Baram temava da se preksti vo Prashanja I odgovori so Wild. Zatoa nema denes ni protesti ni revolucii
Не е 'одбрана' после саат - два, два дена. Физички напад е. За шо има измислено закони бе, ако е во ред да се тепаме меѓу себе? И што сте вие поразлични од оној/онаа кој/а ви ја нападнала најмилата ви личност? Исти сте ко нив. Насилници. Што е вашево поинакво, од Средниот век? Ако не, ај и Инквизицијата да ја вратиме.
ОК,не е кога не е во моментот. Ама,не можеш да збориш дека некој е ист како насилникот.Не секој би удрил иако рекол.Некој и да удри,нема да биде со иста мера. Полицијава не е многу заинтересирана да постапува како што треба. Народов не се замара да протестира како што треба. Можеш ли да го смениш народот? Не можеш.
Не простестира... зафатен е со тепање. Абе не да се тепате... отепајте се ако сакате. Не ми се објаснува поќе
Постот ме потсети на мајката на едното дете кое проба насилно да го присили внук ми на орален секс што се соблазнуваше од мојот вулгарен речник, таа педофил израснала, мојот вулгарен речник упатен кон нив е невоспитаност. Инаку татко ми го претепа бившиот мој што ме претепа мене и тоа од кога излезе од затвор, да не го однесоа веднаш во затвор со брат ми ќе го убиеле. Тој не го ни пријави татко ми зошто си знаеше зошто му е ќотекот. Одлична му беше главата, одлична и капата. Браво за тебе ако во случај не дај Боже некој да ја претепа ќерка ти можеш да си останеш рамнодушна и да чекаш од системот правдина, не секој може, не секој треба. @Jana06 и твојата споредба е што да ти кажувам, дете не смее никој да ми пипне, ни јас а не па некој друг, не се тоа двојни аршини, двоен аршин е ако кажам јас можам да тепам а ти не.
To the point Многу вакви нелогичности и двојни аршини има по форумов. Јас претходно имам истепано еден копук кој ја малтретираше сестра ми, а за дете? За дете би убила
Ти убедуваш и се упикуваш у секој муабет. Од досада секој ден нов збор фаќаш на рандом член и малтретираш со глупи ставови. Напорна си и не знам како уште те трпат на форумов оти го уништуваш. Вчера игнор ти мавнаа на 40ка, па немаше кај ај се другата тема ќе ја барам да си најдам работа. Олади малце и олади не сите од тебе на форумов.
Не и ја разбра поентата. На темава, многу ликови се изјаснија дека се за насилство, додека истите тие во темите за воспитување на дете паѓаат во несвест ако некоја мајка каже дека го потегнала за раче посилно детето или му подвикнала. Ова е нелогичност и двоен аршин. Како може да ти смета “насилство” врз дете (иако ова што претходно го опишав не е насилство) а од друга страна да пропагираш и поттикнуваш насилство? Јас пишав погоре (да не рече некој дека глумам лудило) за дете би убила. Ама исто така не сум прва со критики, паметувања и паѓања во несвест во темите за воспитување на дете, пошо глупо е да се правам светица, нели?
Абе моето размислување не е многу различно од твоето, прашањето е дали би го истепала и твоето дете ако нападне туѓо дете.
Полека малку.Не секој што пишува дека ќе тепа,стварно ќе тепа.Некој и да удри насилник,може нема да го удри со иста мера.
Има разлика од тепање на своето дете оти се извалкало а ти си неспособна да го научиш, до тепање на насилник кој ти го тепа детето. Се вика двојни аршини за иста ствар, не за две дијаметрално спротивни. Тепаш дете кое е неспособно да се одбрани и тепаш некој кој ти тепа дете. Не е исто
Абе вака и Брејвик си рационализираше пред да се распука. И Осама Бил Ладен да го прашаш, и тој оштетен е. Нема криминалец кој нема 'објаснување' зошто бил насилен. Сите имаат. Тоа не го прави насилството валидно... сеуште е насилство... Тепајте се. Почесто да се тепате треба.
