Во МЈФ членка навредува друга членка нарекувајќи ја неспособна, истата членка утринава во Течна пудра за лице провоцираше и пред неколку дена во СДК мене ме навреди. Таа членка не добива бан иако мислењата се уредно пријавени. Нема правда,ха?!
Мене се уште не ми е јасно како после толку месеци го игнорирате тролот (мирна е засега) кој обелодени јавни имиња од членка/и, и низ годиниве се враќаше со милион профили. Очигледно е дека е таа, но изгледа сега фатила јаки врски во администрација.
Избришано и членката е предупредена. Инаку, мислам дека општо малку треба да се намали со расправии, навредување и првоцирање. Не е на одмет да се прочитаат препораките на форумот и да се почитуваат, за сите ќе е подобро и ќе се дискутира поубаво. Нема поента да се троши време на расправии кои секако ќе бидат избришани. Пробајте и по пораки да се разберете, наместо само да се расправате.
А што имаш ти против таа членка ? Ти има ли згрешено нешто во твојот живот ? Зошто упорно и упорно против неа ? Остај ја на раат, штом гледаш дека е мирна, оти боцкаш ? Не се прај на Тошо дека не приметуваш нови профили од стари членки , очигледно е , сите што пишале дека го напуштаат форумот уствари идат под друг ник , не е лошо мал експеримент , да влезам и јас под друг ник оти тогаш нема да ви бодам у очи со овој и ќе глумиме колку многу се сакаме п.с. Членке, следен пат ако те банираат пиши ми лп, да ти оставам мој пасворд па од мој профил пишувај, јас друг профил ќе си отворам и готово, ќе глумиме лудило. Ич бе не знаете да се дружете, само се клеветите една со друга. Лошо.
Личноста е таа што е, и со 10 акаунти ќе си тера ко што си знае, ништо нема да се смени. Општо ова, не за Wild. Ене и Кара Миа колку пати се појави, секогаш исто заврши.
А чекајте, нели ќе го тужеше форумов, сѐ беше спремно, докази, адвокати, врагови? Или само на тастатура сме јаки?
Оддамна не се уклучив на форумов и си ја заборавив лозинката, поради што профилов го направив со мојот меил сега не можам да направам нов или да ја сменам лозонката. Помош??
Како тоа ќе видите на колку? Сеуште немате критериуми,поени кој бан колку вреди и трае? Ова паушално банирање е аматерски.