И јас еднаш ставив слика од нет, од сајтот од каде што порачав и пишав објаснување за производот, ама го избришаа божем лажам. А само не можев убаво да доловам со камера. Значи за некој друг можело така, не знаев.
Знам за која членка станува збор бидејќи јас го пријавив двапати и не ургираа. Пред неколку месеци беше ова.
Секогаш бришеме кога има пријавено слики од интернет во темата. Е сега, иако некогаш ви стојат дека сликите се од интернет некогаш можеби и не бил таков случајот. Исто, ако се сликани работите, а потоа има слика од интернет за појаснување кои се, или како стојат, исто не се брише зашто веќе има лична слика ставено.
Со оглед на тоа дека многу пати имам пишувано,ќе ми се фрлите како гладни глувци у сред дебата ова ќе го напишам последно за тоа какви сте сите. Ќе се убаците у сред дебата како диви на модна писта, со вреѓање со сите салтани, омаловажување и сите други глупости. Провокации,ау па што беше тоа да не прави муабет. Омаловажува и понижување најјака страна, навреди, навреди Никој не е должен да ве трпи и секој не треба да ви ќути. Кога ќе врати крив е, крив е мора да ќути и да ве трпи. Овде не вреди да седиш. ТОЛКУ ме имате понижено,вреѓано супер победивте сите. Јас го напуштам овој форум,мене не ми треба негативна енергија собрана на едно место. Не ми треба некој да ме понижува кога ќе возвратам на навреда и да бидам виновна за тоа. Јас многу пати во разговор со Реин побарав правилата да бидат еднакви да се банира при упатена навреда,а при возвратена!!! Секогаш Бубаче виновна,дрска,груба, да припазела, секогаш Бубаче кривецот. Абе како не ви е срам, како се осмелувате само јас не знам. Како можете да се правите слепи на пуштени провокации и навреди од други членки. Како само се правите малоумни? Слободен ви е форумов, се што сум зборела сум испаднала во право, сите ќе си легнете на брашното. Слободно можете траен бан да ми ставите, ќе си останете со трули гнасни души во себе,ќе замижувате пред правдините. Мене некој да ме понижува и да ме прави будала повеќе не дозволувам. Повеќе не дозволувам и нема да се појавам на овој негативно токсичен форум. Господ е голем, засрамете се!!! Смејте се колку сакате,ми е гајле. Вас тоа ве исполнува да се обвини и понижи некој кој не е виновен. Сама ќе се испратам, знам каде е вратата.
Долго време се мислам да пишам и ова, а и имам спомнато во темите. Дали некој ги надгледува темите гатање и баење и магии? Како што знам тие теми треба да се од забавен карактер, чисто за забава да се споделуваат искуства, интересни приказни. Порано овие теми ми беа омилени, не дека сум суеверна, напротив верувам во наука но ми беа интересни за читање од забавен карактер. Сега темиве се станати како огласник, барам гатач, барам бајач, и што е најтрагично се објавуваат лични мобилни броеви од луѓе. Дали е дозволено ова на форумов? Секој нека си верува во што сака, немам проблем со тоа, ама зарем темиве се за тоа да се објавува?
Ама и тие греота се форумов е место за реклама на бајачи.. Гатачи... Гандалф и Хари Потер. Барем да се остави и број од тој што го глуми Менталист. Баш го бива.
Бајачите се маргинална група, остајте ги сега на раат. Од кај па ние знаеме, може се спонзори (*пробав со озбилно, не оди, може вака ќе упали )
Или, ако имате сопствен бизнис, пишете во темата за гатање ваш број. Кога ќе ви се јават, понудете го производот/услугата.
Баш ова се замислив пред малку. Си викам, what if, некој остави намерно твој број и цело време те малтретираат луѓе што мислат дека си исцелител и едвај чекаат да им кажеш иљач за реума, рак на тестиси и мочна инфекција. А после си викаш, money babyyy
Профитабилно, ко ќе пораснам сакам да сум гатачка. Туку добра ти е идејата, ако те нервира бившиот/бившата да го пишиш бројот. (Не правете го ова дома).
Јас сакав да сум Пастор. Да одам по оние градчињана во Америка, во тие затуцаните земји, Аризона, Кентаки, Мисури, и да "кревам" луѓе од инвалидски колички со она: "God, give this poor soul mercy. Alleluia, Alleluia, Alleluia!" и да собирам пари во шешир од публиката. (и ова не го правете по дома)
Заминавме офтопик ама тоа не го менува фактот што се рекламираат броеви, имиња, презимиња. Не го менува фактот дека пола правила на форумов се прекршуваат секој ден.