А што ако те банираат? Банираат за да не можеш да се вклучуваш повеќе на профилот. А ти ако не сакаш, не вклучувај се и без да те банираат.
Добро, што мака е тоа, да ве базираат трајно? Оти мора да ве банираат, не може да престанете да пишувате просто? Сериозно ме интересира што е проблемот.
Остајте ја нека ја банираат ако сака, може стварно не може да се контролира и да не се вклучи, вака решен проблем.
samo zaradi edna clenka ne sakam da bidam poveke na forumot a da i premolcam ne mozam sakam da me baniraat i nema da mozam da i vrakam, resen problem
Addiction issue мислиш? Епа нека почне да пцуе и навредува лично некого, може и anger managemeng ефект да постигне.
Имаш копче Игнорирај кога ќе притисниш на профилот на било кој член. Кога ќе го кликнеш нема да ти се појавуваат мислења од тој член.
ne e da ne mozam da se kontroliram doduse ja ignoriram no taa ne prestanuva so provokacii .. a ne sum dolzna da ja trpam
pa na ignor mi e nokogane sum logirana pak ke procitam a ako me baniraat ke procitam no nema da mozam da i vratam ako epten preterala vo red ne bitno
Многу добро ја разбирам членката бидејќи и мене истото ми го правеше членка скоро година. И навистина живцира, не мора на секое да те боде и да ти префрла. Ја игнорирам веќе две години иако знам дека ме цитира ниту отворам ниту одговарам. Така да,лично сметам дека за да си одиш од фемина ради некој е само правење ќеф некому,а додека седиш си излегол победник. Само игнорирај @magnolija09 и не и ги читај пораките.
Сите сме поминале низ тоа, сме биле навредувани поради нашите мисли. Но, и ти не остана доследна. Наместо, да го разгоруваш оганот, пријави навреда, на копчето за пријави. Така, ти ќе бидеш попаметна што не се впушташ во дополнителна дискусија, така нема да се нервираш. Никој не знае која си и каква личност си во живо, така да не би требало да се чувствуваш лошо. Една мисла, не те прави лош човек, туку личност со сопствено убедување. Сите на форумов сме луѓе, само некои се искрени, некои се претставуваат како нешто свето за лајкови. Секое чудо за три дена, па и ова ќе се заборави. Игнорирај и пријавувај. Барем модераторите од тој аспект си ја вршат брзо работата. Никаде не останало мислење со навреда. Може целосно ќе го избришат, може ќе го редактираат, оној дел каде стои само навреда, ќе го тргнат. Биди своја и не навлагај во дискусија, кога некој навредува.
Па ако му е затворен профилот на другиот и ако се заследите двете страни, тогаш можеш да имаш преглед на нивните профили, мислења, теми и ако им е затворено тоа за праќање пораки, по заследување можеш да праќаш пораки. Мислам дека е тоа тоа