Е за ова се заканував со тужба. Оти не сакаа да ми го избришат профилот, а сакаа да ме банираат перманентно. Мои си се постовите, не се нивни. И во правилата им стои: Значи не се нивни, ама нема да ги бришат и ќе прават профит на реклами, кои ги добиваат поради бројот на посетители, а бројот на посетители директно се должи на содржината на форумот... која да повторам: Според самите сопственици на форумот, не е нивна сопствност * а тогаш ме иссмевавте, меѓу другите и ти
Не пише дека не се нивни туку дека се оградуваат од изнесените ставови. Не пише ни дека се нивни, ни дека се твои. Остај таа работа, се овде пишано е сопственост на универзумот
Аха.. нека си спијат на тоа уво. Тоа глобални сајтови бришат профили, не пак некој локален во држава со едвај 2 милиони народ Мои се постовите. Твоите, твои. Твои мисли, твои ставови, твои исповеди, твои писанија
@edna_malecka @buba4e89 https://forum.femina.mk/threads/Ние-околу-и-преку-40-години.31242/page-3950#post-5600487
Кој ти е крив што наместо свој блог или своја книга да напишеш, ти придонесуваш за туѓ профит. Реално, да пишуваше свој блог или да напишеше книга, шансите дека ќе беше читана како на форумот се многу мали. Знаеш и сама дека надвор од форумот твоите мислења не вредат ни 5 пари, не вредат и овде за тебе ама барем имаш задоволство што некој те чита, слушната си, советуваш, дискутираш. За беспари - толку.
Општо зборам, од толку луѓе на форумот, сите да имавме блогови и книги, една или две ќе беа познати и читани. Може баш она ќе беше, но шансите се мали.
Јас можам да сменам пасворд,да напишам фјкфекекелвчеке некој ваков,што никогаш нема повеќе да го погодам и логирам,но не е тоа поентата.Има начин за бришење на профили,само не ги бришат ЗОШТО КЕ ПАЃА РЕЈТИНГОТ НА ФОРУМОВ,и бројките драстично ке се сменат,со тоа што ке ГУБАТ НА ПРОФИТ ОД РЕКЛАМИ.Све си има свое,а ако сакаат од СЕРВЕР се брише се што е на ФОРУМОВ.
Во суштина во заблуда сте дека од фб или инстаграм или која и да е соц. мрежа нешто стварно "се брише" Ама да, може да се тргне од јавност. Е сега, мислам веројатно дека сите знаеме подобро од да пишуваме било каде на интернет работи што не сакаме да ги има или да не размислиме дали тие нешта некогаш би ни сметало да се јавни, што знам
Нема потреба од паники, не пишувај повеќе и за брзо време ќе те заборават. Нови ликови, нови мислења, одвреме навреме некој ќе праша за тебе но тоа е тоа. Многу теми во кои имаме коментирано имаат по илјадници мислења пишани во последниве 10тина години. Некој баш твоите ќе седни и опсесивно ќе ги чита, секако. Освен ако некој ти открие идентитет, тогаш мислам дека треба некако да те заштитат.
Јес, така е. И јас така мислам. За идентитет откривање секако, пред сѐ форумот е анонимен. Ама секако не можам да пишам јас живеам на таа и таа адреса (карикирам) и да се лутам ако ме препознаваат, а не сакам. Мислам, муабетот ми е ако нешто не сакам да го има веројатно нема ни да го пишам. Не ради паника да не ме откријат, него, што знам, и онака и во живо не зборувам за работи што не сакам да ги споделам јавно со секого. Е сега се случува да се премислиш нели, ама арно викаш, дистанцирај се и секако ќе те заборават.