Не, ама навистина не те разбрав. Темата беше во љубовни проблеми, отворена пред години за љубовен проблем. Потоа останала да се пишуваат други љубовни проблеми. Наш пропуст доколку забегала. Ама, ставена е во канта бидејќи има тема за љубовни проблеми веќе секако. За другите совети ти посочија во кои теми може да се побара совет.
Не знаев дека темата е во љубовни проблеми, моја грешка. Само топикот го прочитав и мислев дека стануе збор за општи проблеми и совети.
@RainBow може да додадете опција, да ставеме под никот друго име? Пример кај @Someonespecial e free-minded aesthete. Знам дека само тие што биле или се модератори, можат да го сменат, ама не е фер.
Темата анксиозност како да е забегана од колосек, некој членови многу забегуваат со темата мислат нивен личен дневник е па си пишуваат што сакаат пријавив некој мислења кои врскаа немаат со темата, нема никаква реакција од модераторите.
Пред некој ден. За мене не е ок вака да се пишува и уназад се тераше оф топик дикусијата. Имав пријавено неколку мислења да не ги цитирам сите. Не е ова личен дневник па вака да пишуваме.
Ги средив другите мислења, тоа останало, зборував со членката во лп. Се надевам сепак ќе се реши да пишува во склоп на правилата и ќе најде помош, дали тука во темата, дали во реалноста, сепак, сѐ најдобро. Инаку не е лоша идејата за дневник за анксиозните мисли, да не се оптеретува и темата анксиозност само со секојдневие. Ќе размислиме како да се изведе.
Ако би се забраниле машки да се регистрираат на форумов ќе штиклирам неодреден пол и ќе зборам во трето лице бар во Германија е признаен третиот пол. Ќе бидам тотално анонимус и кој што ми може
Мене од кога бев модератор (пред 4 години) ми е тоа останато и не можам да го тргнам, а би стаила обична „титула“, онака лигаво малце ми звучи сега Па и ников тинејџерски би си го сменила, некако криза на идентитет ме фаќа и не се препознавам со тоа што бев порано на форумов, али тоа е