Модераторите не се платени. Работат чисто од љубов... што ретко кој ја цени на форумов. И е многу неблагодарна работа.. особено кога некој накурчен ќе ти се истури за добро утро
Затоа што мислиме дека сте како државна администрација ,земај плата клати врата,. Мене откако ми кажаа дека се волонтери немам лош збор кажано за модератор.
Зависи кој модератор. Пример не е за ценење тоа што модератор на теми за религија е ултра атеист. Апсурдно е. Не дека сум некој верник ниту пак сум активна на тие теми ама сепак знам дека има доста луѓе на форумов кои имаат познавања од религија.
Валидна причина е... и јас не би сакала да ја користат темата за попалување... Ако има начин некако да се регулира да имаат само жени пристап... Сакам жени да збораме...
Онака ме интересира ако знае некој надлежен. 3 извичници беа дерење,према законите на Фемина. Дали 3 прашалници значи дека некој те фатил в гуша и чека одговор?
И за што ќе правиш муабет? За дилдоата,и позите и ќе употребите по некој вулгарен збор. Читаат и деца,имај во предвид. Или ќе раскажуваш “приказни од креветот”. Нема поента за секс чет/жешка линија/жежок чат на форумов. Ќе се зачленуваат нови ликови,ќе ставаат слики од своите “моркови”. Малку размислете рационално пред да побарате нешто.