Каква врска има романтичниот статус со борбата за правда, жити очи? Сакаш да кажиш дека, чим се мажиш, не треба да те интересира како функционира општеството во кое живееш? Иначе, и мене ме банираат... милион пати. Ама тоа не го менува фактот дека грешат за некои работи, ниту пак значи дека јас ќе престанам да го кажувам, она што мислам дека е битно да се каже. Ми текна Сите кои се занимаваат со право, треба во моментот ко ќе стапат во брак, да престанат со тоа да се занимаваат?
Нема потреба да го интересира што мисли општеството за него ниту пак како функционира. Се додека му е убаво нека си тера како сака. Стрес никому не му треба. Лично не ме занима никој ниту пак како функционира општеството, но свесна сум дека постојат различности и избори. Ти слободно зборувај твое право е,нашите ставови и мислења на форум некои воопшто не ги земаат во обзир.
Мори, не сум јас во мешан брак Борбата за правда не е ексклузивна само за оној кој е обесправен. У ствари, не би требало да биде.. ама вие си знаете...
Аман Вајлд не ја ни читав темата. Тоа со пресветата беше глупост. Демек ако некој глуп пишал глупости на форум сега треба да припаѓаме драми да правиме. Нека го избришат и готово. Ај сите теми да ги избришеме ако не, и онака 90% се глупости. Демек ќе ни смени нешто во животот. Општество на форум ако правиме тешко нас.
Не е за 'драми', туку за наводните 'правила' кои самиот форум ги има поставено. Нека ги тргнат 'правилата' ако не важат. А не да ти мафкаат пред нос, само ко ќе не им се бендиса нешто. *Се' што ќе искусиш во животот има влијание. Се'. Ти си (јас/тие/оние/сите) она што си денес, заради искуствата кои до сега си ги имала. Ама да не навлегуваме во филозофии..
Затоа викам, нека го избришат или банираат тој, нема потреба да дискутираме за постоење на теми на форумот. Некој може сака за гатачи да дикутира, колку сулудо и да ми звучи мене или тебе.
Што си ме цитирала мене во тој кош, не гледаш дека јас друго пишувам цело време? Ајде реков, толку од мене.
Многу одамна бев доста активна на вакви "чуствителни теми" сега веќе не знам што се пишува, сум заборавила да отворам. Едно сакам да кажам, наместо било кој да се служи со навреди и дискриминација кон малку "поразличното" во светот може едноставно само да пише дека "јас не би со други националности, раси, вероисповед, полова ориентација и слично НО секој има право да биде среќен онаков каков што си е" односно не знам зошто луѓето имаат потреба да "плукаат" по поразличното во светот, кога ете, не сакаш, не си се нашол во ситуација или твоите перцепции се различни, просто го грав е да си го живееш животот онака како што сакаш, да не сакаш да се мешаш меѓусебно со било кого од друга националност вероисповед боја на кожа полови ориентации, твое право, едноставно живеј си го животот и нека не те замара поразличното, тој некој си ја мисли за себе, важно е да биде среќен со своите избори и НА НИКАКОВ НАЧИН не ти наштетува на тебе што не сакаш. Одредени луѓе сакаат само да живеат и да бидат оставени на мира со своите избори, не знам на каков начин на другиве им смета?! Не можам да сфатам сеуште. Кога стигнуваш до точка, да треба да те храни една навреда на ден упатена кон некого за да бидеш среќен тогаш ти не си во ред и до тебе е, да се пикаш кај што не ти е местото, поготово со навреди. Не треба и не може да те хранат злобни работи. Не е нормално.
Се согласувам дека можеби некогаш неправедно некој е баниран а други навреди си стојат.Ама искрено стварно не е некоја голема работа дали на форумов ќе се почитуваат сите правила или не 100% од времето, нема потреба од споредби со селективната правда во државата зашто форум е, не го сфаќам пресериозно. Еве таа споредбата со животните не е убава, може тие членови да бидат предупредени или банирани на одреден период ама сега не мора дискусиите да се прекинуваат и да се заклучуваат теми зашто ескалирала расправата.Општо за сите теми го мислам тоа.
Ама проблемот лежи во тоа што не секој знае да дискутира, да вметне точен збор, се тоа да изгледа културно поготово свој личен избор за себе. Многу често луѓето се извасуваат во коментари наместо да дискутираат, на погрешно место го прават тоа, со погрешни зборови и навреди. Навреда не заслужува било кој, научи се на дискутираш цивилизирано, што очекувате кога на фб секој втор коментар како прво е напишан лошо, не се разбира, како второ пцовките се редат ко за добро утро, трето најверојатно си лечат фрустрации и нервози од сами себе кон сами себе. Изгледа крајно небкусно и тажно да животот ти се сведи на пцовки од секаков тип на секаков коментар. Така и овде, ништо поразлично. Некој доаѓа да "изваси гнев" кон поразличното, зошто? Што ти менува тебе туѓиот живот и туѓите желби и избори? Чему расправање со народот, што ќе докажеш? Да научевме малку повеќе да работиме на себе сигурно ќе бевме поуспешни и ќе имавме поубаво место на живеење. Ама не, да се расправаме, да навредуваме што е можно повеќе за да луѓето се чуствуваат лошо, да не храни туѓата несреќа нечиј упропастен ден од некој низок коментар? Не е нормално ич.
Да, но ти колку и да се трудиш да дадеш цивилизиран одговор со фино другиот од немање аргумент ќе почне да вреѓа и не само тоа туку и тоа зависи кој член го кажал. А да не зборуваме за тоа дека се прават поделби на членови,ако член А бил брутален а член Б бил поблаг а кажаното е исто тогаш сите ќе се нафрлат на член А и член А ќе биде баниран. Зошто е тоа така? Затоа што не можат да прифатат зашто член А кој е никој и ништо според нив,небитен фактор го кажал тоа наспрема член Б кој е битен фактор. Да се искоренеше ова,ќе беше форумов подобар од сѐ.
Форумот си има модератори кои го одржуваат. Нее наша работа да делиме правди. Секој си има право да го напише своето мислење, слобода на говор. Доколку има навредливи/недозволиви содржини (иако немаше во таа тема), пријавете - модераторите ќе разгледаат и ќе донесат одлука околу пораката/членот/членката. А не одма со избубливи реплицирања.
Модераторите сакаат реплицирања. Ако не реплицира никој ќе згасне форумот. Нели... дека форум. Ама тоа не го менува фактот дека си националист и сексист.
Не сум ниту националист ниту тоа другото. Јас само си ја сакам својата земја и народ и за владеење на моралните вредности. Ако ти не се придржуваш на тоа, тоа е твој избор, бидеќи бог дал слободна волја, ако имаш избор, бирај. Само не му наштетувај на останатите. Тоа е мое мислење, а секое мислење во демократијата треба да се почитува. Да, форумот бара реплицирања за да биде активен, точно. Но не бара реплицирања кои водат кон расправии, створување тензичност и вулгарност - во случајов ти која и самата признаваш дека си банирана повеќе пати. Трпение Спасение!
Првиот болд- може да си ја сакаш земјата без да навредуваш туѓи националности. Кога зборуваш за мешање "наши" и "ваши" и тоа за интимни односи прво е глупо. Кој со кој ќе има, нема врска националноста, не знам како да ти кажам. Вториот болд, баш ти тоа го створуваше во дадената тема со твоите експлицитни мислења.