Па зошто сте модератори? @RainBow темава традиционално ко за викенд, отиде оф топик, негде од 417 страна. Пошто сум скроз аут не можам да најдам соодветна тема за муабетов, а муабетов како таков е издржан и легитимен. Ако нема соодветна тема, напрајте и префрлете ги мислењата-Дали насилството се решава со насилство, на пример. Секако, ако имате добра воља Од подолу наведените причини, не би влегла сега во оф топик дискусија
Сѐ повеќе мислам дека некогаш се пишува во темава само за да се боцка. Малку е без врска тоа плачење по модератори на темиве, аман не сме забавиште. Пријавете, ако сметаат дека не е ок ќе бришат, ако не нема да бришат. Затоа вие па може едноставно да се дистанцирате и да не пишувате на форумот ако не се пронаоѓате во него. Секакви форуми има по светов, сигурно има и форум за сциентолози, па ако јас одам таму и пишам таму дека се глупи некои сциентолошки мислења, нема сигурно да ги бришат поради мене. На форуми посебно ќе се изнагледа сѐ човек, ама не секогаш ќе бришат некој ако вас не ви се допаѓа неговото мислење. За темава имам мислење, ама долго е, а имам чувство дека ќе бришат, па не ми се замара да пишувам
Тебе ти е пријателка , а спаѓа во групата жени на кои им е желба да се остварат како родители Жестоко реагирав на твоите зборови ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ ....ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО Тоа се твои зборови. За жал кога некој се расфрла со вакви зборови а притоа е свесен дека форумот го читаат и баш тие жени , треба да си знае дека повредува. И пак ќе се повторувам како скапана лента,,,,ти треба осет .....осет кон оние од вештачко оплодување и плус кон Бубче како твоја пријателка од темата +40 Ама тебе баш те заболе за тие што немаат деца...битно ти си кажа ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ, ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО, па нека те читаат секаков вид на жени, форумот е фокусиран кај тој дел најмногу за бебиња, деца, грижа , поддршка баш за оние кои сакаат да имаат деца. Значи затоа се вклучив да коментирам, поради зборовите кои ти си ги пишала. Страшно бодат во очи зборовите. Друго што си пишувала не ми е гајле , јас се концентрирам на зборовите со кои директно или идиректно сакаш да направиш да се осеќаат мизерно жените кои немаат деца.
Просто и едноставно е. Јас немам никаква корист да правам некој мизерно да се осеќа. Јас само велам, за мене да ми филозофираш и мене да ме осудуваш за моите постапки, прво помини го тоа што јас сум го поминала, па после ти гарантирам дека дури и да не го правиш истото што сум го направила јас, ќе имаш поголемо разбирање. Заради тој феномен - јас така да правам? Никогаш. И после испаднало поинаку. Пошо си запознал страна од себе што не си знаел ни дека ја имаш. И тука нема ништо навредливо. А ти што сакаш да драматизираш, тоа е друго
Упорно ти посочувам ОСЕТ кон оние кои немаат деца. Ако имаш ти деца треба да имаш бааги осет кон оние кои немаат. Види како фино , лепо, јас неам деца, но во никаков случај не ги буцкам оние кои сакаат да имаат деца и упорно се обидуваат за детенце. Ете пак буцкаш ,,,,што ќе си помисли некоја ,,,,се мачат да затрруднат, ама дошла Мантуб на форум и пишала ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ , ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО Лесно е да навредиш некој, да се скараш, да му расипеш расположение оти тој некој немал деца, па да му плеснеш во лице. Осет ти треба.
Не ве исчитав убаво зш се закачивте со @Mantub . Ама и ја разбрав јас поентата на неа. Нема врска дали сме пријателки или не ( иако не сме де, т.е баш со неа неам никаков контакт). Ама да бидам искрена , се слагам со неа. Зборвам лично за мене. Неам деца, не сум родител и навистина Не знам како би се поставила во одредени ситуации, Не знам како би реагирала/ дејствувала за одредени 'проблеми'. Затоа Не можам ни да се впуштам во дискусии како би реагирала доколку се работи за мое дете
Лично се имам најдено во ситуација на работа кога жена која долги години се обидува да забремени се расплака кога друга и плесна во лице - не си родител , не знаеш како треба. Затоа изреагирав на Мантуб дека треба да има осет кога бира зборови. А тебе Бубче ако не те здоболува тоа, си има жени на кои им паѓа тешко некоја да им плеска во лице , баш поради желбата за дете и некоја им вели ...НЕ СИ РОДИТЕЛ , ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО .....а жената умира да стане родител.
