Навредлив збор и slur е кога кој било неалбанец ќе го каже зборот на друг (свој) јазик освен албански. Исто како што е the N word кажано од човек што не е црнец, и „педер“ по темите за хомосексуалци. Кај нас општо не се крева толку врева за вакви зборови сами по себе, ама не знам па што е толку тешко да имаш основна култура и да користиш коректен термин. И срамота е администрација да застанува зад „правото“ да се користат навредливите
Одамна не сум администрација, не ме мешај таму А за другото што си го пишала..врска немам што значи slur на албански..знам само на англиски. За педер се сложувам..за n word не баш. Бидејќи сум слушнала и белци да им се обратат така на црни луѓе а не се навредиле.. Се е во умот и менталниот склоп..
Видов и други слики на 'На срце ми лежи', затоа постирав слика. Кој е модератор на Скриено катче? @RainBow ?
Мислам дека треба да чкртнеш некој збор, за да се квалификува мислењето за таму Оти има др. теми за слики со пораки само (вашите чувства преку слика, слики со пораки итн.) Исто и не можеш само песна да ставиш.
Избришав повеќе слики од таму. Пријавете ако забележите и пред да постирате прво прочитајте вовед во темата. Убаво е наведено во воведот што може да се постира.
До кога мислите да ги толерирате оние во Гатање, баење? Колку пати до сега е пријавувано, цело време броеви објавуваат јавно, навредуваат членки, ги прекршуваат правилата и пак ништо. Зошто не е тогаш за сите исто?
Џабе ги банирате, пак ќе се појават. Темата е проблем како таква. Едно чаре има ама вие си знаете Друго сакав да прашам- @RainBow кој креира нови категории на форумов. Има цела секција Убавина и Мода, па подфоруми за коса, лице, нозе, штојазнам, има подфорум Религија, Литература и уметност. Не ли е време да се отвори подфорум Интернет и технологија, наместо да се полни и станува непрегледна онаа за Општи дискусии? Теми од типот Социјални мрежи, Интернет, апликации, 5Г. Такви теми веќе постојат, ако треба помош да се издвојат и префрлат и помош ќе понудиме. Еве @theowndemon ќе ја тагнам, ако треба да гласаме ваљда ќе гласа ЗА.
Не можам јас тоа, за жал. Кога ќе се може, тогаш. Се чека и за дом да се растерети малку со милениците.
Стварно не разбирам што ти сметаат тие теми? Еве мене ми сметаат теми за 5г и за тоа колку е штетно и како не трујат бла бла...ништо корисно.