Со оглед на тоа дека е женски форум - сосема е во ред да се банираат мажи заради предаторско однесување кон жените. Барем на еден начин прави жените да се чувствуваат поудобно на форумот и да немаат осет "дека некој од другата страна на екранот дрка" на нивните сексулави муабети. Имаме случаи претходно, кај што жени со пишуваат проблеми во сексот, а мажи под нив им стенкаат, офкаат и уфкаат на нивните проблеми. Одвратно е и дефинитивно треба да се преземат мерки за спречување на таквото однесување. Баш никому не е од корист. Е, сега, да се потсетиме и на тоа дека не се сите предатори мажи (иако повеќето сѐ), па не постои причина зошто не би ги заштитиле членките и од жени со предаторско однесување. Само има разлика, од мажи заштитата треба да дојде веднаш, оти јавна соба е доволен доказ дека такво нешто е потребно + е женки форум. Од жени - дефинитивно е потребна заштита ако прави други жени да се чувствуваат небезбедно или нападнато на сексуално ниво. Лично, Вајлд не направила да се чувствувам небезбедно или нападнато до сега, само е напорна упм, ама тоа е мое лично искуство, не можам да релативизирам и да речам дека апсолутно сигурно дека сите жени на форумот мора да го делат моето искуство. Може има жени на кои им пие пораки во ЛП со сексуална конотација, им праќа слики од "долната" или слики во секси долна облека, ги тера да се вклучат во дигитален ролплеј. Не знам, сѐ е можно.
Ако е женски форум тогаш зошто е дозволено мажи да се зачленуваат? Да се банираат сите мажи тогаш или она 'женски' да го заборавиме. Што бидна со останатите џендери, или кога ни одговара сме затуцани жени што седат на посебна маса на слава подалеку од мажите а кога не ни одговара сме напредна Скандинавија? Одлучете се па да се превземат мерки соодветно. Да се знае кој може да се зачлени а кој не, а правилата си стојат и треба да се исти за сите. Не може за едни да важат едни правила а за други - други.
Непримерна сексуална содржина за која ти често се бунтуваш кога доаѓа од машки членови, сега истата ја употребуваш. Нема разлика.
Скандинавските држави се баш од оние држави кои најмногу прават за заштита на женските простори. Тука завршува целата дискусија, оти очигледно ограничено ти е познавањето на проблематиката. Камо да бевме Скандинавија А со она зошто дозволуваат мажи да се зачленат истиот тек ко муабетот на Вајлд го фати. Таа дискутираше како да се одреди кој е жена, а кој не. Види, може ќе најдете заеднички јазик, пробајте малку подружете се во ЛП.
Да, битно не ме прашува за столицата У бити за ништо не ме прашува, и неколку разговори што сме ги имале во ЛП биле ептен "ограничени", па баш ми е... Мех...
Такви арогантни изјави може да ти палат кај некои што не те познаваат, со мене - не. Тука завршувала дискусијата заради моите непознавања на тема која воопшто и не е почната, не ни зборувам за она за што ти пробуваш да пишуваш. Твојата опсесија кон одредени теми е иритантна и нападна, го врти текот на многу теми во погрешна насока.
Теми од интерес има и радикален верник и партиски потрчко, познати и како - pain in the ass пошто губат осет каде се и за што пишуваат од желба да ја протуркаат својата агенда.
Ако @WildMk вознемирува други членки со сексуални пораки како ај да се запознаеме да се сексаме, сакаш да правиме тројка, било што во таа насока, праќа слики од нејзиниот полов орган, апсолутно ќе го добие истиот третман. Сме имале и такви случаи, не дека не. Исто се банираат. Ама тоа што бара чет за секс не знам како е за банирање.