Јас не знам како да ти објаснам поинаку. Имаше еден вирален тренд, како мајки се чувствуваат прегрдо пошо одкако ќе станат мајки се некој им кажува колку грешат и тој тренд настана како револт на мајки за да се посочи колку те осудува секој кој стигне, правејќи те да се осеќаш ко прелоша мајка, а не посветува ни 1 минута да се запраша како ти е тебе. Јас не знам кај виде ти дека сум ги навредила луѓето што не се родители. Јас само реков, за да се запрепастуваш како можеле да помислат да истепаат некој што им го тепал детето, треба да се ставиш во нивна ситуација и да ја погледнеш ситуацијата со сите чувства и емоции што ги имаат тие родители. И кога ќе се ставиш во ситуација, и тогаш може нема да го правиш истото што го правеле тие, ама ќе имаш разбирање. Ќе можеш да им кажеш "не си во право, ама те разбирам дека е претешко". И мислам дека треба гилт трипови да прекинеш да правиш пошо мислам дека тоа одамна не пали кај никого веќе. Барем за бременост и имање деца јас точно знам колку разбирање имам за секого, така да, погрешна тема си одбрала за филмови да ми продаваш.
Абе ај ти стави се во ситуација,,,,,умираш за дете, сакаш да бидеш мајка и некоја ти рече....Ама не си ти родител, не знаеш , го немаш искуството, не знаеш како треба. Нема ли да ти падне тешко што не си се остварила како родител, а упорно се трудиш да забремениш на секаков начин ? Е затоа реков дека ти треба осет. Форумот го читаат жени кои баш се трудат да станат мајки и сега ти се расфрлаш со зборовите ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ, ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО повредуваш. Не знам како не ме сфаќаш дека твоите зборови ги повредуваат на оние кои сакаат да имаат деца , но од некакви причини им е тешко да забременат. Стави се ти во нивна ситуација, какво е чувството. - и сама си пишала да се ставиш у ситуација,,,затоа со црвено ти ги обојав зборовите. Епа стај се ти во ситуација на тие жени. Не знам оти никако не се разбираме , јас едно ти потенцирам дека повредуваш за зборовите кон оние жени кои немаат деца, а ти ми збориш за тепање што никако не е поврзано со тоа што ти го зборам јас.
Се ставам во нивна ситуација, ако си пикам нос кај што не ми е место, има право да ми се спротистави другиот. Јас лично ако нешто не сум доживеала, никогаш не сум се дрзнала да му попувам како треба да прави. Ако некоја која нема деца, дојде и ми кажува со осудувачки тон колку јас грешам, јас ќе и кажам дека нема право да ми кажува за нешто кое што не го поминува. Кога ќе се соочиш со гневот со кој јас се соочувам, тогаш можеш да ми кажеш. И просто, нема да ми е гајле дали се навредила, како што нејзе не и е гајле јас дали ќе се навредам со тоа што пробува да ми протне дека родителството ми е лошо. Јас не ги навредувам луѓето што немаат деца. Јас зборувам за луѓето што сакаат да осудуваат без да им е гајле, безразлика дали се работи за деца или за нешто сосема друго. Значи безразлика за што се работи, муабетот ќе беше ист. Да навредиш никого не можеш, секој сам се навредува. Затоа ти реков, тие гилт трип жалопојки муабети ти се џабе. Прво пошо јас знам колку ги поддржувам тие жени. Второ, заради моментот - ако осудуваш некој родител за некоја постапка која произлегува само од желба да си го заштити детето, нема обврска тој родител тебе да те сожалува и да гази на јајца околу тебе. Пошо осудите кон родителите за секоја можна постапка, исто така многу болат
^ Херера, навредливо е да кажеш - не знаеш што е смисла на живот/не знаеш што е љубов/итн во контекст на НЕМАШ ДЕЦА. Ама во контекст не знаеш што си спремен да направиш за тоа дете, родено или посвоено, не знаеме, ни јас, ни тие од вештачко ни никој, дур не го имаме во раце. Едноставно за глупост бараш правдина, па сите што немаат, а сакаат деца, свесни се дека не знаат за таква љубов, и се' прават за да дознаат. Како е ова навредливо, ни мене не ми е јасно. Јас како дете знам дека мајка ми ќе ископа очи на некого за мене, ама не сум мајка па да знам што јас би правела. Претпоставувам, нели.
