1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашање за форумот?

Дискусија во 'За форумот' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2012.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темава заборавам во која тема всушност читам 8-| Прашање за форумот ли е или за тепачки :drunk:
     
    На Bozica1980, Amellie13, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Физичкото насилство вратено назад, при загрозување на нечиј физички и психички интегритет, е најприродното нешто на светов, и илјада пати поделотворно од сите ваши апстрактни закони за 'заштита.'
    Филозофиите дека се може да се реши со убав збор се чисти фантазии од луѓе кои немаат додирна точка со реалноста.
    Кога насилникот иницијатор ќе увиди дека има наидено на 'тврд орев' се повлекува.
    Кога еден bully наидува на булинг и самиот, едноставно престанува со тоа што го прави.
    Око за око,заб за заб. Амин.
     
    На SandStorm, LiliBoz, burthdaykake и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    87.201
    Пол:
    Женски
    12 год дете истепа врсник во маало, мајката на истепаното го истепа,после излезе таткото да ја истепа мајката.
    Така треба?
     
    На Bozica1980, DAngel, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Воопшто нема потреба да ми објаснуваш мене зошто се пронајде, за насилството па уште помалку. Мене ми е јасно - без сарказам :D
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.881
    Пол:
    Женски
    Не мора некој да има дете за да може да каже дека не оправдува насилство во никаква форма. Цивилизирани луѓе сме или диво племе? Да, боли близок да е малтретиран, во случајов физички, ама тоа не значи дека треба да враќаме во иста мера. Секој со својот памет, додуша.
     
    На WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Имаше баба ми еден комшија ги млатеше жената и детето секој пат кога ќе се начукаше. А се начукуваше многу, многу, мноооогу често. Жената сирота на дождлив ден со наочари за сонце еднаш ја имам начекано, со детето имаше многу неубава ситуација. Учителката случајно го допрела кога поминувал и се свиткало од болка дететво. Го тргнала настрана и му ги турнала панталоните, што ќе види, детево модро по цели нозе. И модрици како од сува гранка, како што го мавал, така помодрело.

    Не знам колку пати викаше полиција жената, идеа, правеа записници, го влечкаа во станица, ќе се отрезнеше и пак дома ги малтретираше. Ги скапуваше од ќотек, цела улица кај баба ми бегаа кога ќе го начекаа. И така тоа се повторуваше и се повторуваше, се дури еден ден не и ја скрши клучната коска на жената. Не знам со што ја имаше удрено, битно знам дека и ја скрши. Тогаш брат и собра некои другари и му отидоа на овој, мислам дека го раскостија од ќотек.

    Дали ми е жал? Ич не ми е, најискрено ви кажувам. Не можам жал за тој ѕвер да осетам, едноставно не можам.

    Дали сакам да постои свет каде што нема да се случува вакво семејно насилство? Сакам, ама тоа нема да се случи.

    Дали сакам да постои институција што ќе го казни секој што ќе дигне рака на послаби? Сакам, а тоа е многу возможно. Доволно е да си лежат по некоја година и да им се зема старателство ако докажат дека ги тепа. Слободно сметам дека треба да си посети ќелија секој насилник. Кај нас нажалост ова го нема.

    Дали кај нас има таква институција? Не. И не само полицијата како институција, многу се потфрлени и институциите што се грижат за малолетници кои го прекршиле законот. Баш лани ја објавив статијата дека ги кљукаат со дијазепами и уште не знам какви врагови, без суштински и есенцијално да се навлезе во проблемот и да се пробаат да направат обрт кај такво дете.

    Таквите насилници се причина за јад и болка на многу девојчиња, таквите прават јавни соби, таквите споделуваат интимни фотографии, вршат секаков вид на булинг на послаби од нив, тепаат, неретко силуваат па ги читаме во темине како мислат оти ожениле некоја имаат право да и прават секакви ѕверства и слично. Почнуваат како проблематични деца, завршуваат како комшијата погоре.

    И многу, многу, многу сакам да има соодветна институција да ги реши ваквите. Кај нас нема. Сакате верувајте, сакате правете си филмови дека полиција ќе реши нешто, верувајте во што сакате. Реалноста е друга. Кога некој ќе нападне некој што јас го сакам, а нема никаква институција да го заштити, нема да седам со скрстени раце, па нека ми е последно ако треба.

