Да не речам толку јадеме во пандемијава, ако пишуваме сѐ срамота ќе е Вака доручек баш ок, делот од денот кога си надежен дека цел ден здраво ќе јадеш
Реално тие теми кај што се пишува само името на јадењето се отворени многу одамна кога немале сите смартфони, па не можеле да го сликаат оброкот и така се останати затоа се досадни и монотони, зошто да не биде по интересно кога сите можеме да го сликнеме оброкот.
Се согласувам и јас сакам слики. Предложив да се смени името напоменато дека е за слики, оти само денес имаме пример дека пак по едно зборче ќе има. Не знам оти грешно ме разбравте.
Те разбрав . Се сложувам со тоа дека ако не е спомнато во насловот, ретко дека некој ќе обрне внимание што пишува во темата, а дека има повеќе мислења каде само е спомнато јадењето и така си продолжуваат.
Јас па не знам што трескање од земја, темата е Што денес за појадок, кој сака нека става слики, кој сака еден збор нека пише, па што? Темата е тоа, не мора една тема за зборови, друга за слики.
Ги мрзи да ставаат слики. И мене ме мрзи. Ме мрзи и да пишам дека сум јадела тост, мислам тотално непродуктивно е. А сакам да гледам слики, инспиративни се. И сега, кај е темата/ која е темата?
Се извинувам,но зошто ја затворивте темата “Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата”? Скоро сите вакви теми се затворени.
Мене од истата тема ми ги избришаа сите вечерашни мислења освен едно, а и тоа е масакрирано, додека нечии пишани небулози стојат. Не ме интересира ни објаснување зошто-како. Уште еднаш да се случи да ми бришат коректни онтопици ни клик не му правам повеќе на форумот. Доволно беше.
Тражили смо, гледајте. Мислења се бришат експресно, теми под клуч. Веќе навистина не знам што да се дискутира на форумов. Спадна на ниво на женски домаќински муабети. Пинџур, ајвар, пелени, кашички, бајачки и тро некој амин во религија.
Се извинувам, во право си. Епа толку, доста се тие теми. Треба и јас мајндсетот да го сменам. Се е така розево, мириса на тазе расцутена липа, се чини во државава, се е така магично и тече мед и млеко. Чуму дискусија, чуму лоша мисла. Амин, сполајти ти душа...
Не мислам дека се проблем дискусии искрено. Мислам само дека некои теми брзо ескалираат. Кој што напишал не следев, претпоставувам муабетот отишол во некој аут
Да повторно ја затворија и некои од моите мислења се избришени а не навредував никого,за разлика од друга членка што навредуваше постојано.