Ако правиш профит на приказни за мене, тогаш, да... имам основа да те тужам. Ако си трапараш така рекла-казала, нема основа Терај слободно, не те тужам
@WildMk Којзнае какви инкриминирачки слики има од тебе чим вака меѓу редови ти кажа...за да те заплаши
На вајлд постовите се нешто како колумните на трендоленд и колумните на Венко андоновски. Она има за три години напишано 22,500 некаде постови кои се доволни да се соберат и да се издаде книга. Пошто фемина има право на мислењата од вајлд они го зимаат колачот од продажбата на таа книга.
Нека си отвори блог, кој ја спречува. Нешто што е само нејзино, никој нас не не' тера да пишуваме тука, сеедно квалитетни или неквалитетни мислења.
Размислуваме нешто налик на ина многу фина на фб да ја лансираме ама да биде ВајлдВајлдВест нејзиното име и ќе обработува од секоја тема содржини зашто реално од се се разбира и секаде ја има.
Oh dear lord, шо стори морe @WildMk , шо им тури во пијачките? Ај не драпај колчишта, седи мирна, да може догодина за феминка да те изгласаат, јер банирана нече мочи
Аммм, за три години да пишеш 20к постови, може и треба да посакаш да те банираат, напротив услуга ќе ти направат.
Да те поправам 23.000 или рачунав тоа се 20,5 посто во просек секој ден.Тоа е талентираност и придонес за овој форум.Јас ако ништо друго ќе и дадам една ''златна феминарка'' за придонес во темите и зголемување на продуктивноста на форумот
Па не е талентираност, повеќе е нешто друго, ама ај да не навлагам. Што знам, убаво е и надвор да се види што има Како и да е, оваа година, треба она да победи на изборите, сепак е најпосветена од сите членови.
Јас сум нов на форумов,какви се тие избори? Дали има категорија нови откритија па да се надевам и јас на некоја златна феминарка... Е што има надвор?Корона.Карантин е дома се седи.
Ќе ве молам, да не ме дебатирате. Коментирајте ги ставовите на темите, а не членовите кои ги пишуваат.
Лошо си пресметал. Има теми кај што не се бројат мислењата...АМА ...сериозно?!? Што ви е бре луѓе? Короната ве исфрлила од колосек?!
Читам на интернет ќе се води борба против виртуелното злоставување. https://m.mkd.mk/makedonija/razno/n...deka-kje-vi-objavat-goli-fotografii-i-navredi Дали се планира тоа и тука? Дали се поддржува? И, дали ќе биде за сите или за сите освен некои "бенефицирани"?
Ова е конкретен проект на СВР-Скопје и Црвен крст. Форумот нема врска со него. Ти као поединец, било каде на интернет ако наидеш на некаква форма на вознемирување треба индивидуално да си пријавиш на бројот или меилот кои се објавени во веста На телефонскиот број 071 30 30 11 може да се јавите и да пријавите или да раскажете случка што ве вознемирила или повредила, која се однесува на вас, но и на ваш близок. Од другата страна на телефонската линија ќе ви одговорат лица што се специјално обучени за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка. Ако не сакате да зборувате и полесно ви е сѐ да опишете преку пишан текст, може да испратите мејл на mladi.kiselavoda@redcross.org.mk.
Зашто не функционира опцијата не ја надгледувај темата, кога повторно стигнуваат некакви известувања дека некој ве цитира? Нели ако се кликне да не се надгледува не стигнуваат такви известувања или јас сум грешка нешто?
Па не, ако не ја надгледуваш темата не ти стигнуваат известувања другите што пишуваат во темата, а ако те цитираат ти се појавува известување.