    Никогаш, никого нема свесно или намерно да го повредам, ама мое дете исто нема да трпам некој да го малтретира. И не е никаков двоен арашин ако го штитиш твоето од опасност, а одвратно ти е ќотек кон дете. Исто како што има убиство со умисла, убиство во самоодбрана, несреќен и планиран случај.

    Од мене толку.
     
    На Love 83, Bozica1980, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.229
    А што ќе направиш ако родителите на тоа дете мува не ги лази? Школото, полицијата не се доволни со нивните "мерки"?

    Најчесто малтретираното дете го префрлаат во друго школо. А зошто? Кај тепано, малтретирано, па и уште "криво" да се осеќа и дека мора да се повлече?

    Да, разговор со родители и институции е прв чекор, ама нема до вечност да оправаш туѓо дете, посебно не на раб на полнолетство.
    Па не може едно дете да е жртва на булинг и на физичко насилство секогаш.

    Не така одамна бев средно, некои од тие што беа најнасилни, никој не им обрнуваше внимание. И истите деца секогаш подебелиот крај го добиваа.

    Насилните деца не се случајно насилни, од некаде учат, најчесто од оние кои треба да ги научат да не бидат насилни.
     
    На Bozica1980, bittersweet, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во што се пронајдов бре, за што збориме? :|
     
  9. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.819


    Ми се повраќа од вакви коментари.


    [​IMG]


    Многу сте лицемерни, демек пријателки на форумот, ама со зборови повредувате.

    Не ми е за мене, јас не сакам во мојот живот да имам деца. Ви треба осет, ве читаат друга екипа жени , ц ц ц

    Како би реагирала @Bubce38 и оние од вештачко оплодување , да им плесне некоја со збор ....ПОШО НЕ СИ ТИ РОДИТЕЛ, НЕ ЗНАЕШ КАКО ТРЕБА .


    Ич бе немате осет и почит кон оние што ве читаат на форумот и умираат да добијат дете.
     
    На Alishan30, buba4e89, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.229
    Па не треба да имаш дете за да знаеш дека би го штител од се', по секоја цена. Мене ми е па тоа најприродна реакција на родител. Мислам, ако ти не го штитиш, кој?

    Мене ми е ептен чудно да знаеш дека некој упорно ти малтретира дете, а негови родители и институции не го решаваат проблемот, и да речеш - ах, јебига, не сум насилна личност, ќерко, снајди се.

    Мислам... д фак?

    Нек сум најнеандерталец, ама со среќа нека е на секој насилник што мое ќе чепне. Кога ни родители, ни школо не го воспитале, ќе го воспита малце стравот што ќе го осети.
     
    На bittersweet, Dust, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Зборувај ми за сарказам 8)
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ох господе.
    Поентата на постот е дека многу работи што ги кажале луѓе дека нема да ги направат кога ќе се родители, а немале деца, ги направиле кога добиле деца.
    Многу е лесно да се правиш светица кога не си осетила на своја кожа.
    Не за дете, за се' е така.
    А ти ако мислиш дека бубче ќе се навреди од дискусијава, немаше воопшто да ја тагнеш.
    Ама изгледа ептен сакаш да прочита нешто од кое ти мислиш дека ќе се растревожи.
     
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.819


    Јас јадам лајна за делот ПОШО НЕ СИ ТИ РОДИТЕЛ

    НЕ ЗНАЕШ КАКО ТРЕБА ОТИ НЕ СИ РОДИТЕЛ


    Си знаат жените од вештачко оплодување дали ги погодуваат тие зборови.


    Ама не бе , најлесно е да му плескаш ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО, НЕ СИ ТИ РОДИТЕЛ


    Повредуваат тие зборови кон жени кои со цело срце сакаат да добијат дете, да се остварат како родител


    Затоа пројадов гомна да се има ОСЕТ
     
    На Alishan30, buba4e89 и Tea678 им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Оф бре Косми, од оние родители што коментираа дека девојчињата сами си го барале што беа објавени девојчиња во јавна соба? Од оние истите што за силувани жени пишуваат пресмешки дека биле разголени, провокативни, не знам какви? Од оние што се толку затуцани што нивниот син мајкин не може да е крив за нешто?

    Сум била сведок кога кажале дека синот е насилен, родителиве да се убијат од смеење 'ехехех па нека се тепа не ко некое педерче со шминки да си игра'.

