@Peanut Butter @Acronia Вие две како тазе членки многу добро ја познавате баниранава членка. Не ви е место во темава, има други теми за вас на располагање ако стварно сте нови.
Значи би било ок тогаш некој твојот идентитет да го открие пошо некој си таму ставал слики во модни критики? Едно е некој своеволно да стави слика, сасвим друго е коа некој влага у филм дека е хакер само зашо не се согласува со нечие мислење на форум.
Провоцирала, за тоа заслужува привремен бан, ама јас одговарав на тврдење дека Дангел РЕАЛНО ја загрозува приватноста на членовите.
Еве јас искрено за мене ќе си одговорам. Дангел ми има оставено најдобар впечаток на исклучителна личност и ги читам нејзините мислења, затоа сум оформила такво мислење. Што се однесува до темата дали е за мене или не, јас претпоставувам дека ако можам да одговарам, значи ми е дозволено, нека ме поправат модераторите ако грешам. Патем, ако си подолго на форумов тоа не те прави попаметна.
Ако мислите дека ИП = идентитет тогаш немојте воопшто да се вклучувате на форумот, зошто секако ви ја регистрираат секоја адреса од која се најавувате секогаш, како и секој форум Не навлегувам дали било на Анѓа правилно или не, ама намалете со паранојата малце.
Не е океј секако, никаде не реков дека ја подржувам банираната, ама и 999 треба да биде банирана поради многу провокации и навреди по некои теми. Не знаеме што довело до таа расправија меѓу нив две. И веќе е објаснето ова со ИП.
Не, никој не го мисли тоа, само се многу смешни жалопојките за обесправената дангел која е толку елоквентна, паметна и најчитана, но не знае да се справи со рандом досаден лик на форум кој има поинакво мислење па као ќе открива ИП адреса. И мене таа членка ми е досадна, исто ко и некои други па не влагам у филмови да им барам ИП адреси него ги скокам.
А кај тролала членката? Тоа што тебе не ти се свиѓаат нечии мислења за вакцини не е причина да ја банираат.Што си мислите некои од вас, што сте на форумов?Надлежни за кажување која да биде банирана а која загреота што била банирана само зашто ви е другарка?
Зошто сѐ врзуваш со вакцините? Конкретно јас ја пријавував во други теми, зошто буквално го упропасти цел тек на темите. Пример темата за ИТ.
Од кај па сега за вакцини? Човече, не сум ја ни читала таму. Се најдов затекната на конкрената ситуација и исклучиво истата ја коментирав. Така да намали со заклучоците.
Затоа што таму ве читав, убаво се сеќавам. Од кај заклучи ти дека спамира? И зошто да биде прифатливо некоја членка да праќа пораки со намера да открива туѓи идентитети од причина што била "квалитетен член"?
Па јас кажав убаво дека не навлегувам што било со ДАнгел. Не ни можам кога не сум била дел од тоа. Ни во едно мислење тоа не го пишав. За вакцините, имавме спротивни мислења и никаде не ја пријавив. Ама во ИТ темата беше буквално тролање, мислам ја избришаа. И уште неколку теми има така вадено од контекст. Јас сега ја игнорирам секако, ама не е ни само таа, значи неколку членови има кои очигледно тролаат. Ама форумот си знае. Може па им одговараат такви членови, од кај да знам.
Не читам во ит од корона ја памтам. Нема везе ни кај сум ја читала, туку поентата беше двојните стандарди.
Па ако има двојни стандарди, тогаш дефинитвно се од форумот, зошто памтам дека членки имињата си ги кажаа тука на форумот само што се зачленив, па никому ништо. Не памтам кои беа членките инаку сите ми беа нови. А ние членовите секако ќе имаме свој став, и секако дека ни е битно од кои членови е составен форумот. Пример, ти си супер член за дискусија според мене, ама ако ти си една, а има на секоја како тебе десет како 9ката, сигурно нема да доаѓам тука со 9ките да дискутирам. Пак ќе речам, не се однесува само на Анѓа и 9ката, мислам на генералниот впечаток на секој еден за форумот. Секако, никој не нѐ држи врзани тука, ама верувам на секого му влијае тоа какви членови има на форумот за тоа дали воопшто да се најавува или не. Едит: Не дека тоа ќе влијае на одлуките на форумот, ама чисто опсервација
И јас многу убаво се сеќавам каде читав. Леле, дали сериозно мислиш дека си смислив нова дефиниција за спам и тролање, врз основа на спротивни мислења од моите? Па со пола форум не се согласувам, а не сум кажала дека спамираат или тролаат. Еве ќе ти повторам, бев тука кога беше конкретниот проблем. Членката ја измести темата од колосек целосно и по проблемот спамираше у секоја, апсолутно секоја друга тема, наместо да се обрати на правото место. Плус што тоа не е единствена тема која поради неа завршила така. Темата за вакцини, апсолутно нема врска со ова. И да имало нешто таму, не сум била тука. Останатото беше во контекст на паранојата дека Анѓа ќе следи ип адреси! Пошо нели, си нема друга работа.
Имала или немала друга работа, нема право да проверува туѓи ИП адреси. Обичен член е. Ако секој прави што сака, до каде ќе се стигне? Постапките кажуваат многу повеќе од пишаното погоре. Апсурд.
Што сум пропуштила? Дали вистина ИП е личен податок и според кој закон? Дали вистина била откриена ИП адреса? Колку Џен има на форумов, ајде да кренат рака