Ако сакаш бизнис да развиваш на форумот или секс партнер да си најдеш, ти требаат повеќе од 29 мислења. Треба време да помине, да им се засвиѓаш на многу тука, па после малку по малку, неосетно. Така е правилото.
А кога си пуштаме линкови кој од каде купил нешто или кога си препорачуваме приватен професор тоа може, така? Само не може лично да си кажеш што и каде работиш
И тоа може, ама како што реков за битни фаци. Ехехееее, еден куп бизниси си изрекламираа членовите тука
Наидов на слични дури и подиректни реклами од моите дури и користење лични податоци но штом е забрането нема проблем секако сум никоја на форумов
Што ќе пријавуваме. Иди во што последно си купивте. Иди во темата за миленици каде јавно си се пишува од кој човек се купуваат миленици. Иди во детските теми, има еден куп предлози за логопеди, па за лиценцирани дадилки. Ехееее
А тие што бараат приватни професори(предлози каде што се споделуваат имиња и телефонски броеви) или некој да им прави проектни,семинарски,есеи за пари на нив дозволено им е?
Едно е споделување на искуства, совети и препораки, друго е рекламирање и себепромоција. Јасно стои во правилата на форумот, така што мислам дека по 11 години форум бесполезно е сега за тоа да се објаснуваме. Ако сметате дека некој член рекламира и нуди услуги пријавете го.
Една цела тема е започната за себепромоција, Моја гардероба, сега ѕирнав, си отворила за своја фб страна каде продава. И на таа тема набрзина неколку постови прочитав каде и други членки си нудат свои производи. Не ја виде? И многу други, ќе се правиме наудрени, па уште дали ни било јасно после 11 години, бич плис.
Извадок од правилата на форумов 5. Реклама и самопромоција Не го користете форумот за реклама или самопромоција. Забрането е испраќање на мислења и лични пораки што рекламираат сајтови, фирми, организации, акции, продукти, услуги и сл. Ако постои рационална и оправдана причина да ве промовираме или пак ако сакате да поддржиме или спонзорираме некоја ваша иницијатива, контактирајте со некој од членовите на модераторскиот тим.
Сега ќе ја средам. И намали со навредите и оф-топиците, па после се чудите банирани за ништо сите биле.
Колку трае бан за навреда тука? Или и за тоа паушално се одлучува? Еве на пр. ќе ја навредам Бриџит колку дена бан ми следува?
Зошто у ова тешко време би била лоша самопромоцијата на форумов? Од хуманистички аспект мислам дека правилово е тотална глупост Реин сори нот сори.
Сајтови - нели се и линкови од продавниците каде да си купам или што си купивте? Темата за продажба на книги, половна облека? Како таквото рекламирање е дозволено?