    Кога имаше борби со деца во Капиштец пред некое време ги читавте ли коментарите? Така тестостеронот се трошел, најнормално било тоа, поарно така него пред лап топ да седеле.

    Со овие родители другар нема разбирачка. Ќе ги пријавуваш, ќе ставиш орлови нокти да не ти наштетат и на крај ќе ти пукне филм што живееме во мрсулов од држава.

    Најмногу од се на свет го мразам ова што пишувам, да ми веруваш. Ама едноставно толку неправда има и толку немоќно некад и помало од зрно грашок се осеќам што стварно не знам како на друг начин би се заштитила во ваква хипотетичка ситуација. Знам дека не сакам во ваква околина дете да гледам, затоа веќе навелико се спремам за друго место, со друг менталитет.

    Оти овде правдина во институција и затуцани луѓе нема едноставно.
    А инаку за се си 100% во право.
     
    На Love 83, Harper, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли кои деца се малтретирани физички и психички ? Оние кои не враќаат назад, и оние кои нема кој да ги заштити.
    Првиве, погрешно воспитание. Природна реакција е ако некој те удри, ти да му вртиш назад у самоодбрана, а не да му свртиш и друг образ, пошто од дома те учат дека 'убав збор' решава све.
    Вториве, имаат родители слабаци, кои живеат у некој утописки свет, и свесно го оставаат детето изложено пред масата од агресори према него, додека тераат некаква си општествена творевина, правда, преку 'институции'.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.229
    Искрено се согласувам дека треба да се има осет, ама овде некако, во конкретниот муабет, не е ни битно дали имаш или немаш деца :D Па и да кажала Мантуб, јака муда искрено, не верувам дека баш на муабетов кој било ќе се навреди.

    Некои работи дур немаме деца не можеме да знаеме како би се чувствувале, не знам што е тука спорно.

    За некои работи не ни треба да имаме деца за да знаеме дека се погрешни.
     
    На bittersweet и Dust им се допаѓа ова.
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.819


    Ја тагирав @Bubce38 за да види колку се правиш светица као пријателки сте на форум и да престанеш да глумиш.

    Ако имаш почит кон неа и другите од вештачко оплодување, немаше да ги користиш зборовите ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ....ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО
     
    На buba4e89, marija305 и Tea678 им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас уште не сум слушнала за дете малтретирано, родителите истерале се' како што треба правно, и детево веќе не било малтретирано.
    Двајцата шутраци од Штип што ја претепаа девојката, со медиуми, со здруженија беше туркан случајот, осудени на 2 и пол години, нели излегоа за 2 месеци?
    Не сум прочитала најново, дали ги вратија, ако знае некој нека каже.
     
    На Bezimenka90, tambelina, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.229
    За жал не е ова локален проблем, него светски.
    Кај и да бидеш, се наоѓа по некој што вака размислува.
    А решенијата... уште ни една држава нема супер формула.
    Повеќе се работи на проблемот, да, ама дека е некаде искоренето...
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ја тагираше бубче пошо те заболе дали ќе се навреди, битно да прочита нешто од кое ти мислиш дека ќе се навреди.
    А не пошо многу се секираш :)
    Факт е дека дури немаш искуство, не можеш да знаеш каков порив имаш во тебе.
    Не за дете, за се е така.
    И ко ќе имаш дете, не значи дека ќе одиш да ги истепаш сите што ти го чепнале детето, еве има родители овде што викаат дека не би постапиле на тој начин.
    Ама нема да ги осудуваш толку и да глумиш светиња пошо разбираш како е да се соочуваш со нефункционални институции.
    Исто ко што можеш да немаш дете и пак да знаеш дека кога ќе имаш, ќе направиш се што треба да си го заштитиш детето.
    Пошо многу, многу е навредливо некој кој не поминал низ искуството, со голема самодоверба да ти кажува дека многу грешиш, јас да бев на твое место никогаш така.
    А уствари многу работи што одстрана викаме јас не вака, кога ќе ти се случат тебе, истото го правиш што го правеле сите други.
    Ама не си се видел во таа улога и си мислел дека се познаваш, ама испаднало поинаку. Најнормален пресврт во животот, сто пати ми се случил и тоа е факт, нема ништо навредливо тука.
    Едноставно не филозофираш за нечии постапки ако не си го осетил тоа што го чувствуваат на своја кожа.
     
    На bittersweet, Harper, Dust и 7 други им се допаѓа ова.