Немој сеа ко ќе ти дојде Реин @RainBow со жалопојките како они немаат профит од форумов, како од љубоФ работат... оф, оф... Сум ги праела претходно муабетиве И се согласувам дека само профит и трафик им е важен, квалитетот на форумов ИЧ. Или недајбоже да вложат во него Типично размислување на македонски бизМисмен
На секоја слика на форумов може да се најде профилот. Колку сакате ставајте срциња. Десен клик, Search google for this photo, и оп се е на изволте. Ако сакате анонимноат не ставајте слики. А не сакам ама не ми стиска..
Кога веќе постои скриеното катче убаво би било да се преместат тие теми таму. Чисто за да се заштити приватноста од манијаци, кои реално не се издржливи да напишат 100 мислења, ги снемва после 10тина. А до толку се нема друга работа па ќе бараме кој се крие зад профилот? Ами елате ќе ви кажам, полесно е така, само шо ќе добиете не знам, освен ако сакате дружење, тогаш супер. Свесно си објавуваме слики и шо ми е гајле ако некој застанал да ме истражува цел ден. Не кријам ништо, напротив, овде можите да ме запознајте поубо отколку во живо.
Може, ако ја имаат споделено истата слика на друга социјална мрежа, а ако ја споделиле само тука, не знам како би можело. И јас ја поддржувам идејата да се стави темата за шминките во скриено катче, бидејќи нема логика модни критики да е, а оваа да не е. И да, секој кој што става слики тука ризикува да биде препознаен, ама од членки на форумов и не е токлу страшно (барем за мене). А, ако некој од страна чита и гледа што споделувам не знам, не ми е сеедно.
Па се согласувам со @Ugly Duckling, дека некој што дошол тука да манијачи девојки не верувам дека ќе испише 100 мислења и дека воопшто знае дека постои темата „Скриено катче“ каде се споделуваат такви фотографии. Страшно е зошто знам какви болни умови постојат, сум имала негативно искуство. Ако некој напишал 100 мислења, логично ми е на форумов да е ради дружење и забава, без задни намери. Тука ми е разликата.
За овие две години што сум на форумов, имам видено како лесно се прават 100 мислења за 3 дена. Ако некому дошло до тоа де. Болни умови секако постојат, бројот на мислења не е никаква препрека. Само да кажам, не дека ме засега. Секој е онолку анонимен, колку што му одговара.
А бе види, ако некој сака да си заштити приватноат не треба да има ниту една слика на социјална мрежа. А верувај ако е некој намерачен, и перверзен има милион начини да ти најде кој си и од кај си.
Ако некој заслужува да биде модератор на секс, тоа е дефинитивно @theowndemon . Толку многу познавања има од таа тематика, и тоа од психолошки и стручен аспект, што дефинитивно нејзино назначување ќе донесе огромен бенифит кон сеопшто прифаќање на тие табу теми. Подобра личност за секс едукација од неа нема. А баш тоа е потребно на форумов. Како runner up победник на форумџика на годината, дефинитивно треба да и се даде ваква функција.