Вајлд ние ќе си ги заштитиме децата како знаеме, ти седи на форум и исправај апстрактни работи. И стварно, до кога форумов ќе дозволи еден член да малтретира секој ден по еден друг член? Стана тужи баба форум, у превод вие модератори и админи сте глупи, јас ќе тужикам и ќе ви кажувам кај да внимавате оти сте неспособни а притоа ќе ги тормозам членовите за секој нивни став и да биде како мојот.
оТи СтЕ зА дА тЕпАт ВоЗрАсНи, А зА дЕцА кО ќЕ рЕчАт Не ЧиНи. Инаку на темата, јас сфаќам шо сака Вајлд да кажи, нема смисла да ја убедвате да оправда насилство иако самото мислење, лично, не го толкувам како повикување на насилство туку поќе свое гледиште после интроспекција на свои реакции. Ама во исто време афект е ако некој ти повреди некој толку близок кон тебе да имаш агресивна реакција. Јбг. Ама for the love of God, не споредвајте со тепање деца. Не паѓајте толку ниско. Различни ситуации се.
Ама ако стварно девојчено ви е дете, тоа говедото не се разбира од збор, стварно ќе чекате полиција да го реши? Џизс Дајте кажете кај е таа земја Утопија, кај што врснички булинг со разговор е решен, еве утре поднесувам документи. И кај што полиција успеала во целост да ги реши сите вакви ситуации.
Ја разбрав поентата и споредбата сеуште ми е нонсенс а и никој не пропагира, ниту поттикнува на насилство, секој кажува тој како би настапил а не поттикнува никого да го направи истото Не сум светица, децата не сме ги пипнале со прст и не може во другата тема да ме убеди никоја дека шлапкање по пелената, скубење за коса итн не е насилство врз детето, 99% го прават тоа од што не знаат да се справат со детето, незадоволни од животот се истураат врз детето и нема никаква врска со случајот ако некој нешто ми направи на детето дека нема да се пресметам со него, не подржувам насилство туку си го подржувам детето, нема за мене тука двојни аршини. Детето како дете или возрасно дете, зошто има разлика. Маливе се имаат до сега одбрането од bullies не почнале први и нема зошто да им го санкционирам однесувањето, имаат право кога ќе ги напаѓа некој да се одбранат, први никогаш не почнале од чиста мира да натепаат друго дете. За повозрасни кога ќе бидат не верувам дека би биле склони кон насилство кога никој не е насилен во нивната околина, не се тепани, не гледаат дома ќотек секој ден, за да се одбранат да, први да почнат не, така да нема зошто да ги тепам.
Ок, како ќе кажеш Според тебе (а и останативе) еден вид насилство е оправдан (без разлика на причината) а друг не? Инаку, во случаите што ги наведе членката не се работи за насилство воопшто, туку некоја мајка кажала дека посилно го потегнала за раче детето и одма напади, паѓање во несвест итн.... а од друга страна истите тие пацифистки се први за да делат ќотек Ок
Ај сите вие пацифисти на темите за воспитување на дете, објаснете ми која е разликата од еден до друг вид насилство? Како може еден вид да оправдуваш, а друг не? Или си за насилство или не си. Просто е. Ако одиме по вашава логика и мајките кои ги шлапкаат децата по газе исто размислуваат дека е оправдано. Може во вашите очи не е, ама во нивните е. Исто како што сега вам ви е оправдано да го претепате насилникот на детето (и мене ми е) а некому не. Двојни аршини се, како и да свртите. И често ги има на форумов, за најразлични теми.
Јас сум против било каков вид насилство ама удар на 2 на 5 на 15 на 25 и 55 години различно се перцепира зошто постојат ... развојни фази. И како такви, различно влијаат на идното ментално здравје. Ова е многу важно да се избегни во раните развојни фази ( читај: дете), шо не значи по дифолт дека насилство е океј. Не е океј во ни една фаза. Само значи дека во раните развојни фази има трајни и многу посериозни последици.