Леле, што ви е? Од А, цела азбука си направите како по обичај. Каде изнела податоци, со кого споделила ип адреса? Од каде знаете дека стварно воопшто ја дознала адресата? Од каде знаете за каков линк се работи? Дозволуваат да се пишува свашта, а ДАнгел не е ни тука и не може да каже ништо во одбрана.
@Bridget па не се дознава само локација, туку и провајдер и тоа е отприлика, барем јас тоа си го гледам на what's my ip. Затоа да не се расправаме многу на форумов, утре некој ИП ќе ни најде, тебе ќе те дознаат за селото, мене дека сум на нискобуџетен провајдер место на оптика, џабе глумење госпоЖи после
Сигурно не ја банирале без причина неколку пати. Не сакам да напаѓам никого, ама правилата ако веќе се применуваат треба да важат за сите подеднакво.
Кажи да, едно од правилата е да не одговараш само со емотикони. На сериозната страна, ДАнгел и нов јузер за да се објаснува, ако имала прилика за истото? Плус експресно избришана, личи како да немала. А сега ми е уште посомнително, дали воопшто админи провериле за каков линк се работи.
Нема разлика дали ја споделија јавно адресата или не. А муабетот дека е паметна воопшто не боде очи туку боде конотацијата, демек најпаметна е и не треба да добие перманентен бан. Бидете прави другарки и пренесете и го ставот.
Не било без причина секако. И јас сакам да важат за сите ама не важат затоа и повеќе не ми е важно, коментирам каде сакам и што сакам, ако добијам бан нека.
Се си мислам дека what is my iP бил линкот. На сериозната страна, Анѓа знае да биде дрска ама не е глупа да се компромитира ради рандом членки од завчера. Кој што став да пренесеме?
Ако е точно. тоа е казна за траен бан на секој можен форум во светов. Инаку одамна пишувам дека секој треба да побара и добие образложение за банот јавно на форум.Не по пп. Така вакви дискусии ќе се водат меѓу управата и членот.
Аууууу, ова е гледање во сопствениот двор или трач рубрика? И јас му реков на маж ми дека ќе го убијам ако уште еднаш ми остави ронки на масата, шо треба, полиција да викне?
Форумот треба да има катче каде банирани членови ќе може јавно да добијат образложение од модераторите зошто имаат бан и каде што ќе може да ја изнесат својата страна. Демократски ако е. Ама пошто е приватен форум, шо сакаат ќе прат. Од искуство.
Не мојш да се бориш. Ти бришат постови, ако се жалиш јавно. ... на крај бан ќе ти стегнат на цел форум.
Сакам само да ја доразјаснам работата со Dangel, која е банирана перманентно. Откако беше банирана привремено плус правеше профили за тролање, кои исто така беа банирани. Имаме докази дека испратила линк за откривање на ип адреса на членка. Значи, во порака го има испратено линкот на членката, за потоа таа да кликне на истиот и дангел да добие повратни податоци за ип адресата. Точно, ип адресите повеќето се динамични, но дангел сакаше да го дознае градот на членката зашто беше убедена дека е една друга, што не беше случајот. Банирана е перманентно, осудуваме вакви работи за откривање на било какви податоци и навистина се надеваме дека нема да се повтори, банот ќе е перманентен.
А кој треба да е ниво на форумот членката што на таков подол начин сака да дознае податоци за друга членка? Форумот си е таман без такви кварни ликови.
Нормално дека се потрудила да се зачлени пак за да каже своја верзија, како што направив и јас еднаш кога бев банирана ама не ми го одобривте новиот профил. Од каде заклучокот дека направила нов профил за тролање?
Извинете ама како можи да се банира некој трајно без да се остави да ја кажи својата страна од приказната? И како знаете дека новите профили се правени за тролање? Не е прв пат да се банира некој без да се изјасни претходно. Мене многу глупаво ми изгледаше тука кога сите оговараа што било како било а банираната членка не можеше да си го брани името. И сега откако сите го фатија сеирот излезе некакво си објаснување што се случило наводно (а не знаеме точно пошто сето тоа по лп се случувало). Не застанувам на ничија страна ама очигледно немаат сите ист третман тука...
Знаеме дека беше за тролање зошто пишуваше тролачки мислења од тој профил, затоа. Нема потреба некој да ја кажува својата страна од приказната кога има неспорен доказ дека приказната е таа. Кога се праќа линк на некој за подмолно да се дознае каков бил личен податок, едноставно нема друга страна. Уште маскиран линкот во пораката, искрено се чудам на вас што го оспорувате ова. Затоа пак велам, да беше таргетирана некоја позната членка немаше да има вакви постови, толку е едноставно. Цврсто стоиме зад нашата постапка и тврдиме дека е така, доказите ни го покажуваат тоа.