Аман Реин, човек ќе убиеш па имаш право на одбрана. Ама не, пошо нема потреба од тоа и има неоспорен доказ. Не е споредливо, него чисто да видиш колку глупаво звучи. Немало потреба од објаснување. Свашта!
Каква одбрана е потребна кога си пратил линк да дознаеш некаков податок? Фактот е дека линкот е пратен, не знам што не е јасно навистина. Секогаш колку сите се заземале за приватноста, секогаш на сите им била на прво место, а сега треба да чекаме некој да објасни зошто пратил линк? Линкот е пратен, тоа е доволно, верувам и на повеќето членки кои секогаш се заземаат за приватноста тоа им е доволно, а и така треба да биде. Исклучок нема да правиме секако.
Да бев толку упорна во животот, како што DAngel прави акаунти, ќе ми имаше повеќе смисла и убавина. Свака част на нервите на оние што ја бришат. А и свака част на слободното време на горенаведената искористено во креирање на нови акаунти. Зарем толку форумот влијае на животот на обичниот смртник?!?
Хм, иако ги почитував мислењата на Дангел, не можам да најдам начин да ја оправдам нејзината постапка, која инаку не ме ни изненадува. Размислете малце за biasot кој го имате. Загрозила приватност на членка, и тоа е тоа, нема друга страна.
Џабе тука ја браните. И ај вам да ви се случи, нема да отворите линк? Која и да е членката, имала право што споделила.
И јас се согласував со многу од нејзините мислења. Но не можам да ја оправдам за ова. Секој член заслужува приватност и не смее да се чепка по неговите податоци. Убаво е што членката, која и да беше, пријавила. Вакви работи заслужуваат бан и за тоа не смее да има пристрасност.
Дангел нема да ја коментирам, она си знае. Ама една јака информација е ИП адресата, гаќи да ти се стресат од страв Еве јас бев во Ниш ама ИП адресата ми покажуваше дека сум во Делчево А баш пробував да видам како ќе ме дава пошо нели новитетите за роаминг во западен балкан се однесуваат и на користење на интернет А и онака да кликнете на 5 различни линкови за ИП ќе ве даде на 5 различни места особено ако сте на А1 Така да..леле мајко ...ја открила земјата во која се наоѓала членката, а може ни тоа.. богами ако лаже на форумов дека е во Босилово а она е во Свирипичино и треба да ја разоткријат.. некои ќе се соживуваат со членките а они лажат сушат.. Имаше една порано со драматични раскази тука, да се соживееш со неа мислиш Шекспир е...па дешавки опишува па животот и беше позабавен него ли на некоја балканска дива
Како и да е, треба да ти многу мизерен животот за по анонимни форуми да откриваш луѓе по ИП адреси. Искрено имав некое добро мислење за ДАнгел ама постапката воопшто не и ја оправдувам. Анонимен форум е, што е важно кој е што е. Важно е вие да знаете кои сте и како се претставувате.
Јас сфаќам дека ИП не е ништо специјално, ама во исто време не било зор. Самата цел да се дознае нечиј град на живеење е... неубаво.
Еј, не... ова преку пребарувач е. Сафари, конкретно. Инаку, веројатно сум мислела на тоа дека воопшто не отвараше тогаш од мобилен пребарувач.