Биди сигурен дека од гатачи и бајачи не лапкаат пари.. А колку пати сте ги пријавиле пораките со броеви од гатачи? Додека бев модератор знам дека одма се бришеа по пријава, но Реин не е сонце за секаде одма да изгрее...
Дали некад вака као ќе остаите некој да се изрази ко шо сака без да е под влијание на вашето западистичко wannabe либерално али ипак затуцано балканско влијание? Што следно ќе направите, ќе ме запалите на клада ли?
Пријавувајте кога ќе видите телефонски броеви споделени. Ги избришав постираните и ставив во воведот дека не е дозволено да се споделуваат телефонски броеви.
Зошто не ги ставите на почеток на сајтов правилата на форумов, исто како Камелија коа освои награда? Пример пишете "пишувајте кирилица" тоа правилно скоро ич не се поштува.
Дали смее некој да има против кампањата #СегаКажувам на форумот и тоа да го изрази или сите што мислиме спротивно од @WildMk ќе сме банирани? Ако добијам бан, тогаш треба и @Celltica да добие бидејќи во истата тема ме навреди дека се срами за мене (туѓ срам чувствувала). Јас сум нова на форумов и стварно не ми е јасно како наместо да се дискутира нон стоп ликови како Вајлд инсистираат на бан поради спротивни мислења.
"Без осуди, без предрасуди, без срам, но и без злоупотреби". Ова е дел од воведот, јас зборувам за злоупотребата на кампањата. Или?
Ниту сум пријавил, ниту ќе пријавам. Пријавувањето не е толкав проблем колку самите такви теми. Има теми... Психолози... Психијатри... Естетика за нос... Уши... Лек за хемороиди... Самите тие теми додека бараат одговори и помош некои членови... Добиваат јавно имиња и броеви на темите наместо да си ги решат работите во ЛП. Тоа треба да се напомене. Зошто овде кога ќе споделиш број.. По автоматизам сите членови го имаат тој податок. По мое тие теми се најкритични со ширење броеви. Правила има од 2009 година и баш се јасни. Неколку пати сум ги прочитал. Нема некој што не прекршил некое правило. Највеќе од нас како членови зависи каква каша попара ќе напрајме во темите.
Затоа постои концептот на модератори и модерирање на форум. Само во случајов: Колку пари-толку музика.
Само јас гледам различно на објавен број од гинеколог и од бајач или што е работава? Значи гинеколог, психијатар, фризер е како да кажам легитимна професија, регистрирана, регулирана. Гатач, шознам Иначе еднаш имам споделено број од фризер во лп, ваљда сум сметала дека не е од интерес на сите.