Ова исто како што се толерираат цели фермани на англиски.. Пријавив еден таков пост и не беше избришан последно кога проверив.. Сега веќе ме мрзи да барам.. Зошто па да смета латиница кога форумов е во РСМ а тука и албанскиот е службен а не па една обична латиница..
Не се нервирај малечка Јас барем не ги читам постовите на латиница, ме болат очи и ми треба да се сконцентрирам, а немам време толку да губам. Особено ако е пропратено без точки, запирки, нови редови. Пишувачот губи во случајот, не читачот. Така да, не читај ни ти
Чисто да прашам, не дека ќе се реагира за скоро време... До кога ќе се толерираат постови што во целост оправдуваат емоционална манипулација и пхисичко насилство? Мислам дека нема член што ова не го забележа и укажа на степенот на сериозноста што го има проблемов, ама сепак такви постови уште се редат. Секако дека апсолутно секоја личност има право на изразување став и мислење(чија смисла се извитопери, ако имаш слобода да се искажеш не ти дава право да оправдуваш нанесување психичка и физичка штета на некого) , но знаејќи дека нѐ читаат и помлади, наивни луѓе што можат да помислат дека ова е сосема во ред штом некој веќе го прави и штом другите го толерираат, треба малку повеќе ова да се контролира.
И ова сакам да прашам. Зошто во другите теми се реагира веднаш (бан, бришење мислење, префрлање мислење, опомена пред бан) а тука се чека неколку денови за одговор?
Не. За тоа што се случи ми беше насочен коментарот. Да имаше модератор порано ќе интервенираше и немаше до тоа ниво да дојде темата.
Зашто ми го избришавте мислењето во Свекрвите и снаите проблеми и совети??? Никого ниту навредив ниту се карав, а на другите им стојат сите мислења? До кога двојни арашини ќе биваат на овој форум?