Не знам што било. Видов дека една членка се жалеше на сите теми дека откриен ѝ е идентитетот преку ИП (?) и дека е хакирана. Си знаат од форумот што било. Инаку какви линкови секојдневно ми стигнуваат на мејлови, не е лошо да си повториме дека линк што открива ИП е најмалку нешто што може да ти се деси ако кликаш на свашта што ќе ти пратат
Дојде едукатор за да не просветли што е ИП, оти после толку години користење интернет, не знаеме. Браво за тебе Абе што е битно што е ип на крајот од денот, битно е само дека не е ничија работа да споделува БИЛО КАКОВ ПОДАТОК поврзан со друг член на форумот. Ете тоа е поентата на муабетот.
Каде јас едуцирам? Само прашав. Прашав дали ИП по некој закон е личен податок, пошто не знам како е во МК. Прашав и дали било споделено ИП. Кој каков податок споделил со кого? Ај да проверам уште еднаш што пропуштив...#проверува- Некому бил испратен линк
Колку има такви што сакаат да се плеткаат во туѓи животи, значи чудо едно! Да можи дома ќе им се напикате на сите, да видите шо им е - како им е. Ако секој си се занимаваше со сопствениот двор, многу работи ќе беа поедноставни... ... ама не се...
Јас колку што ја памтам ситуацијата, линкот беше наводно пратен кај членката во порака, не споделуван меѓу членови на форумот. Како е точно, не можам да тврдам. Админите сигурно провериле за каков линк се работи и дали стварно води до откривање ип адреса. Или пак што знам. Затоа што ДАнгел тогаш пиша дека не е вистина, поточно дека не и открила никаква ип адреса. Како е точно, си знаат у администрација.
Само од кој град си се дознава по ип? Само? А ние што пишуваме од планинско село во Мк а се кажуваме во странство немаме ли право на приватност? Сериозно, ип или било што поврзано со идентитет очекувам од некои членки. Од ДАнгел не очекував, ме изненади.
Мене не ме изненади... оти уште кога се зачленив на форумов, 'се дружев' со група членки меѓу кои ДАнгел и тогаш ко на смеа- на шала рече: Кој сакам можам да го дознаам по ИП
ИП е еден вид идентитет. Ај сеа да не се праиме мутави... Сега повеќето (ако не и сите) ИП адреси се динамични ама... некој кој е добро поткован може да дознае во одреден период кај кого била доделена одредена ИП адреса и со тоа да се отркие идентитетот на личноста т.е адреса на живеење. Ако ова ви е ок, ондак у реду Ама... мислам дека не ви е, туку си ја браните другачката, и притоа правите мајмуни од себе. Ама, вие си знаете. Друго... дали некој споделува слики од себе, дете и штотијазнам не е оправдување некој друг да споделува приватни нешта за истиот. Пошто... секој одредува колку ќе споделува на форумот и тоа треба да е одлука на членот, а не некој друг во негово име да споделува било какви податоци за него. simple as that
Замисли на крај испаѓа и пратила линк од what's my ip или некој сличен сајт. И аман, не кликајте сомнителни линкови што ви ги праќаат сомнителни особи... Имаше една поговорка нешто со љубопитноста и мачката.
Многу сте слатки вие што ја браните членката, ама многу, а и @RainBow. Да беше некоја друга членка во прашање ке ја шиканиравте и те како, а и ке добиеше траен бан што и заслужува. Баш сакам еден ден податоци лични за вас да изнесе можеби пак ке ја браните, вакви како вас и во реален живот се . Зошто не и удрен траен бан? Сега споделила ип адреса, немој сега да рипате што е ип бла бла небитно е, утре ке сподели нешто друго. Недопустиво е вакви членови да имаат пристап до форумов. Читам смешки паметна била, па што дека? Има икс други паметни членки, ке дојде и некој попаметен и пак никому ништо, сеедно. Битни се постапките, а не дали е нов, стар член, паметен или не е сосема сеедно. Вакви работи не се решаваат со краткотраен бан. Најдолно и најкварно нешто што може да се направи на еден форум. Продолжите да аминувате вакви пиздарии...
Како прво има разлика од тоа што ѝ пратила ИП во ЛП, а не споделила јавно. Факт е дека се битни постапките и единствено постапките. Факт е и дека ИП адреса не значи ништо макар што и да значи, никаде не била споделена. А тоа дека е паметна е мое лично мислење, се извинувам што го споделив во темава, очигледно многу боде очи. Да расчистиме, не викам дека треба да има привилегии затоа што (in my opinion) е паметна, туку сметам дека не заслужува бан затоа што не споделила ништо. Значи, по втор пат, тоа дека е паметна беше вишок.
Дали може да игнорираш мислења на член само во одреден подфорум? Не на цел форум. Ок си е членката, само во одредени теми не можам (не сакам) да и ги гледам мислењата…
Два, три дена ме нема и боом некој дешавка. Богами и на анонимен форум човек раат не може да се вклучи. Двојни аршини на форумов, стандард како и секогаш. Ова заслужува перманентен бан, без разлика за кој член и да се работи, а да беше некој друг член сигурно ќе добиеше перманентен бан за ова, гарантирам. Некој членови тераат на темите со оф топици по 10, 20 страни, некој теми и целите се и тотален промашај веќе не се знае која тема за што се дискутира од оф топици, мене секое мислење што било надвор од темата ми е избришано ама не сум се бунела и нема да се бунам зошто не ми е ни гајле искрено, ама двојни аршинии дека има, има.
Дангел воопшто не е привилегирана, напротив била банирана многу пати. Конкретно оваа ситуација не е образложена баш убаво за да се заземат страни и да се суди вака без целата слика. На пример, сега пред некој саат кога Дангел направи нов профил за да си ја каже нејзината страна беше експресно банирана, побрзо бришење на мислење немам видено на форумот. А не сум ни изненадена, ни прва, ни последна глупост на форумот, останав овде само заради една тема што ми е важна другото е за тепање досада.