Не се разбираме никако. Ако ги поддржуваш тие жени, нема никад у живот да си играш со зборовите НЕМАШ ИСКУСТВО, ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ ,,,,не знам дали намерно сакаш да ги здоболи оние кои се обидуваат за деца и го читаат форумот ? Затоа реков осет да се има кон тие што очекуваат 2 цртки, а не некој кој се остварил да буцка кон останатата група на оние кои не се оствариле како родители. Ти реагирав на зборовите кои ги имаш пишано, таму лежи проблемот. Не ви го читам муабетот, само ми бодат во очи нејзините зборови со кои ги повредуваат оние кои не се оствариле како родители , а упорно даваат пари за да забременат.
Проблемот лежи во твојата потреба за драматизирање. Секој што осудува друг, другиот има право да му каже - за да ме осудуваш треба прво на своја кожа да осетиш како е. Нема да се навредат жени што се културни пошо оваа филозофија - не осудувај дури не осетиш - важи за се во животот, не само за деца имање. Така што и тие жени ти што ги спомнуваш, може да се почувствувале осудувани за сосема нешто друго во животов и едноставно знаат како е да те осудува некој што не ти ја осетил болката. Овде можат да се навредат само жени и општо луѓе кои си пикаат нос кај што не им е место. Пошо кога ќе се дрзнеш на некого да му попуваш, тој некој нема обврска на јајца да гази околу тебе за да не се вознемириш. Не ти е дозволено да си дрзок затоа што имаш проблем па луѓето треба да ти ќутат. Упорно го повторуваш истото, иако 10 пати ти се објасна. Луѓе што се културни, нема да се навредат пошо не ни се дрзнуваат да ти попуваат од што се културни. Ко што ти кажа бубче
@Herrera Повеќе ти ги вреѓаш со стопати напишано со големи букви и инсинуации како треба да се чувствуваат со потенцирање дека веројатно се во голема болка додека читаат, што искрено не може да знаеш ниту е твое да претпоставуваш дека сите се толку осетливи (или треба да бидат) на таа тема.
Не се разбираме. Јас ти зборам за Арсенал Ливерпул, а ти ми збориш за верски обичаи Проблемот е во твоите зборови Ти треба осет ,осет кон жени кои сакаат да се остварат како родители Ако сакаш врти го муабетот до утре, си стојат твоите зборови, тоа што си се остварила како родител не ти дава за право да ги омаловажуваш оние кои се обидуваат да имаат деца и да велиш ГО НЕМАШ ИСКУСТВОТО, ПОШО НЕ СИ РОДИТЕЛ Тоа е целиот проблем, се вртиме у круг, а ти ми вртиш скроз друг муабет што нема допирна точка со она што ти го посочувам Значи ти прва си се осудила да ги користиш тие зборови за да те прочита цел форум вклучувајки ги жените кои сакаат да забеменат , ама имаат потешкотии. Јас ти реагирам на зборовите дека ги повредуваш баш таа група на луѓе, да не глумиш А ти скроз вртиш друг муабет и упорно ти повторувам , ама ти упорно ми збориш на друга тема. Не можеме да се разбереме, зборуваме за 2 различни теми
Така е, не можам да знам, затоа реков да се има осет кон таа осетлива група. Значи и реагирам на нејзини зборови. Искрено се надевам до крајот на денот ќе ме сфати дека и реагирам на зборовите , оти некако ми тера друг муабет и не можеме да се разбереме . Глув телефон
Ама види... Мене ме боли па ме боли тоа што немам деца. Ама...! Нит ме навреди тоа што го пишала Мантуб ниту пак се осетив дека ми "плеска" во фаца тоа што сеуште не сум родител. А скраја да е , па не гледам ни дека ми се 'сити на маката'. Зборувам во мое име затоа што ме имаше тагирано.