И твоето мислење гледам стои во темата (тоа што нема навреда). Кога почна надолу со навредите, фрустрациите, веќе беше избришано. А и делот на кој ти се однесуваше цитатот исто беше избришан. Се мислев и посебна тема да се отвори, нешто како, како се доживува мк по иселувањето, ама како тргна надолу дискусијата сфатив дека и темата ќе биде само со препукувања.
Такви мислења можат да се инкорпорирани во постоечки теми, пример Што и фали на нашата држава, Животот во странство и сл.
И моето е офтопик. А пошто ти тука проповедаш дека си непристрасна и против офтопици, затоа и те потсетив на темата. Едно чудо мислења кои се офтопици (и навреди) стојат на истата. Што се однесува до нова тема, нема потреба... има едно чудо теми за исселување: Животот во странство, Дали вреди да се напушти нашата држава, итн... Таму можат @FreeMind и остали да плукаат и сеат отров колку што сакаат. Иначе, фри е изгледа привилегирана тука, оти скоро прочитав исто така отровни и навредувачки мислења за „македончињава„ во тема за совети за деца Така што... џабе се обидуваш да објасниш, Реин. Како и за се, и за ова употребуваш двојни аршини. Некогаш бришете и банирате за глупости, а друг пат цели теми ви стојат со офтопици
Знам, знам, знам дека џабе се обидувам да се објаснам, и со буба4е погоре исто, некогаш вака пишувам само и другите да прочитаат повеќе, отколку за членот. Мислев некаде да ги префрлам, ама премногу е заплеткана дискусијата почнувајќи од короната и никако немаше да има смисла. Можеби да не продолжеше понатаму со навреди и расправии ќе се заземеше друг правец. Не е секогаш лесно едноставно да се префрлат мислења од тема во тема, па има цитати, надоврзувања, треба сè да се отплетка, а некогаш и нема смисла воопшто кога ќе се префрли.
Аха, демек јас неразбрана сум? Оки... Убаво пиша ( и повеќе ценам вака јавно, отколку по пп) сите ќе може да видат и да си проценат самите. Јас останувам на муабетот дека едно чудо теми стојат со офтопици, а од друга страна бришете глупости. И не зошто не сте виделе, туку заради вашите двојни аршини И следниот пат кога ќе се фалиш дека си објективна, пак ќе те потсетам За ова има едноставно решение кое вие често го практикувате (и тоа во, за мене, многу поважни теми) избиршете ги сите мислења. Многу често тука се расправате со членки чии мислења се избиршани дека не можеле да се одделат, нели? Зошто и сега не избришете се? Вклучувајќи го и моето мислење.
Аман еј тука ли ме тагна да се жалиме на модератори од лошата Фри Детски муабети. Избриши ме Реин од цел форум слободно, имаш моја дозвола само да не плаче анче.
Уште не се избришани постовите во темата за корона? Па и објаснување премногу комплицирано било. Може и ќе поверував дека не можат да се снајдат, во која тема да ги префрлам, па како да ги поделам, ич не знам, првпат модерирам и ваков случај не сум сретнала. Колку невино напишано, да не се знаевме кои сме и што сме може и ќе имаше ефект глумењево - ја нисам одавде.
Нема што да се објасниш,твоите постапки кажуваат се. Наместо да банираш за навреда упатена кон член ти банираш затоа што тој член вратил на навреда. И немој да ги извртуваш зборовите јас кажав членката да прави журки на респиратор откако таа делеше совети како да се зезне полицијата да може да се журка на раат,во време на пандемија каде 90% од народот се тресе од страв и не мрднал нигде. Ти ме банираше мене и со тоа и даде предност на неа дека тоа е дозволено на форум да се даде таков подмолен совет. Немој веќе да се објаснуваш,јасна си ни.
Продолжуваш гледам со извртување на работите. Да беше океј да се даваат такви совети секако дека мислењата ќе стоеја. Тебе лично членката воопшто те немаше навредено, ниту пак спомнато во темата, туку ти директно се уфрли со желбата да заврши на респиратор. Не можам да избројам колку пати имаш започнато расправии, а никој дури не те има спомнато. Затоа следниот твој бан веќе ќе е подолг, па потоа и ќе следува перманентен. Наместо да ми реплицираш тука беспотребно земи прочитај ги препораките за однесување на форум, смени го малку тонот и односот со кој секогаш си спремна на расправии, а повеќе насочи се кон давање на мислење кое придонесува кон дискусиите, а не ги тера на расправии и оф-топици. Никој не добива така, само се бришат мислења за кои се изгубило време да се напишат. Колку пати веќе не знам имам кажано само да се пријави мислење, оф-топик, навреда, што и да е, без да се реплицира на истото, стои тоа и во препораките на однесување. Толку од мене за тебе, понатаму секако нема да се разбереме, не дека и досега се разбравме, ама ајде.
Ова е прилично „смешен„ пост Пишуваш за препораки за однесување на форум, почитување на правила, итн... а ти истите не ги применуваш? Мислам... срамно е да делиш совети вака, м?
Што и запнавте толку на @RainBow , не знам. И мене ме бришаат, опоменуваат и кога не престанувам и банираат. Имаше случај кога се каравме со една членка, добивме предупредување, она престана, јас не. Јас добив бан. Кој ми е крив? А и другата членка вреѓаше, ама престана на опомената. Јас не. Се едни исти членки се жалат само. Интересно нели. А за спорната тема, да, еве сметам дека мислењата се толку ниски, понижувачки, што не, не треба да стојат. Нас не направија стока, а они кога ќе се вратат овде се однесуваат исто. И не дека нешто излажаа, ама вриштат постовите од понижување.
Јас никаде не кажав да заврши на респиратор туку кажав да прави журки на респиратор, тоа е огромна разлика на зборови кои што ти обожаваш да ги испревртуваш. Немам потреба да читам правила на форум на кој што дел од мојот живот сум го посветила овде, 9 годишен член сум скоро. На форум никаде не стои правило за услови и закана под притисок, ако не разбира некој подолги банови и на крај пернаменти. Убаво се изјаснив, јасна си ми веќе, и ти и твојот принцип на банирање. Муабетот е завршен. Едит: Немам намера повеќе да се објаснувам со тебе,нема разбирачка.
Колку не знаете што е самокритичност, страшно. Некој да ви посочи карактерна особина како ароганција на пример први ќе се увредите, ама да оди некој на респиратор не било навреда. Контекстот бил битен, извртено било. Кој сака контекст нека е, кога не чини - не чини. Ете толку е просто.
Па, јас конкретно за темата се бунам. И не е само та, и во други теми исто се случува... А од друга страна @RainBow поставува правила на однесување кои не ги почитува? Двојни аршини? Не ми е ова прв пат да се бунам за нелогичности и двојни аршини. И нема да ми биде последен За избришано мислење ептен, ептен ретко се бунам. Најчесто ако е без објаснување или селективно избришано. Мене па интересни ми се ликови како тебе кои се „пацифисти„ или „сорозевиочила„ или „семиерамно„ Треба да прифатите дека сите луѓе се различни и како такви ќе постои некој како мене кој постојано се буни и дека ако вие по стоти пат повторувате и се прашувате зошто се буниме, ние нема да престанеме? Просто е. А и каков би бил светот кога сите би се согласувале или кога би прифаќале се што ни сервираат или кажуваат?
Ана, очекуваш на форум да се замарам и да управувам членки, мислења и модератори. Сори, јас на поинаков начин го сфаќам форумот.
Семантика Селти, има разлика меѓу тоа на некого да му посакаш смрт или да има журка со дедо Петар, капираш?