За тоа може само да се добие бан од темата на крајот. Никогаш не бришеме без причина и зашто така ни текнало, или зашто не се согласуваме со некое мислење, за тоа постои реплицирање и ова е форум, нели. Тоа што немало известување не значи дека немало причина. Кога има повеќе мислења за бришење не се бришат сите со иста причина, некои се навредливи, некои се надоврзале, некои отишле оф-топик и не може да се прати известување бидејќи ќе биде збунувачки. Некогаш останало некое означено од друга тема за бришење, па се селектира од друга тема и се бришат одеднаш без известување, зашто е различна причината. Пратете порака ако не ви е јасно кое правило е прекршено и секако ќе ви биде дадена причина.
Секој има право да ја знае причината. Зошто да чека одговор во лп? Ако модератор не може да прати известување,тогаш нека пише кратко мислење во оваа тема или во „Бришење на мислење или тема“ зошто избришал/а мислења.Па,потоа кој сака подетално образложение нека си се разбере со модераторот во лп. Секој има право веднаш да добие барем основен одговор.
Не е баш едноставно да селектираш коментар по коментар и на сите да типкаш различно образложение. Во љубов и секс кога бев модератор ако ме немаше пола ден, а избувнеше кавга во некоја тема, имаше по 20+ страни испишани ОФТОПИК .. Тоа се 400+ мислења.. Ако секое мислење го бришеме посебно и пишуваме причина за бришење, ќе ни требаат 200-300 мин за да средиме некоја тема Ама да бидеме сериозни... имаме и ние фамилии, не можеме 5 саати на ден само мислења да бришеме иако доброволно сме се нафатиле да бидеме модератори.. А дали вие доброволно сте се нафатиле офтопици да пишувате од досада за да пополните празно време или сте издвоиле 2 часа од денот кои би требало или да сте на работно место или дома со семејството?! И не е само една тема... во денот се оди офтопик во 20 теми..
Мнг е едноставно... Имајте еден документ каде ќе напишете околу 10 (најчести) причини зошто нечије мислење би го избришале и кога ќе видите такво мислење, само COPY PASTE од документот и известето го човекот. Јас така раководам во другите форуми каде што сум модератор. Ефикасно, брзо и човечно.. Пробајте нема што да загубите! Иначе треба луѓето да имаат интернет култура, да не забегуваат во темите и да внимаваат како се изразуваат....
Нема што да се пробува.. Додека одам јас копи пејст од телефон, смени browser смени ворд... попрво ќе ја напишам причината..
Мене скоро цел ден ми е вклучен компјутерот, се ми е при рака па затоа ми одговара комплетно ова.. Word еден клик, селект копи, отвори форум трет клик, и пасте четврти клик Штета што толку решително не сакате да пробате, сепак вие си знаете.
Види, на кој не му е јасно пак нема да му е јасно од општо образложение. И пак ќе праша во лична порака. Има такво нешто, се вика Правила на форумот и кога некое мислење ги прекршува истото е избршaно. И да е напишано кратко известување сепак има такви на кои пак не им е јасно, пак има коментари зошто, затоа на крајот најдобро е наместо времето тука изгубено на зошто и како да се напише една порака и да се добие објаснувањето, така полесно за сите, а и навистина попродуктивно.
Мене на пример не ми е јасно зошто користењето интерпункциски знаци е проблем во дискусијата? Прашав вчера, избришано ми беше мислењето без одговор. Прашувам и денеска. Не е дека станува збор за постови со пола страница интерпункциски знаци, туку за кратки реченици со три извичници!!! Ако сакам да нагласам нешто, нормално дека ќе ставам извичник. Не е тоа дерење. Од друга страна за коментари од типот ваква си/таква си има место. Па богами да се подзапраша човек дали да се впушта во понатамошни дискусии на форумот, штом нема правда. Затоа и има офтопици и чет муабети.
Реин, не смета ова само на Валјд или на некој друг член. Чим смета на повеќе членови, треба да се запитате дали сте во право. Ако нема модератори, ставите други. Епа не може да бришете мислење без образложение. Џабе тогаш ќе пишуваме ние, кога ќе ни бришат модераторите што сакат. -Зошто ми е избришано мислењето? Одговор од модератор: оти така сакам. Всушност, не ни праќаат образложение, заборајв.
Кратки реченици со три извичници не се дерење? Самиот извичник означува извик, извична реченица, а не пак три извичници. Нормално дека во пишана форма толку извичници се викање, исто како што прашалници би биле зачуденост. И самите сте свесни колку одите оф топик, често почнувате мислења со знам дека сум оф топик, ама... Или знам дека ќе биде избришано, ама... Зошто наместо тоа не го цитирате постот во соодветната тема? Додека види модератор веќе постовите не се ни за префрлање, се испоплеткале со навреди, триста други теми, не може ни се отплеткаат за да имаат смисла да се префрлат. Знам дека ви изгледа лесно префрлањето, ама не е, зашто кога ќе се избришат непотребните делови она што ќе остане едноставно делува како да паднало од небо. Наместо тоа цитирајте го веднаш мислењето во соодветната тема и ќе видите колку ќе се скратат оф топиците и бришењето. И намалете со навредите. Знам дека секогаш сме модераторите криви за сѐ, не дека не грешиме, но навистина би било одлично за промена да се дискутира без навреди и буцкања. Да се дискутира онака како што изгледа дискусијата откако ќе се отстранат навредите. Како што пишува во препораките. И тогаш пак ќе нема толку што да бришеме и ќе нема толку што да се буните. Па ете, за промена, пробајте малку да го смените начинот на дискутирање, па можеби позитивноста ќе биде далеку поголема.
А во дискусијата не смеам да киристам извичник? Повелете, прочитајте каде се може да се користи извичникот како интерпункциски знак! https://mk.wikipedia.org/wiki/Извичник?wprov=sfla1 Со него се бележи извичната интонација, односно различниот интензитет на покачување на тонот. Не знам како очекувате дискусии и дебати без промена на интонација. Мислам дека мал број пати ми се случило да отидам офтопик. За какви навреди ми зборуваш? Дали ја прочитавте дискусијата од вчера? Ако да, тогаш ќе знаевте дека јас бев мета на навреди од типот ваква си и таква си. За промена вие треба да се запрашате зошто голем број членови на форумот имаат некаква забелешка за вас. Начинот на дискусија не планирам да го менувам, затоа што никого никаде не сум навредила. Напротив, би се повлекла од беспредметни дискусии. Поздрав!
@RainBow јас никогаш не сум прекршила ЕДНО правило. А банови делите ко ќе ви се посака. Слободно ќе си пишам, па ако добијам бан ич не ми е гајле.
Проблемот е што треба да има повеќе слобода на форумот, а помалку правила. Цензура, оф - топици и слично...Да бидат оставени членовите да прават што им е волја. Најдобро е да се санкционира само ако ситуацијата ескалира, со откривање идентитет, тужби, тешки навреди и клевети. Така ем модераторите нема да имаат полни раце работа, ем членовите нема да бидат во прашалници секојпат кога ќе им се избрише мислење без причина. Поентата ми е, може треба да се преуреди правилникот и да се тргнат одредени непотребни точки.