Веќе кога си ги приметила добро е линкови да си ископирала или едноставно точен наслов на темата и да испратиш на соодветниот модератор од категоријата. Сега да седне некој модератор и да излиста десет категории со по дваесет страни и триесет мислења ми нема логика.
Ќе го селектираш зборот кој сакаш да биде линк, и ќе кликнеш на "синџирот/котвата" и ќе го внесиш УРЛ-то од линкот. Еве вака. @edna_malecka
Само пријави мислење од темите дека се дупли и модераторчињата веднаш ќе ги средат, не сме ги виделе.
Ма немој? Наша ли работа е да одржуваме прегледност на форумот, или на модераторите и администраторите? Ко имав дуќан, сама си ги редев полиците, не барав од муштериите да ми посочуваат што е преместено на друга полица.
Епа шо ви е гајле ако не е ваша работа, дали се споени? Ај сега пишете за несоодветно однесување од модератор
И коа ќе ти се пожалеа ти средуваше или они? Ако пријавиш нема ти да ги споиш, исто ко они што не наредиле коа веќе се пожалиле.
Туше' Мајтапот на страна.. дроб е форумот. Полн со офтопици, четови, навреди, дупли теми, шо ти душа сака. Ама се' во името на Свети Гугл и индексирањето. Нели?
Вајлд, никој не бара да одите да барате дупли теми, само кога ќе ги приметите да ги пријавите, толку. Зашто форумов е веќе 11 години, нормално дека некаде постои некоја дупла тема. Дали не заслуживме малку одмор од ова со парите и се тоа? Ајде беше 40ка читана била, затоа не одела во скриено катче, пари правела, па ете отиде, во неколку наврати се покажа тоа и мислам дека веќе не е фер истото само да се префрла.
Модераторите заслужија, газдите не. Оти без пари му работат и многу мал број модератори, за волкав форум.