Не, не е. Да си насилен кон мало дете е едно, кое најголема грешка што ја направило е што пипнало што не смее, или пошло кај не смее, а во случајов зборуваме за "дете" од 22 години. Дете од 10 години ни туѓо ни свое не се тепа, мешате баби и жаби.
За врсникот прво постои разговор со родители, пријава во полиција, па потоа ако ништо од ова не вроди со плод, закана вербална кон фраерот. Ако и тоа не вроди со плод, неколку чврги ќе вродат.
Е сеа, ај да земеме друг агол. Го прокламираш отворениот брак. Имај си го, ама не го валидизирај. Еве, за мене поддржуваш промискуитет. Тоа што за тебе е нормално, за мене не е!
Зошто споредуваш неспоредливи работи? Ако детето ти порасне 18годишник повисок од тебе и те истепа, слободно врати му, никој нема да те обвини. Ако си го тепаш детето дури е мало пошо се извалкало и другите ти се нафрлат, има зошто ти се нафрлуваат. Никој не збори за тепање од чиста мира. Туку некој идиот ти го тепа детето, а детето не е во состојба да се одбрани. Па му покажуваш на идиотот како е да биде од другата страна, кога тој нема да може да се одбрани. Taste your own medicine
Не знам кај пишав дека е мало и дека е извалкано ама добро, така се добива поинаква слика. Едноставно е, и двете се насилства - оправдано или неоправдано. Ако некој е толку гласен за едното, нека биде и за другото. Или најубаво, секој нека си гледа во својот двор.
Ај вака најпросто. Удираш мало дете, поточно тепаш, шансите се дека тоа ќе му се одрази во развојот зашто тоа е период кога се развива мозокот и се оформува личноста. Удираш голем човек кој претходно натепал некој друг и се фали со тоа - единствено може да не му текне пак истото. Не, ниту сум се тепала ниту имам такви намери во животот ама споредбиве што ги правите се глупи.Една работа во еден контекст е една, во друг друга.
Ама јас не ги споредувам двете насилства туку ситуациите во кои се оправдува/не се оправдува. Реков, се удвоиле стандардите на луѓето кои беа строго против насилство. Нит реков дека сум за насилство над дете, нит дека сум против доколку институциите не функционираат. А во случајот, насилникот е исто дете. Пубертетот не е развојна фаза? Тоа дете нели е беспомошно ако го нападне некој 30+? Дали ќе го истепате вашето дете ако нападне друго дете зашто нели почнало прво?
Јас не знам како не ја сфаќаш огромната разлика меѓу двеве. Озбилно не знам на кој начин да ти напишам поинаку. Кога некој го тепа детето надвор, твоето дете НЕ МОЖЕ да се справи со тоа насилство. Ти како мајка МОЖЕШ да се справиш со се' што прави едно дете, па затоа не смееш никогаш да го тепаш. И која ти е поентава да збориш со сарказам како некои реагирале на мајки што напишале дека си ги тепаат децата. Па нормално дека ќе реагираме. Најодвратните луѓе се тие за мене. Мајки што се силат на мали деца пошо се посилни. Вакви насилници што се силат на врсници пошо се посилни. Не ми си јасна која ти е поентата? Ние реагираме на секаков насилник кој се сили на помал. Една имаше напишано дека си ги тепа децата затоа што ЗАСЛУЖИЛЕ, а нејзе мајка и ја тепала и кажува како и фалела мајка. Се' ова напишано во една реченица. И сега треба да заплачам јас на постовите кај што пишува дека и фали мајка? Ич не ми е гајле за нејзините жалопојки. Пошо наместо да научи лекција, таа станала насилник исто како мајка и. Децата не си ги жали, ама за себе си цмиздри. Ако некого тепаш и некој ти покаже како е да си тепан - си заслужил 102 посто. Едноставно никогаш не почнувај прв. Ама ако почнеш прв - биди спремен да се соочиш со родители кои ќе ти покажат како е да си послабиот. Ја паметиш веста, еден дечко ја снимал девојката во секс без да знае таа и после и се заканувал дека ако не му плаќа пари мислам дека беше, дека ќе ги објави сликите или снимките. И женскава го викнала дома, спремна со двајца машки, го фатиле, насловот на статијата беше "му извршиле полови дејствија" што и да значи тоа, не беше конкретно наведено во детали, а девојкава снима. Па ајде де објави ги сликите и снимките сега, ако ти држи Не дека јас би постапила исто да сум на нејзино место. Ама дека ме заболе за дечкото, не. Око не ми трепнува за таков сељак. Си барал беља и си добил. Карма
Ама не е извртено, се вади од контекст. Не се воспитува дете со ќотек. Ама се БРАНИ дете од/со ќотек. Не се споредува логиката зад ударот на 2, 5, 10, 13 и 17 годишно дете. @theowndemon одлично објасни. И за тој од 15 постои ненасилен "лек" ама ако родителите и институциите не реагираат, ќе реагира родителот на жртвата. Не е исто се степале во градинка, и хај скул булинг.
Она што не ми е јасно е како мислите да го прекинете тој круг. Еве да речеме одите и му удирате ќотек на тој кој го повредил вашето дете. Следно знаете ли што може да се случи? Да собере група насилници и да го претепаат повторно вашето дете. После тоа што ќе направите, кој е следен чекор, да го убиете? Никогаш нема да разберам примена на насилство, во било која форма и било каде. Не сум насилник и никогаш нема да бидам. Единствена причина која може да ме натера да удрам човек е во самоодбрана. Ниту една друга не постои и нема да постои.
Дете ќе имам ако јас посакам, а не ако ти ми речеш. За останато ти си последна особа со која планирам да дискутирам.
Во право е Јана. И "насилникот" во случајов е дете. Ако више збориме за тепачки, би требало родителот на девојката да го истепа родителот на "насилникот". Односно сите кои би го истепале треба да го истепаат родителот ,а не детето. И јас би го бранела своето дете ,но таму кај што треба,би ги собрала мајка му и татко му,тие се одговорни за малолетници.
Срцка, мене ми е гајле ти дали ќе имаш дете или не. Само ти посочувам дека не си во состојба да ги обвинуваш родителите пошо не си родител. Едноставно, го немаш искуството.
Прво срцка ќе викаш на тие што те лајкуваат, мене не. Второ колку што знам на форум сме, па колку што ти имаш право да се искажеш исто толку имам и јас. Воопшто не мораш да ми објаснуваш како е да си родител, не го побарав тоа од тебе, ниту па ме интересира што ти мислиш за моите мислења. Не ти се обратив тебе. Слободно заобиколи.
Зошто да не, баш ми си срцка А баш пошо е форум, ќе те заобиколам ако јас сакам, не ако ти ми кажеш Иначе оф топик Нели не дискутираше со мене