebitno21 shto ja kazhuvash? Ne znam shto napravila, mozhesh li da mi kazhesh shto napravila @marija305
Tuka lugjeto si kazuvaat sto maka imaat toj sto ne osetil na svoja koza neznae kako mu e no ima ete devojkite im e smesno toa.uste me vregjaa sramota.koga ne veruvaat vo bajacite i gatacite ne trebA da komentiraat i da se mesaat vo tugji muabeti
Почнаа со убаво да и кажуваат, она и се нафрли на @Kimberly11 зошто им упаднала во муабет. И да, нема право да кажува кој коклку пати одел во црква или не знам каде. Нема да се објаснувам повеќе. Она почна со вреѓање, никој не и се нафрли прв.
Гледам дека темата е чистена ама се гледа дека ја зафркаваат. Може за неа тоа е исправно, може културно да и се посочи поинакво мислење а не така. Инаку, се согласувам дека треба побрзо да се реагира. Може фалат повеќе модератори. Навреди не треба да има од двете страни.
Извини, ама дебела метла си бара таа тема. И лично јас да се прашувам, не би ни постоела. Може кој во што сака да верува, тоа не значи дека е ок да се разменуваат броеви и да се "даваат совети". Не е помош ако некој реши да скока од мост, да му помогнеш да скокне.
Дали за тебе е смешно прашањето за одење во црква и за посета на психолог? За мене не. Она од тоа се навреди. Имаме право да пишуваме во секоја тема. Има и други што веруваат во бајачи, па се сосема ок и не се однесувале вака.
Па секако дека ќе се навреди, таа не гледа решение во психолог, во друга тема ќе пишеше да беше така. Темата е бизарна, не ни треба да постои според мене.
Јас освен ова со гатачиве имам уште еден предлог, да не паѓаат некои членки во несвест кога некој ќе праша прашање од типот Дали сум бремена и кога ќе ја опише својата ситуација. Не мора ваѓање учебници по биологија, муабети од типот Леле ти одеше на школо, Информирај се колку си неинформирана и слично. Мислам, океј е, не сте добиле докторат од харвард ако знаете како се оплодува јајце клетка. Какви навреди имам таму прочитано за обични прашања. Последно што прочитав една членка имаше прашано дали ако добила менструација на 28ми, следниот месец треба пак на 28ми или порано/покасно, не и беше јасно како иде тоа. А бе за 2 секунди се појавија наставничките. Сериозно таму треба малце ред да се воспостави.
Не беше така како што пишува членката, многу ги извртува работите. Не знаете што сè се пишуваше во темата. Прво ги набројува сите бајачи, раскажува искуства со нив, па колне, се заканува, а после се прави ко ништо да не било и вика дека не иде по бајачи
Читаат луѓе кои имаат потреба од вистинска помош, а темата е класичен enabling да наоѓаат разни шарлатани, па кај си имаат реална мака, и пари на истите даваат.
Целата поента е дека многу внимание и оф топици се пишуваат за некој за кој се мисли дека е трол. Прво ќе се испишат 5 страни, и ќе се тупи едно исто па се бара банирање. Едноставно кога ќе видам нешто такво, попрво само ќе пријавам и ќе оставам модератор да среди, отколку јас да исправувам криви дрини. Тешко дека некој кој верува во бајачки, јас ќе го убедам дека не е така. Еднаш ќе посочам мислење, ако видам дека нема фидбек, не продолжувам уште 5 страни.
За ова се согласувам. И јас сум за воопшто да не постои таа тема. Ама за тоа што постои, не се 'виновни' членовите, туку модераторите и администраторите. Тие треба да модерираат, што и како се промовира на форумов.