Зошто е @DAngel банирана на цел месец? Не ми излегуваше за таг у search, ја пребарав темата за банирани и видов. Само да не ми кажете дека е поради членката со деветките.
Немате ли некое правило за кирилица на форумов, оти некои се очобол да ги читаш, на пример таа со 9ките. Мислам некои се очобол и мислењата да се на кирилица, ама на латиница па ептен. И до кога се планира да се толерираат очигледни тролови на форумот? 100 пати се пријавувани, мислења им се бришат некогаш, ама очигледно е дека тролаат.
Значи ради неа е. И тоа грешка после 51665151 провокации од деветките, спам и тролање. А неа ја банираше?
Ќе ја банирам кога ќе има причина, тоа што некој мисли дека трола не е причина. Како грешка по провокации? Намерно испратила линк за да открие нечија ип адреса. Дали е важно чија е? Или ако беше на некоја популарна членка тогаш ќе имаше страшни реакции како можело такво нешто да се случи? Не е поради никој банирана, банирана е поради тоа што го направила и ништо повеќе.
Јас ја почитувам Дангел, иако не се согласуваме секогаш со неа, но ако дозволите ова да помине со едномесечен место траен бан, правите голема грешка. Како се заштитени сите членови тогаш? Што ако се повтори пак по еден месец, а тогаш никој не пријави? Ова ако не е црвено светло, не знам што е.
DAngel е една од најпаметните и најелоквентните членки на форумов и истиот ќе изгуби многу ако е трајно банирана. Башка, ИП адреса стварно ништо не значи, информирајте се.
А-у, ендемски вид е, нема такви веќе. Што нема да прочита човек, жалосно. Ништо не е ип адреса? Ај денес ип пратила, утре може некоја друга информација, кој гарантира дека нема да е така? Ама најпаметна е, не ја испуштаме по никоја цена.
А ако е таков хакер нема да направи друг акаунт и да те хакне од тој, или без акаунт? Ич не сум познавач на технологија и ИТ срања, ама логично е. Мислиш позаштитена ќе си ако е банирана? Да, in my opinion, една од најпаметните. Или ти смета, па подобро да не може ич да ти реплицира?
Ама што сака нека прави, си има надлежни овде што треба да следат ситуација, не е моја работа. Само ти се глупираш.
За да прашуваш. Не може човек да не пише на такви небулозни тврдења како твоите. Плус, член сум на форумов и битна ми е безбедноста и заштитеноста на моите податоци на истиот.
Аманте бе, ебала ве IP. Ништо и никој не ви може преку IP. Има други програми ако некој сака да ве хакира. И, зошто некој уопште би сакал да ве хакира?! Јелени Карлеуши да не сте? Значи дајте луѓе, аман заман. Не е физички, ниту технолошки изводливо ова што го пишувате, ама стварно. Прашајте кого сакате. @RainBow Не сфатив сега, Анѓа е банирана или не е? Не можам да читам 10 страници.
Они ставаат слики у темине за модни критики без цензури на лицата нивни (со чест на исклучоци) и слики од децана нивни, за ИП плачат тука. Комедии сте, на форумов никогаш не е досадно.
Ајде не се глупирај. Колку попаметни членки не пишуваат, па ете на форумот ништо не му е. Без секој се може, една паметна си оди, друга уште попаметна доаѓа и така