Без разлика. Нема да го заштитам така. Децата кои растат во околина со насилство, се повеќе склони на насилство.
Не се разбираме. Ти расти без насилство, и јас сум за тоа. Ама ако некој упорно го малтретира, и сите цивилизирани начини не се делотворни, не е реално да бегаш, туку да се одбраниш, физички.
Јасно е. Само стварно не ми е јасно како би го решила таа проблемот. Не дека со нејзе сакам да се занимавам, туку така си правиме муабет, најозбилно прашувам. Како идеја да даде, ако сака. Пријавуваш, ништо од тоа. Викаш медиуми, тужиш школо, ајде ќе биде заштитено дури е нашколо. Ама по пат на враќање дома? Не ќе го чуваш во стаклено ѕвоно. Едноставно, се создава гнев што не можеш ништо да направиш. Стварно не би знаела начин. Тинејџерите знаат да се ептен сурови едни кон други.
Во моментот може ќе се бранам, може и да го повредам.... Не знам како би реагирала во афект. Ама нема да одам по пет месеци и 'да му ја расцепам глаата' оти сум го изгубила случајот.
Реков зависи и од нејзе, пошто таа ќе биде жртвата, а не јас. Ќе и' го објаснам процесот и ќе тераме по судови, по медиуми, не знам... фондација ќе отвориме... уатевр... Таа мора да се согласи со се', пошто таа ќе биде во центарот на случувањата.
Господ?! Али и ја во таква ситуација би глумела Бог и би ја земала правдата во свои раце без да трепнам. Абе не дај боже да ви го чепне некој најмилото, ќе ве прашам дал вака ноншалантно ќе оправате криви дрини на форум или ќе подвратите ракавите. Туку ај досада убија.
Ама,ете за во моментот,нема да седиш мирна дур некој ја тепа ќерка ти.Сама велиш дека не знаеш како би реагирала,значи може да се случи само да го оттурнеш од неа или и да го удриш јако.
Нешто многу битно заборавив да ви кажам на сите. Всушност, може и најбитно е во муабетов... Ве разбирам. Ви го разбирам стравот и гневот и болката... кога замислувате кошмари кои сите се надеваме дека нема нам да ни се случат. И јас ќе сум гневна и лута и исплашена и ќе ме боли... Ама нема да си дозволам да ме надвладеат емоциите и да се претворам во насилник. Оти искрено, од дното на душата, не верувам дека има било каков бенефит од насилство. Апсолутно никаков. А ќе плачам... и ќе вриштам ... и ќе ми е страв да излезам некое време... И ова го кажувам како мајка која си го има удрено сопственото дете. И мајка која, иако се убедува себе си ден-денес дека не беше силен ударот, многу добро знае колку беше силен и колку ја повреди, кога ги виде нејзините разочарани очиња. Болката во нејзината душа беше огромна, без разлика што ударот не беше силен... Сакам да сум подобра од ова... Не полоша...
Искрено да ви кажам, освен пут под ногама од државава, решение друго не гледам. Најубав избор за иднината на нашите деца. Најубав подарок за нив. Врсничко насилство од кое почна дискусијава, во школите, а и надвор кај што се дружат, го има во вознемирувачки голем процент кај нас. И згора над тоа, институции кои не се замараат. Ене кој се замара со насилства, невладини организации кои функционираат на донации. Затоа нека не ви е чудно кога луѓе си ја земаат правдата во свои раце. Си го пораснал од две кила и да му е страв да излезе од двор подалеку. Да се пожали и да поминува насилникот само со замисли една страшна усна опомена. И на 17 години не дека децата не знаат дека боли ако удрат. Можат во градинка да се степаат, онака, невино. На 17 е веќе злобно. Си имаш работа со човек што многу добро ја разбира суштината на своите постапки.
Тоа денес цел ден си мислам. Ама ко ненормална некоја се надевам дека и тука може да биде подобро... Само ако сакаат луѓето... Знам... наивна сум...
дали ако се пишуваат 2-3 постови како одговор на други постови системот автоматски ти ги спојува во еден?